Мајската пензија ќе се исплаќа од 27 мај

На 27 мај 2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари.

Владата, на денешната 56-та седница, го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26 мај 2020 година, при што се препорачува на деловните банки од среда 27 мај 2020 година да обезбедат пензионерите со мајските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

– Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: во среда, на 27 мај 2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во четврток, на 28 мај 2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во петок, на 29 мај 2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во понеделник, на 1 јуни 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари, соопштија од владината прес-служба./МИА

Фото: Јелена Карлеуша во провокативен фустан на роденденот на Наташа Беквалац

Јелена Карлеуша го почитувала кодексот на облекување па дошла облечена во бела боја.

Пејачката Наташа Беквалац синоќа го прослави својот 40ти роденден на својот имот, каде освен нејзиното семејство и пријателите, на нејзината веселба присуствуваа и колегите од естрадата.

Јелена Карлеуша и беше гостинка на Наташа, а на роденденот пристигна во многу провокативно изјадание.

Јелена Карлеуша го почитувала кодексот на облекување па дошла облечена во бела боја. Поточно во фустан кој привлекува многу внимание.

Британија: И понатаму повеќе од 6.000 заразени на дневно ниво

Во Велика Британија се забележани 6.042 нови случаи на Ковид-19, од чии последици починале 34 лица.

Во Велика Британија од почетокот на пандемијата со коронавирусот се заразиле 429.277 луѓе, додека од последиците на заразата до сега починале 41.971 пациент, пишува „Гардијан“.

Во петок во Велика Британија е пријавен нов рекорден број на заразени во еден ден- 6.874, додека претходниот рекорд е забележан во четврток, кога коронавирус е потврден кај 6.643 лица.

Бела ноќ по 16-ти пат се одржува во Скопје

Културната манифестација бела ноќ, која веќе прерасна во традиција, по 16-ти пат, денеска  се одржува во Скопје.

Централниот настан скопските евергрини вечерва е пред спортскиот центар Борис Трајковски каде настапуваат повеќе естрадни уметници.

Влезниците за „скопските евергрини“ пред СРЦ Борис Трајковски и концертот на платото пред МКЦ, се бесплатни.

Со почитување на мерките и препораките на министерството за здравство и Град Скопје за заштита од пандемијата од коронавирусот, настаните од белата ноќ денеска почнаа од 19:00 часот и ќе траат до полноќ, а и работното време на локалите нема да биде продолжено после 24:00 часот, нешто што беше вообичаено за минатите -бели ноќи.

притисни ентер