Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон ММФ

Македонија предвреме го отплати долгот за Кредитната линија за претпазливост во износ од 312 милиони американски долари кон Меѓународниот монетарен фонд со што заштеди пет милиони евра. Трансакцијата во износ од 174 милиони американски долари е извршена вчера во Вашингтон.

На прес конференцијата министерот за финансии Ставрески направено поради растот на курсот на американскиот долар во однос на еврото.

- Секогаш кога економијата оди добро и кога буџетот има доволно средства, Владата се труди, преку проактивна политика, да стори се за да го намали долгот,изјави Ставрески.

Дел од долгот од Кредитната линија за претпазливост 138 милиони долари е вратен во 2014 година, а преостанатите 174 милиони долари се отплатени вчера.
- За да го пресретнеме ризикот од натамошен раст на американскиот долар и на тој начин да заштедиме пари, направивме опсежни анализи земајќи ги предвид сите можни сценарија и проценки за натамошното движење на американската валута во однос на еврото по што одлучивме дека е добро и корисно предвреме да се отплатат преостанатите 174 милиони долари,истакна министерот Зоран Ставрески.

Од предвремената исплата Македонија има повеќекратна корист. Заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, подобрен е имиџот на државата односно државниот долг е намален за 1,7 процентни поени.

Отплаќањето на овој долг е направен врз база на добрите приходи во буџетот и благодарение на средствата од еврообврзницата.

Ова не е првпат Македонија предвреме да исплати заем и да направи значителни заштеди. Во 2007 година е вратен долг во износ од 233 милиони евра кон Светската банка и Европската инвестициска банка, со што биле направена заштеда од околу 50 милиони евра. Доказ за добрите економски политики на Владата е и вчерашната потврда од една од најреномираните рејтинг агенции Фич, која го потврди стабилниот рејтинг на Македонија базирајќи се на солидното водење на макроекономската политика, бизнис климата и ефектите од странските директни инвестиции.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер