Македонија утре за прв пат ќе седне на масата на НАТО како полноправна членка

Координирање на помошта во борбата против пандемијата со корона вирусот и мерките што членките на НАТО ќе ги преземат за време на кризата ќе бидат во фокусот на состанокот  на министрите за надворешни работи на членките.

Ќе се одржи утре преку видеоконференција а за прв пат Македонија ќе учествува како полноправна членка.

-И посакуваме добредојде на С. Македонија како 30 членка на овој министерски состанок. Дури и во тешки времиња ќе продолжиме да се грижиме и да останеме обединети бидејќи нашата обединетост е нашата сила. Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со блиските на жртвите и сите оние кои настрадаа во пандемијата. Им благодариме на сите оние што се во првите линии – значајните здравствени работници, и исто така посветените вооружени сили кои ги поддржуваат цивилните напори. НАТО ја врши својата улога за да помогне во оваа борба против невидливиот непријател. – Јенс Столтенберг – Генерален секретар на НАТО 01.25

Столтенберг посочи дека земјава како најнова членка го користи системот за одговор на кризи на Алијансата. Зборуваше и за помошта на сојузниците на најпогодените Италија и Шпанија но и заедничкиот одговор на кризата.

-Нашата најнова членка С. Македонија го користи системот за одговор во криза на НАТО за да се координира преку Владата. Кога министрите за надворешни ќе се состанат утре, ќе го координираме нашиот одговор одблиску. Ќе ги разгледуваме како да ги искористиме воените капацитетите и структурата на НАТО поефективно за да ја зголемиме и забрзаме нашата поддршка на националните одговори на Ковид-19. – Јенс Столтенберг – Генерален секретар на НАТО.

Ден по полноправното членство на Македонија со свој коментар излезе и руското МНР. Освен забелешката на Москва дека датумот на официјалниот прием на земјава во Алијансата се совпаднал со датумот на почетокот на бомбардирањето на НАТО врз поранешна Југославија, пишува дека јасната причина за пристапувањето допрва треба да се даде.

-Очигледно е дека приемот на Скопје во алијансата не носи дополнителна вредност за европската, регионалната или националната безбедност. Овој чекор сигурно не придонесува за обединување на напорите за борба против вообичаени закани и предизвици, вклучително и пандемија на корона вирус,се вели во коментарот на официјална Москва.

На утрешниот состанок на лидерите за надворешни работи на НАТО членките освен за здравствената криза ќе се разговара и за борбата против тероризмот и случувањата во Авганистан.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие нагло се зголемија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино со тоа беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија.

Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, за кои се проценува дека ја чинеле австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

притисни ентер