Македонија му кажа „не“ на Макрон, земјите од регионот разочарани од ЕУ

Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе остане запаметен како неуспех на Европската Унија и француското претседателство

Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе остане запаметен како неуспех на Европската Унија и француското претседателство, ова е ставот на повеќето дипломати присутни на вчерашниот состанок, кој заврши без никакви резултати за земјите од регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. По повеќе дена неизвесност во јавноста, пак, премиерот Димитар Ковачевски, вчера и официјално соопшти дека предлогот што Париз го стави на маса за надминување на спорот со Бугарија во нацрт преговарачката рамка е неприфатлив за Македонија.

По четири часа разговори помеѓу шефовите на држави и влади на ЕУ и Западен Балкан, во рамки на конференцијата што ја вети Франција уште на почетокот на нејзиното претседавање, тројцата челници на ЕУ, Шарл Мишел, Емануел Макрон и Урсула фон дер Лајен, кои требаше да одговорат на новинарски прашања, одлучија во последен момент да ја откажат прес-конференцијата. Ова беше првиот знак дека состанокот не поминал според очекувањата на ЕУ и француското претседателство.

Критиките на земјите од регионот беа бројни: Босна и Херцеговина и Косово и натаму се без статус кандидат додека ЕУ го додели овој статус на Украина и Молдавија, кои до пред три месеци не беа дел од политиката на проширување. Србија е под притисок да се усогласи со санкциите против Русија, Албанија не напредува поради инсистирањето на ЕУ да биде врзана за Македонија, а Македонија доби предлог неприфатлив за било која партија или институција.

По повеќе дена неизвесност во јавноста, премиерот Димитар Ковачевски, вчера и официјално соопшти дека предлогот што Париз го стави на маса за надминување на спорот со Бугарија во нацрт преговарачката рамка е неприфатлив за Македонија.

– Предлогот на француското претседателство за деблокада на нашиот европски пат во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери и за граѓаните на Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во Брисел вчера.

Тој ги повтори клучните елементи под кои би бил прифатлив предлогот – чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, преговорите помеѓу Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот и цврсти гаранции и од Бугарија и од ЕУ дека Софија нема да условува со нови барања надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол, кој се уште не е усогласен со бугарската страна.

Тој повтори и дека секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Македонија.

Доколку бидат запазени црвените линии на Македонија, тогаш земјата е подготвена да разговара и до крајот на јуни, рече премиерот.

–Месеци наназад инсистиравме да си го посветиме времето и вниманието кон иднината и кон изнаоѓање решенија кои ќе го деблокираат процесот за пристапување и за Македонија и за Албанија. Бугарија, пак, од друга страна реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог, освен на одредени трети страни кои ќе имаат отворен терен да ги пополнат празнините кои неминовно ќе се отворат со вакви непромислени чекори што е исклучително важно од геостратешки аспект, посочи тој.

Ковачевски рече дека во меѓувреме, Македонија, Албанија и Србија активно и практично ќе ги имплементираат четирите слободи на кои почива ЕУ, ќе ги европеизираат општествата и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните преку иницијативата „Отворен Балкан“, истакна македонскиот премиер.

Отворен Балкан, додаде тој, не претставува замена за проширувањето.

Фрустрираност изразија и албанскиот премиер, Еди Рама и српскиот претседател, Александар Вучиќ, како поради блокадата на Македонија, така и поради нивните сопствени пречки на патот кон ЕУ.

– Денеска всушност уште еднаш ништо не се случи, верувам дека нашите пријатели од Скопје и Тирана заслужуваат да добијат отворање на почетокот на преговорите со ЕУ и верувам дека до тоа ќе дојде што е можно поскоро, што не е прашање на молба, оти и двете земји сработеа се што е побарано од нив и навистина треба да го добијат заслуженото, изјави српскиот претседател.

Вучиќ состанокот со ЕУ со сумираше со зборовите дека немало конкретни резултати за Западниот Балкан.

Еди Рама од своја страна вчера рече дека Македонија чека 17 години да се отворат преговорите за членство во ЕУ, а Албанија осум години.

– Од една заедничка визија и заедница, ЕУ стана инструмент за поединечни членки да запрат нешто. Приказната со Бугарија е срамота. Едната земја наметнува нешто свое, а другите 26 не можат ништо да направат околу тоа. Има многу наводи дека (рускиот претседател Владимир) Путин е болен, но не можам да кажам дека оваа куќа овде изгледа здраво, изјави Рама.

Тој апелираше до лидерите на ЕУ да не ја убиваат вербата на Албанците во европската иднина, наведувајќи дека неговата земја ќе остане на европскиот пат со верба дека ќе стане дел од ЕУ.

Рама изрази жалење и што ЕУ сè уште не го либерализирала визниот режим за граѓаните на Косово.

Албанскиот премиер повтори дека ЕУ треба да има разбирање за Србија и дека не е добро да се бара од Белград да се приклучи на сите санкции што ги воведе кон Русија.

– Никогаш не би потценил такво нешто. Ако ме прашате дали Македонија и Албанија добија датуми за почеток на преговори – не, Приштина не доби визна либерализација, БиХ не доби кандидатски статус. Бевме критикувани од многу членки за санкциите и тоа е тоа. Тоа е она што се случи ако сето тоа се сумира во конкретни ставки. Но, во политиката не секогаш се работи за конкретни работи, изјави српскиот претседател.

Лидерите од регионот се поставија обединето и солидарно, притоа тие се и единствените кои се обратија пред новинарите вчера по состанокот за Западен Балкан.

Лидерите на ЕУ, пак, испратија свои дипломати да ги брифираат новинарите, но без да бидат именувани, по откажувањето на прес-конференцијата.

Па така, висок дипломат на ЕУ изјави дека „пристапните преговори со Македонија и Албанија треба да започнат без одлагање – ова е апсолутен врвен приоритет. Работата продолжува кон изнаоѓање заемно прифатливо решение за преостанатите билатерални прашања меѓу Бугарија и Македонија со чувство на екстремна итност“.

Конкретно за состанокот дипломатот објасни дека секоја земја ги искажала своите стравови и фрустрации.

Следниот чекор, велат, е да се третираат преокупациите на сите одделно.

– Се обидуваме да го решиме македонското прашање, многу е комплексно со оглед на политичката ситуација во Бугарија но и во Македонија, рече тој.

За Косово на маса ќе биде визната либерализација само ако ЕУ добие гаранции за миграција и безбедност. А за Босна и Херцеговина тие ќе побараат од Европската Комисија да најде начин да го забрза процесот со реформските приоритети кои сѐ уште не се исполнети, за да се види дали во иднина е можен кандидатски статус.

-Треба да се решат одделни случаи кои се презентираат и кои се доста сериозни затоа што може да дестабилизира некој дел на Западниот Балкан. Во овој контекст, предлогот за Европска политичка заедница беше многу, многу добро примена од страна на земјите на Западниот Балкан затоа што и самите гледаат дека, иако се даде нова динамика, дури да се дадат повторно гаранции за процесот на пристапување, за тоа ќе биде потребно време. Така што добивањето веднаш на таа политичка рамка каде земјите кои се на европскиот континент и споделуваат исти вредности и аспирации можат да се здружат и интересно за нив, вели овој дипломат за МИА за денешниот лидерски состанок.

Во меѓувреме Бугарија остана на својата позиција, премиерот во заминување, Кирил Петков, изјави дека барањата на Бугарија всушност биле барања на Европа. Несомнено Софија за оваа изјава доби охрабрување и по твитот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој напиша дека барањата на Софија ќе бидат дел од преговарачкиот процес со Македонија.

На крајот на вчерашниот ден се огласи францускиот претседател, Емануел Макрон, кој, и покрај одбивањето на Македонија, останува уверен дека е можен договор до крајот на овој месец.

Француски дипломати исто така упатуваа пораки преку новинарите.

– Имаше многу обединета порака на Европејците да се дадат осигурувања дека европската перспектива е загарантирана за земјите од Западниот Балкан, дека процесот на приклучување треба да продолжи и дури дека треба да му се даде нова динамика. Ова беше јасна порака што ја пренесоа сите Европејци, вели овој дипломат.

– Блиску сме до договор што овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Костадиновска-Стојчевска: Само со СДСМ има европска иднина, нема враќање во мрачното минато

„Вистински промени во македонското општество се можни само со следење на европскиот пат и со членство во европското семејство. “

„Нашата држава нема друга алтернатива. Нашите работници и пензионери немаат друга опција за подобар живот, за достоинствено вреднување на нивниот труд, за посигурна иднина за своите деца и внуци”, порача потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Охрид.

Таа додаде дека како што во изминатите години постојано Владата предводена од СДСМ ги зголемуваше пензиите и водеше посебна грижа за сите, така продолжуваме и после 8 мај.

„Ние сме првата политичка партија која воспостави трајна методологија за раст на пензиите, но и постојан раст на платите”, рече Костадиновска-Стојчевска додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не покажа никаква грижа ниту за државата, ниту за културата, ниту за работниците, нуту за пензионерите, туку дека целосно се посветија на ограбување на народот и на дезинтеграција на државата.

„Во време на ВМРО ДПМНЕ не успеаа да ги осигураат платите во култура, само успеаа десет луѓе да заработат од гипс картонот кој стои во центарот на Скопје”, посочи коносителката на листата во изборната единица 5.

Костадиновска-Стојчевска рече дека промотивното видео кое партијата на Мицкоски го промовира во кое еден актер шета низ магла е вистинската порака која сакаат ВМРО-ДПМНЕ да ја пратат, дека повторно културата ќе биде за одредена група на луѓе и ќе биде заробена во канџите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Навикнати се нивните политики да функционираат само во хаос и безредие. За нив Европската унија, европската култура и идеја не се иднина”, укажа Костадиновска-Стојчевска.

Коносителката пред охриѓани порача дека ова се избори помеѓу светла иднина и мрачно минато и дека на 8 мај граѓаните ќе изберат надеж и европска иднина.

„Немаме време за губење за власта да ја предадеме на манипулатори и креатори на лажни вести и наместени анкети. Тие немаат план за државата, тие од заматените погледи од корупција и незнаење, не ја гледаат иднината, рече Костадиновска-Стојчевска потенцирајќи дека нема време и трпение да живееме во нова мрачна деценија, особено сега кога на дофат ни е светлата европска иднина.

„СДСМ иднината ја носи заедно со нашиот Претседател Стево Пендаровски. Сите ние цврсто и одлучно го газиме европскиот пат и нема да дозволиме никој да не попречи, а најмалку деструктивната и корумпирана ВМРО ДПМНЕ. За нас одамна е јасно- НАШАТА ИДНИНА Е ВО ЕВРОПА и од неа не се откажуваме“, им порача на охриѓани Костадиновска-Стојчевска, се наведува во партиското соопштение.

Шолц: Војната во Украина би можело да потрае уште неколку години

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да биде продолжена за уште неколку години.

„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби уште пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц. Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.

„Од почетокот на војната, сепак, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на напредок“, рече тој. „Диктираниот мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.

Шолц вечерва беше гостин на панел дискусија организирана од весникот Freie Presse со наслов „Германија под притисок. Како може да функционира коалицијата под новите услови?“ , објави Цајт.

Митрески од Охрид: На Македонија и е потребна ЕУ за побрз развој и подобар стандард

„На Македонија и е потребна Европската унија за побрзо да ги донесеме европските стандарди дома. За платите и пензиите да растат побрзо, да се развиваме инфраструктурно. “

„Да го унапредиме и развиваме туризмот. За да живееме просечен европски живот, без грижи дали некој ќе може да ги плати сметките, дали ќе обезбеди огрев, лекови или храна“, порача Јован Митрески, носител на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, на вечерашниот митинг во Охрид.

Тој потсети дека како земја ништо лесно не сме добиле, ништо лесно не поминало, ниедна лесна битка не сме имале во кој и период од минатото да погледнеме. Но, благодарение на храбрите одлуки на СДСМ денеска имаме самостојна и независна држава.

„Создадовме независна, суверена, самостојна држава Македонија без буџет, без војска, без оружје... Но, станавме независна држава без жртви, без војни кои тогаш се случуваа во сите републики од поранешна Југославија. Една работа и тогаш и сега е иста. И тогаш и денес имаше и има самопрогласени наводни патриоти и прогласување на наводни предавници. Тогаш со пароли за сечење канџи, денес, за наводна бугаризација и асимилација. Лага до лага, манипулација до манипулација. Зошто? За мали, ситни, бедни, евтини политички поени и борба за власт“, нагласи Митрески и додаде дека времето ја потврди исправноста на тие одлуки и потврди дека вистински патриотизам бил, е и ќе остане носењето државнички одлуки.

Митрески нагласи дека е лесно само декларативно да велиш дека си за ЕУ, а да правиш се за да не станеш дел од ЕУ, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние имаме одговорност за иднината на татковината и сите нејзини граѓани. Државата мора да оди напред. Младите не може да бидат жртва на политичари без став, без визија. Изборот е или интеграција или изолација. Јас, СДСМ, коалицијата, кандидатите за пратеници се за интеграција. Тоа им го должиме на нашите предци, но и на генерациите што доаѓаат после нас за својата иднина да ја градат во својата татковина, не во странство. Членството во ЕУ значи пристап до фондови за развој, но и значи пристап до пазар од 500 милиони жители за македонските компании, за македонските бизниси, за македонскиот туризам“, нагласи Митрески.

Тој ги повика охриѓани да се обединат и сложно да застанат зад планот за европска Македонија и да гласаат за број 1, за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер