Лукаревска: Нудиме повисоки плати и пензии, граѓаните сакаат прогрес, а не национализам

Носителката на ИЕ 2, Сања Лукаревска, при посетата на општина Липково, рече дека е горда што е носителка токму на ИЕ2, бидејќи таа е достоинствен репрезент и пример за разноликост, за соживот и за заедништво. 

„Без разлика на кој етникум и вера припаѓаме, сите имаме исти потреби и исти или слични проблеми.

Изминатите три години направивме многу! Ја внесовме државата во НАТО, на пат сме да станеме членка на ЕУ!

Но, ги покачивме и платите и пензиите, ја покачивме и социјалната помош за дури 300 %.

На граѓаните им е доста од националистичка реторика. Тие сакаат решенија за реалните проблеми", рече Лукаревска.

Лукаревска кажа дека и по 15 јули, ќе се продолжи по исправниот пар.

„ Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните!

Платите и пензиите ќе продолжат да растат.

Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, додека просечната плата ќе расте до 34. 000 денари. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %.

Обезбедуваме достоинствен живот за сите наши граѓани, рече Лукаревска, се наведува во соопштението на СДСМ..

Во последното деноноќие 15 починати, 173 новозаболени и 150 оздравени

Статистиката за состојбата со коронавирусот во земјава и понатаму бележи рекордни бројки.

Во последното деноноќие бележиме најмногу починати – 15, од кои осуммина се од Скопје.

За последните податоци околу епидемијата во живо ја вклучуваме Михаела Димовска.

Кои се последните податоци од здравствените власти ?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Ќе се прави скрининг на новинари и медиумски работници за КОВИД-19

Министерството за здравство на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за КОВИД – 19. Скринингот ќе биде спроведен во два круга.

Во првиот круг, во период од три дена, ќе бидат опфатени најмалку 500 новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.

Како што посочуваат од Министерството, во последниот период новинарите и медиумските работници кои известуваат на терен за активностите на учесниците во предвремените парламентарни избори, поради зголемениот обем на работа, се дополнително изложени на вирусот КОВИД – 19. Освен тоа, во ЗНМ било пријавено дека во дел од националните медиуми има нови позитивни случаи на заразени новинари и медиумски работници, но и колеги кои се сомневаат дека се заразени.

-Поаѓајќи од тоа, но и од потребата да се даде приоритет на новинарите и медиумските работници ќе се спроведе скрининг во два круга. Во првиот круг ќе бидат опфатени новинари и медиумски работници од информативните програми од поголемите медиуми, со цел да се утврди дали и колку од вработените се заразени. Ова ќе придонесе да се спречи ширење на болеста во овие редакции каде има поголем број на лица кои работат во исто време во ограничен простор. Според првичната проценка целта е да се опфатат најмалку 500 новинари и медиумски работници во првиот круг во период од три дена, а во зависност од исходот на ова соодветно ќе се планира временската рамка и начинот на спроведување на скринингот и во вториот круг, појаснуваат од Министерството за здравство.

Поголемите редакции ќе добијат подетални информации во текот на утрешниот ден со цел да се направи соодветен распоред за спроведување на скринингот. За останатите помали редакции, дополнително ќе следат информации за скринингот по завршување на првиот круг.

Обвинителството го следи објавувањето на „бомбите“, ако има криминал ќе реагираат

Дали во досега објавените бомби има индиции за сторен криминал Јавното обвинителство се уште истражува.

Последниот одговор оттаму е дека ги следат објавените снимки и доколку се утврдат елементи на кривични дела ќе постапат.

Откако почна предизборната кампања, речиси секојдневно се објавуваат аудио материјали на Јутјуб, во кои се инволвирани лидерите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Мицкоски и Заев. За последната снимка објавена пред три дена на која лидерот на социјалдемократите зборува за Шарената револуција тој денеска одговори дека се работи за грешка која како што рече била последица на подолго седење во кафеана.

Од обвинителството потврдија дека го добиле известувањето и доказите од СВР Скопје за случајот со теретаната со Мицкоски. Но тоа за обвинителството не било доволно па информираат дека надлежниот јавен обвинител презема и други дејствија по што ќе утврдат дали партискиот лидер ги прекршил здравствените протоколи.

притисни ентер