Мајката на шестмесечната Бисера бара итна реакција од надлежните (ВИДЕО)

Малата Бисера од раѓање е на Детската клиника. Денеска на фејсбук мајката Александра објави апел за итна реакција на надлежните.

Ова е малата Бисера која 6 месеци се наоѓа во Детската клиника во Скопје. На Бисера и било дадена дијагноза „ конгенитална варичела “. Од моментот на раѓање Бисера с енаоѓа на детската клиника со нејзина мајка. Нејзините родители неколку пати побарале помош од сите надлежни, докторите кои ја лекувале, потоа директорката на клиниката стигнале и до министерот Венко Филипче кого го информирале за состојбата на малата Бисера. Родителите се пожалија на улосвите во клиниката. Од страна на лекарскиот тим кој ја лекува Бисера им било кажано дека моментално тоа е капацитетот со кои можат да обрнат внимание на лекувањето на Бисера. Во тој момент родители побарале од директорка да бидат упатени каде би можела Бисера да с елекува надвор од Детската клиника бидејќи родители сметаат дека Бисера не го добива соодветниот третман.

Мајката дополнително објаснува дека откако се наоѓаат во клиниката Бисера се здобила со дополнителни бактерии и вируси кои и ја отежнале состојбата на Бисера.

Мајката појаснува дека на 5 деца кои с енаоѓаат на клиниката само една медицинска сестра водела грижа. Се пожали дека немаат топла вода за да ги извршат основните потреби особено во моменталната ситуација на вирусот КОВИД – 19, дополнително појасни дека немаат ниту хигиеничари . Во моментот состојбата на мајката е влошена поради вирус кој се здобила од малата Бисера а за кои се уште чекаат резултати да им се каже за каков вирус станува збор.

Мајката Александра се пожали дека на моменти е со покачена температура, а додека малата Бисера е симната е на интензивна, состојбата и е стабилизирана.

Но, мајката апелираат да се најде решение за состојбата на Бисера бидејќи и според лекарите и било кажано дека Бисера е една од илјада во светот со ретка дијагноза, па поради тоа родителите на Бисера бараат соодветна нега и внимание од стручни здравствени лица. Дополнително стравуваат од моменталната состојба во која с енаоѓа целата држава со корона вирусот.

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

притисни ентер