Македонија до крајот на годинава ќе ја добие првата транша од планот за раст на ЕУ

До крајот на годинава Македонија ќе ја добие првата транша од повеќе од 50 милиони евра од Планот за раст на ЕУ. 

Како што вчера изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен од Берлин, пет од шесте реформски агенди на земјите од Западен Балкан ќе бидат усвоени оваа недела и тоа значи дека исплатата на шест милијарди евра од Планот за раст ќе почне до Нова година. Единствено БиХ не добила зелено светло од Брисел бидејќи не поднела целосна реформска агенда. На самитот на Берлинскиот процес премиерите на шесте земји од Западен Балкан потпишаа и нов Акциски план за единствен пазар. Фон дер Лајен истакна дека Планот за раст е мост помеѓу Заедничкиот регионален пазар и единствениот пазар на ЕУ.

-Планот за раст е всушност многу јасен и со него велиме дека не можете да ги блокирате другите. Треба да работите на вашиот план индивидуално. Можете само да се блокирате себеси. Ако сакате напредок на единствениот пазар завршете ја домашната задача, не влегувајте во конфликт со другите. Тоа е процес заснован на заслуги и таков и ќе остане. Се разбира, колку поблиску се доближуваат земјите кандидати за целта, толку подобро за нив, нагласи таа.

Откако ЕК утре и формално ќе ја усвои реформската агенда на Македонија, според Симонида Кацараска од Институтот за европска политика (ЕПИ), за да се искористат парите предвидени за нас, институциите ќе треба на секои 6 месеци да испорачуваат детални реформи од таа реформска агенда за да може да користат дел од тие средства од кои дел ќе бидат буџетска поддршка, дел за инфраструктурни проекти. Според неа тоа е новината на овој план за раст, а доколку државата не исполни ништо да речеме во првите две години, ќе се направи голем застој без можност да ги искористи сите средства што ќе останат.

-До 2027 година, на секои шест месеци ќе треба да се известува во ЕК што всушност ние од областите коишто се предвидени со планот за раст како што се дигитализација, зелена агенда, владеење на право, унапредување на бизнис климата и слично, колку од тие реформски зафати коишто сме ги ветиле, сме ги исполниле, за да може да добиеме дел од предвидените средства. Доколку не ги испорачате реформите нема да можете да ги користите средствата, ќе се очекува дека ќе ви се даде одреден период од година дена да ги испорачате, а доколку не го направите тоа, на крајот тие средства нема да и бидат префрлени на државата, ако сакаме колоквијално да кажеме ќе пропаднат, изјави Кацарска.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен до крајот на октомври е предвидено да допатува на неколкудневна турнеја низ земјите од Западен Балкан, вклучително и во Македонија. Точен датум за нејзиното пристигнување во земјава и со каква агенда доаѓа се уште нема. Посетата се случува брзо по веста од Брисел дека Албанија се одвојува од Македонија на патот кон ЕУ.

Рама утре „ќе лета орли“ во Солун, грчките ултранационалисти ќе го пречекаат со протест

Во рамки на серијата средби со албанската дијаспора, премиерот Еди Рама, ќе оствари уште една средба со Албанците од Грција, овој пат утре во Солун, по онаа од мај во Атина.

-Со особено задоволство ќе се вратам кај Албанците во Грција, овој пат во Солун, каде историјата нѐ поврза со илјада нишки и денес нѐ обединува повеќе од кога било, со нашите јужни соседи, како два европски народа, кои дури и за неколку години ќе бидат рамо до рамо во Европската Унија.“, напиша Рама на Фејсбук.

На средбите тој ја бара поддршката на дијаспората за четврт мандат, на која право да гласа ѝ се дава за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на пролет...

Грчките ултранационалисти пак, планираат да го пречекаат со протест, на кој главниот говор ќе го одржи претседателот на грчката ултранационалистичка партија, Национален фронт, Димитрис Валасидис.

Директорот на „Биосенс“ ексклузивно за Канал 5: Васко Саздовски беше одличен научник и човек

Одличен научник и човек, секогаш насмеан и оптимистичен, вака од институтот Биосенс во Нови Сад го опишуваат Васко Саздовски...

Во ексклузивен разговор за Канал 5, директорот на институтот Владимир Црнојевиќ вели дека Саздовски секој викенд патувал за Македонија...

Црнојевиќ вели дека Васко работел во институтот повеќе од една година, се занимавал со роботика и нивна примена во земјоделството. Вели дека Васко беше одличен и како научник и како човек, многу позитивен, насмеан и оптимистичен. Директорот додава дека Саздовски секој викенд патувал за Македонија, кај семејството.

Утрово имавме мала комеморација за Васко пред Институтот, вели директорот Владимир Црнојевиќ.

Со него разговараше Маја Стојановска.

Познато е како ќе изгледаат идните модели на Хјундаи (ФОТО)

Корејскиот бренд потврди дека идните модели ќе добијат нов визуелен идентитет.

Сега е сосема јасно дека неконвенционалниот дизајн на моделот Санта Фе не бил случаен. Додуша, можеби сакаа малку повеќе да го испитаат пазарот пред да го објават дизајнерскиот пресврт на брендот, но сигурно е дека претставениот концепт укажува на новиот визуелен потпис на Hyundai.

Тоа е објавено од Initium. Верувале или не, ова не е класичен електричен автомобил, туку концепт возило напојуван од водород. Покрај иновативниот погон, го носи и т.н челична уметност, и токму тоа е овој малку масивен SUV.

Некои ќе се потсетат на Pontiac Aztek, автомобилот кој го прослави главниот лик од серијата Breaking Bad. Како и да е, овој неконвенционално дизајниран водороден автомобил поминува над 650 km со услов да вози на бандажи од 18 инчи и да користи максимална моќност до 150 kW.

Initium е всушност најава за нов модел од палетата на возила на водород FCEV. Ќе пристигне во првата половина на следната година, а ќе се појави како глобален модел. Initium ќе можеме да го видиме многу порано, веќе во ноември на саемот за автомобили во ЛА.

Моделот има можност за V2L функција за испорака на електрична енергија од 220 V за периферните уреди, а Hyundai ја нагласува рекордната просторност, дополнително подобрената пасивна безбедност и бројните напредни системи за помош.

притисни ентер