Македонските и бугарските историчари не се усогласиле за Охридската архиепископија

Имавме навистина напорна и тешка средба. Два дена дискутиравме само за учебниците по историја и имаше позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа не дојде до договор. 

Бевме блиску, можно е да се постигне договор, ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж и следната година да дискутираме на тие теми, изјави копретседателот Драги Ѓоргиев, по завршувањето на дводневниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Дебатата во овие два дена според Ѓоргиев била за Охридската архиепископија, и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници.

Договор за некои од забелешките за учебниците за седмо одделение, според Ѓоргиев, не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото.

– Тие различни пристапи во толкувањето на изворите од средновековието, прават и ние да имаме различен пристап во правењето на препораките за учебниците. И тоа е очигледно еден од главните камења на сопнување во работата на комисијата, изјави Ѓоргиев.

Според него, кај колегите од Бугарија има еден пристап во кој тие овие прашања ги креваат на ниво на дебата на историографии.

– Овде станува збор за препораки за учебници со кои треба да се надминат одредени недразбирања за да се подобрат учебници во двете држави, а не да се постигне некаква согласност меѓу историографиите во Македонија и Бугарија.Тука некаде настанува конфликтот околу кој не можеме да се разбереме и да го надминеме тоа, изјави Ѓоргиев.

Дебатата за бугарските учебници, посочи дека е завршена пред година и половина и има седум препораки кои треба да бидат применети.

– За учебниците во бугарскиот образовен систем има усвоено седум наши препораки кои треба да бидат имплементирани. И со тоа заврши дебатата за бугарските учебници. На тоа ниво петти и шести клас, кај нас соодветно е шесто и седмо одделение и сега расправаме за нашите учебници, изјави Ѓоргиев.

Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Ангел Димитров, потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија во учебниците и оти и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати.

– Јас разбирам дека тоа е многу важна тема, и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави, кажа Димитров.

Прашан што конкретно барала бугарската страна, тој одговори дека инсистирале да се запазат научните принципи и мултиперспективноста.

– Мултиперспективност во образованието значи во еден рок да бидат претставени гледните точки на сите учесници. Станува збор за историските случувања, а не современите држави да имаат право на своја различна гледна точка. Во историјата не може да има две коренити основоположни гледни точки кои се валидни. Едната е валидна, другата не е. Која е вистинската? Таа се определува од два научни принципа. Едниот е и тој е основата во историската наука – е почитувањето на фактите и историските извори, а другиот е со усогласување со доминантната позиција во светската наука. Од таа страна ние сме спокојни запазувајќи ги научите принципи, рече Димитров.

За забелешките на членови од македонскиот дел на комисијата дека нивните бугарски колеги го спорат макеоднскиот јазик и идентитет, Димитров кусо одговори дека „тоа нема никаково значење и не е тема на разговор“.

Синот на фудбалска легенда на 13 годишна возраст потпиша договор со Реал

Ензо Алвес Виеира потпиша договор со Реал Мадрид.

Веројатно немаше да добие простор во медиумите доколку зад името не се криеше 13-годишниот син на клупската легенда и најодликуван играч на шпанскиот гигант, Марсело. Бразилскиот лев бек играше за Реал Мадрид од 2007 до оваа година кога потпиша за Олимпијакос.

Со Реал освои 25 титули, од кои шест за најдобриот тим во шпанското првенство и пет за најдобриот тим во Лигата на шампионите. Има две деца. Енцо има 13 години, постар брат на 7-годишниот Лијам. Марка го опишува младиот фудбалер како „голем скапоцен камен“ на младиот тим на Реал. Тој игра на позицијата напаѓач.

ЕСМ:ТЕЦ Неготино утре изутрина ќе почне со активности за ставање на електраната во производство

Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство.

Во договорот со економскиот оператор кој ги изведуваше работите беше наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите. Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработение кој во изминатите денови се вршеше под засилен надзор од генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, рокот е скратен за 10 дена. Во услови на енергетска криза тоа ќе значи економски и енергетски бенефит.

Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор Монтинг Инженеринг, вработените во ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина.

Генераторот е произведен во 1975г и во ТЕЦ Неготино е ставен во употреба во 1978г. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.

АД ЕСМ вложува максимални напори и засилено ги става во функција сите капацитети, со цел да се задоволи зголемената потреба од домашна електрична енергија, со оглед на зголемените задолжувања од страна на Владата кон АД ЕСМ за испорака на енергија кон Универзалниот снабдувач, институциите, како и бизнис секторот, соопштија од ЕСМ.

„Холивудскиот пастув“ заврши во болница, додека го чека своето 12. дете, петто годинава

Комичарот и телевизиски водител Ник Кенон на Инстаграм објави дека завршил во болница со пневмонија.

„Во ред, па претпоставувам дека не сум Супермен. Си ветив дека никогаш повеќе нема да се вратам на ова место... Но, ова е одлична лекција да се грижам за себе или нема да можам да се грижам за себе како сите останати. Сепак, не возбудувајте се премногу, не ми требаат добри желби или молитви, само солиден одмор и ќе се вратам посилен од кога било“, напишал на Инстаграм комичарот, кој има историја на лупус..

„Тоа е само пневмонија, ништо со што не можам да се справам. Лудо е што сѐ распродадовме синоќа во Медисон Сквер Гарден пред илјадници обожаватели и сега сум сосема сам во мала болничка соба. Животот е дефинитивно тобоган! #LupusWarrior“, додаде тој во описот на фотографијата, на која е облечен во болнички наметка со маска на лицето и капа, додека лежи во болнички кревет.

Кенон има 11 деца со шест жени. Тој со поранешната сопруга Мараја Кери ги има близнаците Марокан и Монро. Има четиримесечен син Легендар со манекенката Бре Тиези, едномесечна ќерка Оникс со моделот Ла Ниша Кол, како и синовите Голден (5), едномесечната Рајс и едногодишната ќерка Мајти Квин со манекенката Британи Бел.

Неодамна доби ќерка со Аби Де Ла Роуз, со која претходно ги има близнаците Зион и Зилион. Тој го доби и синот Зен со Алиса Скот, но бебето почина во декември минатата година. Сега го очекува своето 12-то дете со Алиса.

притисни ентер