Македонскиот пасош е 43-ти највреден во светот и е на четвртото место меѓу земјите од регионот

Од 110 земји, македонскиот пасош е 43 по ред највреден во светот, а зад нас во регионот е Црна Гора, додека Србија е на 36 место по вредност на патната исправа.

Од друга страна, Хрватска и Словенија се најдоа на листата 16-ти и 11-ти по ред. Организацијата која се занимава со проценка на пасошите, „Henley passport index“ ја објави најновата листа на моментално највредните пасоши во светот, чии граѓани имаат најголема корист кога патуваат на глобално ниво. На прво место на листата на највредни пасоши е јапонскиот, по што следат пасошите на Сингапур, Јужна Кореја и Германија, а на последното место е пасошот на Афганистан.

Но, колкава е вредноста и позицијата на македонскиот пасоши при туристички влез и работа во странство ? Зоран Кочоски, управител на агенција за вработување во странство, не е оптимист дека нашата патна исправа во моментов дава поголеми привилегии. Вели дека позитивата која ја имаме во рангирањето на вредноста на пасошот не се однесува на предноста која би ја имале со право на работа во државите во светот.

„Сите држави во светот се обидуваат да го ограничат правото на влегување странска работна сила и без да имате дозвола за престој и работа вие во ниту една држава не може да влезете и да почнете да работите. Исклучок од ова правило е Mалиот шенген каде со македонски документи можете да се пријавите да работите во Србија и Албанија, исклучиво. Можевме да направиме во минатото некои промени во нашата регулатива во делот на суфицитот на работната сила во Македонија биде пласиран како државна работна сила во државите пред се на ЕУ и се разбира тоа да донесе финансиски бенефит на државата и за самите граѓани, односно би го запреле егзодусот што се случуваше со барање на странски пасоши.“- Зоран Кочоски – Управител на Агенција за вработување во странство.

Со македонски пасош во моментов без виза може да се патува во 62 земји, додека во останатите е потребна дозвола.

Визната либеразлизација стана и се уште е предмет на дебата по случајот „Двојник“ кој се однесува на фалсификуваните пасоши поради страввуањата дека Македонија може да се соочи со губење на безвизниот режим. Амбасадорот на Европската Унија во Скопје Дејвид Гир в во интервју Радио Слбодна Европа изјави дека безвизниот режим не е загрозен, но оти овој случај треба да биде процесуиран до самиот крај.

Во попладневните часови се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови денеска времето во северните и северноисточните делови на земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира Управата за Хидрометеоролошки работи.

На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер и појава на град.

Влажен бран со зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата се очекува и в сабота, но и намалување на дневните температури.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 649 пациенти, слободни кревети има

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 392 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 9 пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 62 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациент, во Кочани 15 во Кичево 3, Кавадарци 18, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Министерство за здравство

Стоев: Техничката Влада ќе продолжи да се придружува кон досегашните позиции на Софија

​ Техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев денеска ја презеде функцијата од досегашната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева во рамки на техничката Влада на Бугарија, предводена од техничкиот премиер Стефан Јанев.

Стоев на церемонијата во Министерството за надворешни работи истакна дека немаат надлежност да ја променат позицијата на Бугарија кон Македонија.

-Немаме надлежност да ја промениме позицијата на Бугарија кон Македонија. Тоа што зависи од официјалниот кабинет на Бугарија и од министерот за надворешни работи ќе биде сторено во насока на продолжување на дијалогот, изјави денеска техничкиот министер за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој истакна дека техничката Влада на Бугарија ќе продолжи да се придржува кон досегашните позиции на Бугарија за Република Македонија.

Според него не би требало да се шпекулира дека ќе има некаква промена во бугарската позиција во следните два до три месеци додека трае техничката влада.

притисни ентер