Македонија доби нов собраниски состав, Африм Гаши избран за претседател

Македонија го доби новиот парламентарен состав... 

Само неколку часа откако беше конституирано новото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ И ЗНАМ, пратениците го избраа Африм Гаши од Алтернатива за нов претседател на Собранието. Тој веднаш потоа положи свечена заклетва пред новоизбраните пратеници и им се обрати од собраниската говорница со порака дека ќе се залага сите да имаат исти права во Собранието. Потоа следуваше време за честитки и симболично примопредавање на функцијата од досегашниот спикер Јован Митрески.

На изборот на новиот претседател на зкаонодавниот дом претходеше дебата на која беа пријавени за збор само Изет Меџити од коалицијата „Вреди“ и сите шестмина пратеници од Левица кои го критикуваа предлогот Гаши да биде избран за собраниски спикер. Реплицираа единствено пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и идниот мандатар Христијан Мицкоски.

За дискусија не се пријави ниту еден пратеник од СДСМ, тие и не гласаа за изборот на Гаши. Пратениците на ДУИ ја напуштија собраниската сала уште пред да почне дебатата, веднаш по верификацијата на мандатите. Кои се причините, засега нема официјално објаснување. „Интегративците“ за првпат после 16 години на власт, денеска седеа на опозициската страна од собраниските клупи.

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на конститутивната седница со која претседаваше најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику им беа верификувани мандати на 118 пратеници. За два мандата за кои се прегласуваше минатата среда сè уште течат жалбените постапки. Во меѓувреме и претседателот на БЕСА, Биљал Касами се откажа од пратеничкиот мандат за да остане градоначалник на Тетово.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер