Македонија го празнува Денот на независноста

Македонија денеска го одбележува 8-ми Септември, денот кога пред 33 години се оствари вековниот сон за слободна, суверена и независна Македонија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители

Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството.

Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, истиот назначи свој член на таа позиција.

Имено на 24.10.2024 година Судскиот совет ја назначи Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет за член на УО на Академијата.

Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Важно е да се напомене дека Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДС Снежана Калевска Ванчева.

Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДС го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи?

СДС треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?

Антоанета Димовска треба да си даде оставка од позицијата, а Судскиот совет колективно да ја понесе одговорноста за овој упад во системот, рече Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска ќе бидат сослушани 20 лица, меѓу кои и надлежниот министер за трагедијата во Нови Сад

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска ќе почне утврдувањето на одговорноста за вчерашната несреќа на железничката станица во Нови Сад и дека денеска ќе бидат сослушани 20 лица.

Како што се наведува во соопштението на Вишото јавно обвинителство, паралелно со вештачењата што треба да се спроведат во најкраток можен рок, Обвинителството е целосно ангажиран за прибирање на сите известувања и информации, а наложено е дека за оваа цел , во текот на денот треба да бидат сослушани најмалку дваесет лица.

„Помеѓу другите одговорни лица од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорни лица од АД „Железница Србија“, одговорни лица од Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ претходно денеска најави дека од новосадската полиција бил информиран дека се на пат за Белград за да ја одземат документацијата од министерството надлежно за тоа, за транспорт и градежништво.

- Министерот ќе даде изјава и до полицијата, директорот на железницата и сите останати. Ми кажаа дека обвинителството им дало список од 20 лица кои треба да дадат изјава – изјави Дачиќ.

Тој нагласи дека јавноста мора да биде убедена дека секој што е одговорен за оваа несреќа ќе одговара.

Тој нагласи дека е неопходно да се воспостави целосна одговорност.

- Нема да бегаме од утврдување на одговорноста кој е виновен за ова. Но, сега треба да тргнеме од тие факти – посочи Дачиќ.

Идентификувани се телата на сите 14 жртви од несреќата во Нови Сад

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е извршена идентификација и на другите починати во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека е извршена идентификација и на другите починати во уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од кои двајца се од машки пол Н.К. (17), Ѓ.Ф. (53) и пет женски лица, М.А. (16), Ф.В. (10), С.Ф. (6) и Г.Р. (58), К.М. (76), како и повредените од кои две од женски пол, Т.М. (24) и А.Р. (23) и едно машко лице В.Ц. (18).

Обвинителството вчера соопшти дека се идентификувани две женски лица, А.Р. (20) и А.Ќ.С. (35) и пет машки лица, Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45).

Во текот на досегашните дејствија и мерки, јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство Нови Сад, во соработка со Полициското одделение во Нови Сад, изврши увид на лице место и наредиле потребни вештачења, објави Телеграф.

„Паралелно со вештачењата кои треба да се спроведат во најкраток можен рок, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад е целосно ангажирано на прибирање на сите известувања и информации и наложено е за таа цел, во текот на денот, најмалку дваесет лица, меѓу другите одговорни од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и надлежниот министер, одговорните лица од АД „Железница Србија“, одговорните лица на Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Нови Сад, како како и други лица, со цел да се утврдат сите суштински елементи на кривичните дела и кривичната одговорност на лицата, за што јавноста ќе биде навремено информирана“, се наведува во соопштението.

притисни ентер