Мајка со мало бебе касната од куче во населабта Карпош

Обична прошетка со нејзиното новороденче на троарот на булеврот 8 септември во Карпош се претворила во хорор искуство. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Почна првата забавна „Детска олимпијада Кратово 2024“

Над 180 дечиња од Кратово, од пет до дванаесет години, се дел од годинашната забавна „Детска олимпијада Кратово 2024“. 

- Спортско-забавната програма наменета за деца на возраст од 5 до 12 години, чиј фокус е развој на моторичките способности преку спортот, и социјалните и когнитивните способности, преку игра и забава е прва во Општина Кратово и се спроведува со 180 деца распоредени во неколку групи, во различни спортови. Се одржува на спортскиот отворен терен Мусала во организација на училишниот спорстки клуб „Кочо Рацин“, а е финансирана од Општина Кратово и останати локални фирми и поединци, информираат од Општина Кратово.

Забавната „Детска олимпијада“ има за цел ширење пријателство, еднаквост, промовирање на здрав начин на живот и спортска култура кај најмладите.

Програмата ја спроведуваат наставниците од основните и средното општинско училиште во Кратово, а од Општината ги повикаа сите млади и родители активно да се вклучат во активностите што ја пренесуваат пораката за пријателство и еднаквост во секојдневниот живот и на спортските терени.

„Детската олимпијада Кратово 2024“ ќе се спроведува по два дена во неделата до крајот на месецот./МИА

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Топаана

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини.

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица), на аголот со улицата „Максут Садик“, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Како што информират од ова јавно претпријатие, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе помали диви депонии.

-Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини, се вели во денешното соопштение од ЈП „Комунална хигиена“.

Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини.

Најмалку 15 луѓе загинаа во шумските пожари во Перу

Најмалку 15 луѓе загинаа во шумските пожари ширум Перу, изјави министерот за здравство Сезар Васкез.

Во Перу годинава регистрирани се 222 шумски пожари, од кои 51 сè уште се активни.

Претседателката на Перу, Дина Болуарте вчера отпатува во регионот Амазон за да ги координира акциите со локалните власти и другите институции. Генералната дирекција за управување со ризици од катастрофи мобилизира 65 здравствени работници, 59 бригади за интервенција и 25 возила на брзата помош во најзагрозените подрачја од пожарите. /МИА

притисни ентер