Македонија и Балканот со екстремно високи температури – заладување за една недела - Канал 5

Македонија и Балканот со екстремно високи температури – заладување за една недела

Македонија и Балканот со екстремно високи температури – заладување за една недела
Министерството за здравство според прогнозите на УХМР објави дека од денеска се активира фаза 3 заради превенција на последиците од топлотен бран врз здравјето на населението која ќе трае до 8-ми јули. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Најмалку две лица загинаа во серијата земјотреси што синоќа се регистрирани во Гватемала.

Најмалку двајца загинати во серијата земјотреси во Гватемала

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Гватемала, со епицентар на околу 60 километри од главниот град. Потоа уследија серија земјотреси со магнитуда од 3,9 до 5,6 степени според Рихтер.

Земјотресите предизвикаа и материјална штета, што дополнително ќе се проценува.

Кога на Бугари вистината ќе им ја “плесне” Македонка од Словенија на македонски!

За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола!

Кога на Бугари вистината ќе им ја  “плесне” Македонка од Словенија на македонски!

Што убаво им се обрати во Стразбур, на македoнски, да ја разберат сите.

Словенечката пратеничка, Ирена Јовева, до бугарските колеги на македонски: За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола!

Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо време

Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) утре дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). В петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.

притисни ентер