Македонските ракометари на чекор до историски успех

Ракометната еуфорија која вчера ја предизвикаа Вардар и Металург, продолжува и денеска. Македонскиот клупски ракомет е тема број еден како во домашните, така и во странските медиуми.

Веќе започнаа и дебатите дали е подобро Вардар и Металург да се сретнат во четврт-финалето и Македонија сигурно да има еден учесник на завршниот турнир или пак за противник да добијат еден од останатите тимови, па да се надеваме на два тима во завршницата. Какво и да биде утре сценариото, Македонија е горда што има вакви два спортски колектива

Ако до пред неколку години, самиот пласман на македонските тимови во ракометната Лига на шампиони беше голем успех, што да се каже за овој момент кога имаме два тима помеѓу најдобрите осум екипи во Европа. Ако тука го додадеме и женскиот тим на Вардар, кој ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампиони, тогаш добиваме една вистинска ракометна бајка, која не може, а да нема среќен крај.

Поголемите европски медиуми како „Ел мундо Депортиво“ и „Билд“ јавија за победата на Вардар кај европскиот првак Хамбург, но исто така и Металург беше во фокусот на вниманието. Балканските медиуми исто така се горди на успехот на македонските претставници во елитното натпреварување, бидејќи според нив им покажавме на скандинавците и на Германците дека ракометот не е нивна приватна забава. Честитки пристигнуваат од сите страни.

Дел од головите на Вардар и Металург од вчерашните натпревари веќе се вртат низ интернет порталите како едни од најатрактивните, а сигурно ќе завршат и на врвот на листата на ЕХФ- магазинот.

Единствените лоши моменти од вчерашните дуели беа повредите на Гоце Георгиевски кај Металург и Столе Стоилов од Вардар. Првите проценки се дека не се работи за сериозни повреди, но дополнителните медицински прегледи ќе покажат за што точно се работи.

Двата наши тима утре во виена во 12 часот и 15 минути ќе ги добијат своите противници во четврт-финалето. Вардар ќе биде во групата на носители, бидејќи го елиминираше Хамбург и автоматски го превзема неговиот рејтинг. Ова значи дека за противници не може да ги добие Кил, Барселона и Веспрем, а можни ривали се Фленсбург, Металург, ПСЖ и победникот од дуелот Киелце – Рајн Некар. Што се однесува до Металург тој е во групата на неносители, па затоа е возможно и македонско четврт-финале.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер