Лустриран мртов академик со псевдоним „Славјан“

Комисијата лустрираше уште 14 припадници на тајните служби меѓу кои и актуелен член на ДИК.

Академик, еден од најпознатите македонски литерати денеска е лустриран. Со позната и призната поезија и проза, писателот иако е под земја и одамна починат, сепак е лустриран. Затоа што соработувал со тајните служби и следел писатели и уметници, а пред тајните служби ги кодошел, а за некои тврдел дека пишуваат лоша литература. Бидејќи е починат неговото досие заведено под псевдонимот Славјан нема да биде објавено. А од комисијата сметаат дека Славјан требало да се лустрира иако е еден од најпознатите македонски книжевници по втората светска војна.

Комисијата за лустрација со ваков потег како да пишува сценарио за продолжение на филмот „Друштвото на мртвите поети“. Не навлегувајќи во книжевните дострели и врвните награди на лустрираниот, членот на комисијата смета дека и Славјан но и останатите 15 поранешни функционери денеска се лустрирани противзаконски.

Комисијата лустрираше уште 14 припадници на тајните служби како наредбодавци кои наредиле следење и кодошење на актуелен претседател на политичка партија во почетокот на плурализмот во Македонија. Меѓу нивните жртви е и актуелен член на Државната изборна комисија кого службите го следеле пред 20 години.
притисни ентер