Македонски и бугарски новинари во Охрид водат дијалог против предрасудите

 Во Охрид денеска започна првата средба во рамките на новинарската иницијатива „Викенд на дијалог – новинари против предрасудите"  .

Чија цел е зајакнување на професионалното новинарство наспроти лажните вести преку подобрување на меѓусебната комуникација и соработка на новинарите.

На официјалниот почеток од средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Ангел Ангелов кој рече дека професионалноста на новинарот се гледа кога тој знае до каде му е мерката, ја почитува етиката и ја пренесува вистината. Новинарската иницијатива „Викенд на дијалог", според амбасадорот Ангелов, ќе помогне во негувањето на добрососедските односи помеѓу двете земји.

-Овој проект што го финансира Министерството за надворешни работи на Република Бугарија е мошне важен за отворањето на двете држави и негување на Договорот за пријателство и добрососедство, како и за решавање на проблемите и стереотипите кои се наталожени со децении. Сметам дека на оваа средба учествуваат претставници на традиционалните и релевантни медиуми кои се водат според професионалните критериуми, рече амбасадорот Ангелов.

Тој појасни дека професионалниот ангажман на новинарите ќе биде многу важен и за два настана што треба да се случат во иднина.

–Прво, членството во Република Македонија во НАТО ќе значи нова доверба помеѓу двете земји бидејќи војниците на двете земји ќе бидат на бојното поле еден до друг и треба да внимаваат едни со други и да имаат меѓусебна доверба. Второ, од 1 јануари 2020, Република Македонија и Република Бугарија се претседавачи со Берлинскиот процес, така што администрациите во двете земји треба да соработуваат меѓусебно. Вие како професионални новинари ќе помогнете со тоа што ќе придонесете нашите две држави да се претстават што е можно најдобро, порача амбасадорот Ангелов на средбата на новинари во Охрид.

Како што истакна министерот за отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија, Роберт Поповски, во текот на последните години, Република Македонија и Република Бугарија докажуваат дека се на вистинскиот пат и темелно ги враќаат релациите односите, градејќи го пријателството помеѓу двата народа врз сериозни столбови.

-Новинарството е професија којашто коригира, којашто оплеменува, и токму од тие причини мислам дека новинарството е токму таа професија којашто ги зближува и народите, и нациите, и граѓаните од кои било делови на светот. Токму така ја доживувам и оваа викенд средба во Охрид. Верувам дека ваков респектабилен собир на колеги од двете држави, и отворен дијалог на темите коишто можат да значат и предрасуди, и надминувања, и лажни вести, и говор на омраза, ќе придонесе многу кон градење на мостовите помеѓу двете држави, рече Поповски.

На првата средба од новинарската иницијатива „Викенд на дијалог-новинари против предрасудите", како што истакна Виктор Стефановски, медиум-организатор на настанот, учествуваат новинари и претставници на релевантни медиуми од Република Бугарија и Република Македонија кои разговараат меѓусебно без какви било посредници, за состојбата во медиумите и креирањето на информациите, но и за тоа како да ги лоцираат точките што предизвикуваат емоции во известувањето.

– Целта е овие неколку денови заеднички да изградиме здрава основа за уривање на стереотипите и предрасудите кои веројатно постојат кај секој од нас, а за жал биле градени и подигнувани со години наназад. Што е поважно во креирањето информации? Можат ли новинарите конечно да го победат говорот на омраза? Ова се само дел од прашањата на кои ќе се обидеме заеднички да најдеме одговор и да застанеме на истата страна во официјалните, но и неформалните дебати што ги имавме и ќе ги имаме на различни локации, истакна Стефановски.

„Викенд на дијалог – новинари против предрасудите” е новинарска иницијатива за зголемена меѓусебна комуникација и размена на информации на новинари од соседни земји со цел јакнење на професионалното новинарство контра лажните вести.

Носител на оваа иницијатива е Здружението за промоција на дијалогот, толеранцијата и човековите права „Медиум" – Скопје, а проектот е поддржан од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Хамас го отфрли предлогот за договор со заложниците

Палестинското движење Хамас ги отфрли сите клаузули од последниот нацрт-договор за заложниците, зголемувајќи го бројот на палестински затвореници што Израел мора да ги ослободи како дел од договорот, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Весникот наведува дека Хамас е подготвен да ослободи само 20 заложници, жени и мажи постари од 50 години, како дел од првата фаза од договорот.

Исто така, Хамас бара Израел да се согласи на шестнеделно примирје пред да ги ослободи заложниците.

„Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не сака договор. Нему воопшто не му е грижа дали народот во Газа продолжува да страда, дури и во услови на голема израелска флексибилност за сите параметри на американскиот предлог. “, рече неименуваниот функционер.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, Израел се согласил со американскиот предлог за размена на заробеници и заложници, со што ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, вклучително и 100 на издржување доживотни затворски казни за убиство на Израелци, во замена за 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Газа.

Николовски со земјоделците од Свети Николе ги потпишаа првите договори за продолжување на закуп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците, на која што заедно со земјоделците ги потпишаа првите договори, за продолжување на закуп на земјоделско земјиште во Свети Николе.

„Денеска сме тука токму да го испорачаме и решението, односно на земјоделците да ги доделиме првите договори, кои што треба да ги потпишат. Во овој период службите на министерството интензивно работеа согласно нашиот договор, кој што го постигнаме во Свети Николе, да се направи се овие договори многу бргу да бидат продолжени. Зададовме рок заеднички од 2 ипол месеци, но еве ме за многу брзо време, со нови договори за продолжување на закупот на земјоделски површини токму во Свети Николе“, истакна министерот Николовски.

Минатата недела Владата даде согласност за продолжување на првите светиниколски договори за закуп на земјоделско земјиште, кои истекоа изминатиот период. Токму во таа насока, земјоделците од Свети Николе, веќе почнуваат да ги добиваат продолжувањата на договорите за закуп на земјоделско земјиште.

Постапката веќе започна и веќе на денешната владина седница, исто така имаме доставено нови согласности за продолжување на договорите.

„Владата продолжува со носење на нови согласности, министерството продолжува со склучување на сите договори каде што земјоделците имаат поднесено барања, каде што постапките се завршуваат и од тука повторно порачувам нема отстапки ниту еден милиметар, сите земјоделци кои што имаат поденсено барање во законскиот рок ќе добијат продолжување на договорите за нови 15 години“, истакна министерот Николовски.

Како министерство, заедно со земјоделците, покажавме дека само сложни околу вистината, можеме да постигнеме резултати. Успеавме заедно, земјоделците да ги задржат земјоделските земјишта и да си ги добијат заслужените субвенции, соопшти МЗШВ.

притисни ентер