Македонските транспортери нема да плаќаат такса за Косово

Од денеска, па во следните три месеци македонските транспортери нема да плаќаат такса од 100 евра за влез на Косово.

Косово го прифати предлогот на македонскиот министер за економија Сарачини да се пролонгира рокот на воведување на административна такса за камиони за влез во земјата.

Во тој период двете страни треба да се договорат дали ќе има либерализиран превоз или пак Косово сепак ќе воведе одредена такса за влез на транспортерите од трети земји.

Од здружението „Макамтранс“ велат дека ќе ја поддржат секоја одлука на владата, дури и ако македонските власти воведат реципроцитет на мерката.

Во тој случај од „Макамтранс“ велат, транспортот на стока кон Косово ќе поскапе за 100 евра и тоа на штета на косовските стопанственици.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер