МАЕИ во Пустец организира свечено одбележување на Илинден

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во соработка со Општина Пустец, утре на 2 август, организира прослава по повод Илинден.

Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина, по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија.

- Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во просториите на нашата партија во Пустец, во 18.00 часот, на која очекуваме големо присуство на жители од цела Мала Преспа, рече Стерјовски.

Општонароден собир ќе биде одржан на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, во 19 часот, со македонски ора и песни, со настап на група од Преспа и детскиот младински фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово.

Новиот украински шеф на дипломатијата, Сибих, разговараше со Блинкен за воената помош

Новиот министер за надворешни работи на Украина, Андриј Сибих го одржа првиот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а во фокусот на разговорот беше забрзувањето на испораката на воена помош за Киев.

„Разговаравме за начините за забрзување на воената помош, промовирање на Формулата за мир и зајакнување на санкциите против Русија. Се надевам на блиска соработка во заштитата на заедничките демократски вредности“, објави Сибих на мрежата Х.

Стејт департментот извести дека Блинкен му честитал на Сибих за назначувањето и ја нагласил силата на партнерството меѓу САД и Украина, вклучувајќи континуирана воена, економска и хуманитарна поддршка за Киев и забрзување на закрепнувањето на економијата на Украина.

Според информациите, страните разговарале и за „идниот дипломатски календар“ за блиска иднина, пренесува Укринформ.

Во објава на социјалната мрежа X, Блинкен го нарече Сибих „долгорочен партнер“ и изрази уверување во „продолжување на добрата работа и блиска соработка“.

„Со нетрпение очекувам лична средба во наредните недели“, додаде американскиот државен секретар.

Врховната лабуристичка партија во четвртокот ја поддржа оставката на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и гласаше за назначување на Андриј Сибих на оваа позиција.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера во воздухопловната база Рамштајн во Германија објави дека САД одобриле пакет воена помош за Украина во вредност од 250 милиони долари.

Португалец се облекол како женско во смешно видео на ТикТок- му пропаѓа трансферот (ВИДЕО)

Спартак од Москва беше на прагот да потпише договор со португалскиот лев бек Рикардо Мангас (26), кој моментално настапува за Виторија Гимараеш.

Договорот веќе бил постигнат, а играчот бил подготвен да отпатува за Москва викендов, но се појавил бизарен проблем поради кој најверојатно трансферот ќе пропадне. Инаку, договорот на Мангаса со португалскиот прволигаш е до летото 2026 година, а Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на четири милиони евра.

"Трансферот е завршен, сѐ е договорено. Останува само да добиеме виза, а веќе имаме термин во Лисабон. Рикардо треба да отпатува за Русија во сабота или недела", изјави претходно неговиот агент Серхио Тиаго Рибеиро. Сепак, зделката може да се поништи во последен момент поради видеото што се појави на TikTok. Имено, Мангас учествувал во хумористичниот спот на неговата девојка, во кој бил нашминкан и носел фустан, високи потпетици и чанта.

„Кога ти и твоето момче ќе се случи да носите иста облека“, гласи описот на видеото. Иако видеото е очигледна шега и е многу чудно што може да предизвика некаков проблем, тоа предизвика жестоки дискусии во Русија. Шефот на организацијата „Татковци на Русија“ Андреј Згоников изјави дека на Мангас не треба да му се дозволи влез во Русија и дека властите се заинтересирани за оваа објава.

Доколку трансферот се реализира, Мангас би можел да се соочи со истрага за можна пропаганда на нетрадиционална сексуална ориентација и би можел да биде обвинет според рускиот кривичен законик. Агентот на играчот веднаш го коментираше спорното видео: "Рикардо сака девојки. Ако ја видите неговата девојка, сѐ ќе биде јасно. Тоа е само смешно видео на TikTok. Неговата девојка е популарна инфлуенсерка со многу следбеници на социјалните мрежи".

Осуденик на смрт во САД му препуштил на адвокатот да одбере како ќе биде егзекутиран

Осуденик на смрт во Јужна Каролина, Фреди Овенс, одлуката за тоа како ќе биде погубен му ја препуштил на својот адвокат, кој денеска објави дека казната на неговиот клиент ќе биде извршена со инјекција.

Според судските документи, Овенс (46) рекол дека одлучувајќи за начинот на погубување, активно ќе учествува во сопствената смрт, а неговата муслиманска вера го учи дека самоубиството е грев, пренесе АП.

Доколку неговиот адвокат не ја донесеше одлуката, според законот на Јужна Каролина, Овенс ќе беше испратен на електричен стол, а тој рекол дека не сакал да умре на тој начин.

Егзекуцијата на Овенс е закажана за 20 септември.

Тој е осуден на смрт во 1997 година, откако убил продавачка која се борела да отвори сеф во продавница што ја ограбил со друг соучесник.

притисни ентер