Лукаревска: Заедно ќе ја избереме најдобрата понуда за секоја општина, за секој град

Изминатите години покажавме дека знаеме да владееме транспарентно, отчетно, чесно и одговорно и дека секој пат на прво место ни се граѓаните, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина на СДСМ. 

Таа порача дека статистиките и резултатите се на наша страна, а принципот враќање на парите на граѓаните е ќе остане принцип на нашето делување и функционирање.

И во пандемија покажавме како се работи, донесовме неколку сетови мерки со кои го заштитивме секое работно место, секој граѓанин, секоја компанија, различни цели групи, вбризгавме 62 милијарди денари во домаќинствата и компаниите, нагласи Лукаревска.

Таа додаде дека СДСМ заштити 100.000 работни места и ги зголеми платите кај 200.000 работници, а сега ја реализираме инвестициската програма којашто тежи 8 милијарди евра.

Ова е нашата стратегија за успех, напредок, просперитет, кој не води секој пат напред, истакна Лукаревска.

Тргнавме заедно со вас, за да слушнеме, забележиме, што треба да биде најдобро за сите општини и за Градот Скопје, ги слушаме граѓаните и потоа делуваме, порача Лукаревска пред големиот број присутни граѓани.

Таа нагласи дека повеќе од 4.500 проекти се зваршени, повеќе од 2.300 проекти се во фаза на реализација и сите овие проекти се дел од победничките програми на нашите градоаначлници.

Сега нема стиропор, има опремени училишта, сега нема жални врби, има весели и задоволни велосипедисти, ние не инвестираме во рѓосани споменици, инвестираме во човечкиот капитал, сакаме заедно да го одбреме најдоброто за нашите улици, за нашите, градинки, училишта, маала за нашата иднина, порача Лукаревка.

Ве повикувам сите заедно сплотени да градиме мсотови, кои ќе не однесат на најдобриот пат, директно кон нашиот најубав град Скопје, ние сме и ќе останеме победници, порача Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина"., се наведува во партиското соопштение.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер