Македонските ракометари против трофејната Франција по сензација за Мундијалско 1/4-финале

Машката репрезентација на Македонија вечерва во Вараждин против големиот фаворит за медал Франција ќе го одигра последниот натпревар во втората фаза на СП 2025.

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик на Светскиот шампиона. Црвено-жолтите вечерва од 20-30 часот против големиот фаворит за медал Франција ја завршуваат втората рунда натпревари на Мундијалот чии домаќини се Хрватска, Данска и Норвешка.

По одличните игри и резулати на претходните пет средби, две победи, две ремија и еден пораз избраниците на Лазаров во последниот дуел од втората фаза влегуваат со теоретски шанси за пласман во големото мунијалско четврфинале.

За пласман меѓу осумте најдобри на светот, на македонските ракоматери им се потребни три чуда.

Прво црвено жолтите не смеат да загубат од популарните триколори, но за освојување на второто место во главната рунда потребни се и резултати во наша корист на дуелите Холандија – Австрија односно Катар Унгарија.

Унгарија и Холандија можат најмногу да ремизираат или, пак, да загубат против селекциите на Катар односно Австрија, или Унгарија да загуби, а лалињата можат и да ремизираат против Австрија.

*Ако ја победиме Франција, треба Холандија да ремизира или загуби од Австрија, а Унгарија да ремизира или загуби од Катар.

*Ако ние ремизираме со Франција, а Холандија и Унгарија загубат од Австрија и Катар, во тој случај ќе решава гол-разликата.

Но без разлика на епилогот на денешните средби, нашиот подмладен тим на Мундијалот покажа дека Македонија има квалитетни ракометари достојни за надигрување и против најсилните и најдобрите, ракометари кои во иднина без проблем ќе ја продолжат нашата низа на учества на големите натпреварување.

Презадоволен од игрите на Македонија е и првиот човек на федерацијата Живко Мукаетов.

Инаку пред денешната програма Македонија е на делба на третата позиција со Холандија со по четири бода. На првото место со 8 бода и со обезбедено четвртфинале е Франција, пред Унгарците со пет, а нашиот предводник и капитен феноменалниот Филип Кузмановски и натаму е на првото место на листата на најдобри стрелци на Светското првенство со 41 постигнат гол во пет меча.

Средба на министерката Божиновска со претставници на ММФ

Средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)

Тековните економски состојби и идните проекции во енергетскиот сектор на земјава беа тема на дискусија на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефицата на мисијата, Анет Кјобе.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Божиновска, министерката ја истакна важноста на соработката со меѓународните финансиски институции во процесот на енергетска транзиција и ги истакна напорите на Министерството во спроведувањето на реформите насочени кон одржлив развој на енергетиката, зголемување на енергетската ефикасност и промоција на обновливите извори на енергија, како што е Ветерниот парк Богданци, кој обезбедува значителен дел од зелената енергија во земјата, се пример за успешна имплементација на обновливи извори. Таа нагласи дека овие активности се клучни за економскиот раст и стабилност на земјата.

Шефот на мисијата на ММФ, Анет Кјобе, ја пофали посветеноста на Министерството во спроведувањето на енергетските реформи и изрази поддршка за понатамошните активности. Таа истакна дека ММФ ќе продолжи да ја поддржува земјава во нејзините напори за постигнување одржлив економски развој.

Двете страни се согласија дека зајакнувањето на билатералната соработка и координацијата меѓу институциите е клучно за успешно справување со енергетските предизвици и постигнување на стратешките цели во оваа област.

Рубио им се заблагодари на ОАЕ за „силните и трајни односи“

Рубио денеска во разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан се заблагодари на таа држава за „силните и трајни односи“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан се заблагодари на таа држава за „силните и трајни односи“ обележани со силни економски врски, соработка во областа на одбраната и заедничките интереси на полето на регионалната стабилност, соопшти денеска портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.

Темите на состанокот ги вклучувале вештачката интелигенција, Појасот Газа, Сирија, Либан и Црвеното Море, кое беше место на напади на јеменските бунтовници Хути додека не беше постигнато примирје во Газа, додаде Брус.

Засега нема официјални изјави од ОАЕ, за што разговарале на средбата Рубио, шеикот Мохамед и шеикот Абдула бин Зајед ал Нахјан, министер за надворешни работи на ОАЕ. /MИА

СЗО: Масовната вакцинација на децата во Газа против детска парализа ќе продолжи во сабота

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека во сабота ќе продолжи масовна кампања за вакцинација против детска парализа во Појасот Газа, со цел да се вакцинираат повеќе од половина милион деца.

„Сегашната средина во Газа, вклучително и пренатрупаноста во засолништата и сериозно оштетената водоводна и санитарна инфраструктура и инфраструктурата за одржување хигиена, што го олеснува фекално-оралниот пренос, создава идеални услови за понатамошно ширење на полиовирусот“, се вели во соопштението на СЗО.

Се додава дека големите движења на населението поради сегашниот прекин на огнот најверојатно ќе го влошат ширењето на инфекцијата со полиовирусот.

Детската парализа е многу заразна вирусна болест која примарно ги погодува децата на возраст под пет години и може да предизвика неповратна парализа на екстремитетите.

Вирусот, категоризиран како тип еден, тип два и тип три, се шири преку контаминирана вода или храна и го напаѓа нервниот систем. /МИА

притисни ентер