Во изјава за МИА, Менде Трајковски, претседател на Сојуз на пчеларски здруженија истакна дека на Денот на здравствените работници и денот на здравјето 7-ми Април, ќе донираат во медицинските центри во повеќе македонски градови.
–Ние пчеларите сметаме дека сме едни од најхуманите луѓе бидејќи ги одгледуваме најкорисните животни-инсекти, но не застануваме тука, и по повод денот на здравјето, утре на 7-ми Април, преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица ќе донираме мед кој ќе биде наменет за луѓето кои во овој момент се во „прва борбена линија” односно медицинските лица во клиничките центри-болниците, потврди Трајковски. /МИА.