Македонија денеска избира градоначалници, право на глас имаат 1 353 990 избирачи

Македонија гласа на вториот круг од 7- мите по ред локални избори. Гласањето се спроведува во вкупно 44 општини вклучително и за град Скопје, а право на глас имаат 1 353 990 избирачи.

Овие локални избори во процесот на гласање се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите,а заради пандемијата се гласа под посебни ковид -протоколи.гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот.

Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.

Во главниот град се гласа за градоначалник на Скопје и на општините Карпош, Чаир, Центар и Шуто Оризари.

На избирачко место во населбата Ѓорче Петров во мометов е Дејан Трајковски, Дејан како тече гласањето ?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Израел одговори на провокацијата, го нападна Хезболах во Либан

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула.

Израел започна серија воздушни напади во областа Набатиех во јужен Либан како одговор на ракетните напади на Хезболах во близина на набљудувачка кула, што е првпат групата да го нападне Израел откако стапи на сила прекинот на огнот во средата наутро минатата недела, објави Гардијан.

Вечерва Хезболах истрела две ракети во близина на набљудувачка кула во окупираните фарми Шеба. Ракетите паднале на отворен простор и не предизвикале повредени. Во соопштението, групата рече дека нападот на набљудувачките кули бил „почетен предупредувачки одбранбен одговор“ на „повторените прекршувања“ на прекинот на огнот од страна на Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави дека војската напаѓа цели во Либан, но „подоцна ќе даде дополнителни детали“. Еден час претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети „силен“ одговор на нападот на Хезболах.

Израелските воздушни напади се најсериозните откако беше воспоставен прекинот на огнот во средата. Обновувањето на одмазднички напади во јужен Либан и северен Израел предизвика загриженост дека конфликтот меѓу Хезболах и Израел би можел да продолжи само пет дена по објавувањето на прекинот на огнот.

Француската влада е пред распад

Владата на Франција е речиси сигурно дека ќе падне во наредните денови, откако екстремно десничарските и левичарските партии објавија дека ќе гласаат за недоверба на премиерот Мишел Барние.

Нивниот потег дојде откако Барние рече дека ќе се обиде да го протурка буџетот за социјално осигурување низ Долниот дом на парламентот без гласање, бидејќи неговата последна отстапка не беше доволна за да ја обезбеди поддршката на екстремно десничарската партија Национален собир, објави Би-Би-Си.

Лидерката на Националното собрание Марин Ле Пен изјави дека нејзината партија ќе поднесе сопствена иницијатива за гласање недоверба на владата, но и ќе поддржи секаков сличен предлог од други партии. „На Французите им е доста. Можеби мислеа дека работите ќе бидат подобри со Мишел Барние, но тие се уште полоши“, рече Ле Пен.

Матилда Пано од левичарската партија Франција неосвоена вели: „Соочени со ова, по којзнае кој пат, негирање на демократијата, ќе гласаме против владата. Живееме во политички хаос поради владата на Мишел Барние и претседателството на Емануел Макрон“.

Ако сите пратеници на Националното собрание и левицата гласаат за соборување на Барние, владата нема да опстане. Гласањето може да се одржи веќе во среда.

Ниту една француска влада не е соборена на ваков начин од 1962 година.

Битките на Барние да го протурка буџетот за 2025 година преку длабоко поделениот парламент може да ја втурнат Франција во втората политичка криза во последните шест месеци, нагласувајќи ја нестабилноста што ги зафати членките на Европската унија.

„Ова е моментот на вистината“, им рече Барние на пратениците, ставајќи ја судбината на неговата влада во нивни раце. „Французите нема да ни простат што ги ставаме интересите на поединци пред иднината на земјата“, рече премиерот.

Малцинската влада на Барние, формирана во септември, се потпираше на поддршката на Националното собрание за својот опстанок.

Предложениот буџет, кој има за цел да го ограничи растечкиот јавен дефицит на Франција преку зголемување на даноците и намалување на трошоците за 60 милијарди евра, може да стави крај на таа слаба соработка.

Падот на француската влада ќе создаде дупка во срцето на Европа, со Германија веќе преокупирана со избори, неколку недели пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Муцунски пред Комисијата за надворешни работи на ЕП: Добрососедството не е еднострана обврска

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање и сесија посветена на прашања и одговори со европратениците – членови на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент (АФЕТ).

Пред членовите на комисијата, Муцунски испрати јасна порака дека новата Влада е силно фокусирана на евроинтеграциите и спроведувањето на реформи. Тој истакна дека за земјата е клучно да продолжи да напредува кон полноправно членство во ЕУ, следејќи предвидлива пристапна траекторија, заснована на јасно утврдените пристапни критериуми и принципот на сопствени заслуги. Притоа, потенцираше дека добрососедството не е еднострана обврска, туку долгорочен процес што бара заедничка одговорност и меѓусебна почит.

Министерот нагласи дека членството во ЕУ не е само политичка амбиција, туку суштински трансформативен процес што ги става граѓаните во центарот. Тој ја истакна посветеноста на Владата кон спроведување на клучни реформи, особено во областа на владеењето на правото, правосудството, јавната администрација и економското управување.

Во своето обраќање, Муцунски потсети дека државата е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ – стратегиски избор и врвен приоритет што ја демонстрира нашата посветеност на принципите и вредностите што ги застапува Унијата. Истакнувајќи ја потребата од носење одлуки што ќе постават основа за идното проширување на Унијата, тој ги и повика европратениците да продолжат проактивно да ја поддржуваат политиката на проширување, особено сега кога Европската Унија влегува во нов петгодишен институционален и легислативен циклус, кој ќе има значително влијание врз иднината на проширувањето.

Одговарајќи на прашањата од членовите на комисијата, Муцунски потенцираше дека Македонија е пример за почитување и заштита на правата на малцинствата, што повеќепати е потврдено од Советот на Европа и Европскиот суд за човекови права, соопштуваат од МНРНТ.

притисни ентер