Мајка на мало дете треба да оди за затвор поради прекршување на полициски час во пандемијата

„Не ја носете мама во затвор“ – малиот Андреас не пречека со неговата мајка во дворот, мислејќи дека дошол денот кога неговата мајка треба да го остави и да замине во затвор. 

26 годишната Катарина Ѓорѓевиќ го прекршила полицискиот час со нејзини пријатели кои оделе во домот. Но, пред почетокот на полицискиот час им се дупнала гумата на автомобилот и добиле казна: две илјди евра казна или три месеци казна затвор.

Проблемот да е поголем е што во моментот таа го чекала македонското државјанство бидејќи потекнува од Србија и не можела да пристустува на судњето без лична карта. Годините семејно насилство од нејзиниот татко во Србија било судбина да се вратат во родната земја Македонија на нејзината мајка. Живеење во шелтри центри години чекање. Но, нов проблем во животот бракот на Катарина не успева и детето не може да добие матична книги на родени, бидејќи мајакта немала документ. Иако има шест години Андреас дури наредната година ќе биде прваче и го чека изводот на родени. Таа вели дека бара одолжување на казната со цел да ги заврши потребните документи за нејзиниот син.

Единствен излез за оваа состојба адвокатите гледаат во носењето на Законот за амнестија, каде лицата во социјален ризик ќе се амнетстираат од затворска казна.

По сторијата на Канал 5, Ментор Лимани кој го прекршил полицискиот час лице со психички растројстава излезе од затвор поради неговата дијагноза. Катарина се надева дека казната ќе ја одложат или ќе дочека пратениците да го изгласаат законот за аменстија. Верува дека нејзиниот шест годишен син ќе има посреќно детство од нејзиното и ќе останат заедно.

Екстремно високи температури на површината на морето во Грција

Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија.

Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на температурата на воздухот забележани во земјата, температурата на површината на морето е на досега екстремно високо ниво за конкретниот период, а во јужниот дел на Јонското море и во источниот дел на Егејското море биле регистрирани температури од над 20 степени Целзиусови во првите десет сантиметри под површината на морето.

Во текот на вчерашниот ден, температурата на морската површина била за пет степени повисока во северниот дел на Егејското море, споредбено со истиот период во изминатите над 15 години.

Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт

Американската рок-пејачка и вдовица на рокерот Курт Кобејн, Кортни Лав не е обожавателка на Тејлор Свифт...

Таа проговори за тоа во нејзиното интервју за „Стандард“ (The Standard) каде што нагласи дека Тејлор не ѝ е занимлива како уметница.

- Тејлор не е важна. Таа можеби е безбедно засолниште за девојките и веројатно е Мадона на денешницата, но не е интересна како уметничка, изјави Лав и ги разбесни љубителите на Тејлор Свифт.

„Кортни секогаш ги напаѓа помладите, поубави и поуспешни жени од себеси. Оди најди работа“, гласи коментар од обожавател.

Во истото интервју Лав изјави дека не ги сака посебно ни Лана Дел Реј, ни Бијонсе, ниту Мадона. Од друга страна, пак, луѓето „откопаа“ нејзина Твитер-објава од 2021 година каде таа ѝ посакала среќен роденден на Тејлор Свифт и ѝ порачува дека е „инспирација за младите жени“ денес.

- Одлично е што има толку многу успешни жени во музичката индустрија, но многу од нив стануваат „клише“... Сега, секоја успешна жена добива свој клон, па има премногу музика. Сите се исти. Ако пуштите нешто на „Спотифај“, ќе бидете бомбардирани со многу работи коишто се сосема исти, појасни Кортни.

Инаку, рокерката која е на самиот праг од седмото десетлетие од својот живот, ќе има серија аудиоразговори за „Би-би-си рејдио 6“ под наслов „Жените на Кортни Лав“ (Courtney Love’s Women), во којашто таа се осврнува на музичарките кои влијаеле врз неа во текот на нејзината кариера.

Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи

Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места.

Претседателските кандидати и денеска продолжуваат со средби со граѓаните и со митинзи во повеќе населени места.

Kандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дојран, Валандово и во Гевгелија.

Стево Пендаровски, актуелен претседател кој се трка за втор мандат, денеска ќе биде на средби со жителите на Чашка и Свети Николе, додека централниот митинг ќе го одржи во Велес.

Максим Димитриевски, кандидат на движењето ЗНАМ - За наша Македонија, ќе оствари средби со граѓани на Зелениот пазар во Скопје. Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска ќе има средби со граѓани во Виница.

Кандидатот на коалицијата вреди Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција кај плоштадот „Скендербег“, во Скопје, додека форумот на жени на коалицијата Вреди ќе одржи регионална конференција на тема „жените во одлучувањето како квалитет на демократијата“.

притисни ентер