26 годишна скопјанка пред два дена била искасана од улично куче по стомакот, а во моментот на нападот во количка го шетала нејзиното 40 дена старо бебе.
При целиот немил настан, количката паднала, но за среќа бебето поминало без повреди.
- Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и де стрчаа да ми помогнат… И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки? Скраја да е!“, напиша таа во објавата на фејсбук..
од ЈП „Лајка“ за Канал 5 велат дека се запознаени со случајот. Додадоа дека службите на терен и се во потрага по кучето, кое откако ќе биде најдено, ќе биде третирано во стационарот. Од претпријатието апелираа – луѓето при вакви настани, да пријават и во „Лајка“, со цел агресивните кучиња да бидат што побрзо заловени и да не продолжат со нападите.
Од „Лајка“ велат дека се Разочарани што никој не работи на превенција на ваквите ситуации. Директорката на „Лајка“ исто така додаде дека во Скопје постојат 10 критични точки каде најчесто луѓето се нападнати од кучињата. Огромен проблем според директорката, кој долги години е главоболка за градот, е што се носат улични кучиња од други градови низ скопските населби.
Освен овој, вчера во полиција биле пријавени уште две каснувања од куче во Скопје – во Аеродром и во Драчево..