Лукаревска во Куманово: Македонската развојна економија ги вклучува сите граѓани, нема враќање на тие што не знаат економија

Денеска од Куманово, на локалитетот Студена вода,  кој што интензивно се уредува за спорт и рекреација со финансиска поддршка на Владата, носителката на листа во ИЕ2, Сања Лукаревска говореше за новиот економски концепт за развој на државата

-Социјал демократскиот сојуз и коалицијата ''Можеме'' обезбедуваме нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите. Продолжуваме со поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, една милијара евра странски инвестиции за следните 4 години. Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот. Платите ќе растат, минималната на 20 000 денари, а просечната на 34 000 денари, пензиите ќе ги следат платите, субвенциите за земјоделците се зголемуваат на 200 милиони евра годишно, го цениме трудот на луѓето, рече Лукаревска.

-Македонската развојна економија ги вклучува сите граѓани, а енергијата, иновативноста и креативноста ги црпи од младите луѓе и во младите уште повеќе ќе вложува. Создаваме амбиент во кој младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Ги поттикнуваме младите и жените да отвараат сопствени фирми со грантови до 15.000 евра. Поддржуваме стартапи формирани од млади кои нема да мора да прават административни и логистички трошоци. Инвестираме во перспективна, заедничка иднина, без разлики и поделби. Оваа држава ни припаѓа на сите подеднакво и е наша заедничка одговорност. Затоа, на 15 јули одиме на избори заедно и ќе победиме. Нема враќање на тие што не знаат економија, на тие што се против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните, зашто ги сакаат само за себе. Има кој знае, покажавме, а Можеме уште повеќе, уште подобро, се наведува во соопшштението на СДСМ.

НЛБ Рамка за помош – За подобар свет

Интервју на Роберт Петрушевски од  Здружение за едукација и подигнување на социјална свест „За подобар свет“

НЛБ Банка како дел од регионална Групација која оперира на 6 различни пазари во рамки на регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија), веќе четврта година по ред го реализира проектот „Рамка за помош“. Станува збор за иницијатива која има за цел да ги помогне и промовира иновативните проекти кои го подобруваат и збогатуваат нашето општество и овој пат решаваат предизвици како што се на пример: прекумерна употреба на дигитални технологии кај младите луѓе, врсничко насилство, кршење на човековите права, родова еднаквост, сиромаштија, како и предизвици поврзани со деменција и други болести на стареењето на населението.

Веќе четврта година НЛБ Банка успева да одржи континуитет во рамки на еден цел регион. Нивната порака е дека единствено заедно можеме да се справиме со клучните предизвици со кои се соочуваме во општеството, односно дека секој треба да соработува и активно да придонесе за решенија.

Во рамките на „Рамка за помош“, оваа година се даде одлична можност на оние кои работат за доброто на луѓето, односно беа избрани 10 финалисти од нашата земја, но и на секој поединечен пазар каде што работи НЛБ Групацијата, а секој од нив ќе биде награден со финансиска и комуникациска поддршка.

Потоа, регионалната комисија ќе избере 3 победници на проектот, од 60- те финалисти од Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија. Добитниците ќе бидат објавени на 9-ти мај 2024-та година во Љубљана, а ќе добијат значајна финансиска поддршка која ќе им овозможи полесно да ја реализираат својата визија и да почнат да ги менуваат општеството и светот на подобро.

Во продолжение, Ви го претставуваме Роберт Петрушевски од Здружение за едукација и подигнување на социјална свест „За подобар свет“

Целта на проектот е преку едукација да создадеме нови генерации на деца кои од најмала возраст ќе знаат без страв да живеат со кучињата во нивниот дом и непосредната околина. Цел на проектот е и да развиваме епатија кон кучињата, правилен соживот во домот и надвор. Целна група се деца од 6-11 години, односно ученици од прво до петто одделение. Со нив е планирано организирање на едукативни интерактивни работилници. Секоја едукативна работилница е планирана во траење од 35 до 40 минути со едно одделение или од 30 - 35 ученици. Работилниците ќе се одржуваат во дворот на училиштата.

Зошто е меѓу избраните?

Едуцираните деца посетители на работилниците, ќе знаат да препознаат опасност од агресивно или болно куче на улица. Ќе стекнат вештини и знаење за да помогнат и на други лица во несакани случаи со насилни кучиња. Кај учениците ќе поттикнеме желба за добар однос кон кучињата, љубов и желба за вдомување на куче.

Ковачки: Во рамките на проектот „Злетовица“, изградба на 6 мали и 2 хидроцентрали со цевководи

Изминатите години се години кои се црно минато за нашата држава. Години кои ќе сакаме да ги заборавиме и никогаш повеќе да не ни се повторат. 

Години на тешки национални предавства, криминал и корупција од енормни размери, опасна економска катастрофа, јавен долг од 8,8 милијарди евра, најниски плати и пензии во Европа, а највисока инфлација во регионот и пошироко. СДС-ДУИ забегаа во секоја смисла на зборот, без никакви чувства, без никакви сопирачки, рече Драган Ковачки носител на листата на пратеници во третата изборна единица од митингот во Кратово во рамките на предизборната кампања за парламентарни и претседателски избори.

Ковачки истакна дека иселувањето има земено загрижувачки размери, огромен дел од младите размислуваат за селење во странство и скоро да нема фамилија што нема свои блиски раселени по белиот свет, при што запраша каде се сега СДС да оставаат чевли пред Влада, како симбол за сите наши што се иселија.

Устата им е полна со Европската Унија, рече Ковачки и додаде, ама во Европската Унија заминаа само тие што се иселија, сите останати сме тука во татковината, грчевито се бориме на парчето земја кое го населувале нашите татковци, дедовци и прадедовци и сакаме тука да останеме, да живееме нормално и да бидеме во друштво со европските народи.

Ковачки посочи дека за тоа да се реализира треба работа, многу работа, многу напредок и љубов за сопствената земја за што ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и во иднина ќе работи за интересите на сите граѓани и на граѓаните од Кратово.

Пред присутните на народниот собир во Кратово, Ковачки наброја дел од проектите предвидени во предизборната програма „Платформа 1198“ кои ќе бидат реализирани во градот во наредниот четири годишен мандат.

„• Во рамките на третата фаза од проектот „Злетовица“ - Предвидуваме изградба на шест мали хидроцентрали меѓу кои и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово;

• Предвидуваме заживување на проектот „Плавица“ и отворање на Рудникот за бакар, злато и сребро;

• Изградба на дом за стари лица во Кратово;

• Реконструкција на детска градинка Царка Андреевска;

• Реконструкција на градска сала;

• Регулација на речно корито и изградба на колекторски систем за уредување на дел од Манцева река и дел од Кратовска река;

• Реконструкција на патиштата до селата Близанци, Куново, Мушково и Нежилово до Каврак;

• Изградба на мала пречистителна станица во село Приковци;

• Реконструкција на зградата на поранешна Кристалограверница и многу други проекти кои што планираме да ги реализираме во Кратово“, рече Ковачки, се наведува во партиското соопштение.

Тесла повлекува илјадници камиони Сајбертрак, причината е застрашувачка

Tesla најави повлекување на 3.878 Cybertruck возила поради проблем со педалата за гас, што може да доведе до несакано забрзување на возилото, соопшти американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA).

Педалата за гас може да се откачи и заглави, потенцијално да предизвика неконтролирано забрзување на возилото, што претставува значителен безбедносен ризик. Tesla планира да го реши овој проблем со замена или поправка на склопот на педалата за гас, без дополнителни трошоци за сопствениците, кои ќе бидат известени за повлекувањето со писма во јуни.

Ова е уште еден во низата проблеми со кои се соочува Tesla, откако испораките на Cybertruck започнаа кон крајот на минатата година со двегодишно задоцнување поради проблеми со производството и ограничувања во снабдувањето со батерии, пишува Reuters.

Во првиот квартал од 2024 година, Tesla имаше три повлекувања кои влијаеја на околу 2,4 милиони возила, според извештајот на компанијата за управување со повлекување BizzyCar. Повеќето проблеми поврзани со повлекувањето возила на Tesla се решени преку далечински ажурирања на софтверот.

притисни ентер