Лукаревска: „МојДДВ" е успешна мерка која ја користат 304.912 граѓани

Апликацијата „Мој ДВВ" ја користат 304.912 граѓани, а досега се скенирани 143.788.631 фискална сметка.

Вкупно вратениот поврат од ДДВ за трите квартали досега е 671.270.576 денари или 10.914.968 евра, објави денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на одбележувањето на една година од воведувањето на проектот „МојДДВ".

Лукаревска на прес-конференцијата, организирана по тој повод, истакна дека од воведувањето на „Мој ДДВ" наплатата на данокот на додадена вредност во периодот јули – декември бележи зголемување во просек за 11,2 проценти во однос на истиот период 2018 година.

– Сметките се скенираат секојдневно. „МојДДВ" е успешна мерка која ја реализиравме. Таа е мерка за граѓаните. Продолжуваме и понатаму да ги поедноставуваме процедурите во УЈП и да ги подобруваме услугите, рече Лукаревска.

Преку апликацијата „МојДДВ", граѓаните во изминатиот период можеа да ги донираат средствата за борба против корона вирусот. Досега донирани се 5.809.613 денари, а можноста за отповикување ја искористиле 3.161 граѓанин.

Првиот поврат на ДДВ беше реализиран во декември лани при што на 151.498 граѓани им беа вратени 158.065.205 денари. Вториот поврат беше реализиран во февруари годинава кога на 186.515 граѓани им беа вратени 211.988.131 денар. Третата исплата беше реализирана во мај годинава кога 240.597 граѓани добија поврат од ДДВ во износ од 301.217.240 денари.

Освен преку мобилната апликација, граѓаните можат да ги скенираат сметките и преку БАР читачи поставени во 36 организациони единици на УЈП и седум киоск апарати во седум регионални дирекции на УЈП.

Проектот има две цели – да се поттикне издавањето на фискалните сметки и да се намали сивата економија, како и граѓаните да добијат поврат од ДДВ./МИА

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска беше меѓу жителите на општината Чучер-Сандево.

Заблагодарувајќи им се што одлучиле попладнето да го поминат со него, Пендаровски рече дека на 8 мај е загарантирана двојната победа.

„100% победуваме. На 8 мај ќе славиме за двојната победа за сите нас и за Македонија", истакна Пендаровски.

Говорејќи за досегашната работа на актуелната политичка гарнитура, Пендаровски го истакна членството во НАТО, како најголема организација која ја гарантира безбедноста и стабилноста на сите членки без исклучок. „Без пријатели, мала земја како нашата, тешко може да опстане“ потенцираше Пендаровски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање на 24 април, да заокружат број 1 и да добијат гаранција за подобра иднина на нивните деца и на нивните внуци, соопштуваат од тимот на Пендаровски.

Салма Хаек со поќерката ги привлече сите погледи во Венеција (ФОТО)

Салма Хаек и нејзината 23-годишна поќерка Матилда Пино привлекоа внимание на гала вечерта во Венеција, каде се појавија во елегантно издание.

57-годишната актерка пристигна во долг син фустан со светки, додека Матилда носеше сребрен фустан. Со нив бил и Франсоа-Анри Пино, сопругот на Салма и татко на Матилда.

Актерката е во брак со бизнисменот Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Салма ја има ќерката Валентина Палома со Пино. Бизнисменот од врската со Линда Евангелиста го има синот Аугустин Џејмс, а од првиот брак со Дороте Лепер ја има ќерката Матилда и синот Франсоа.

Од почетокот на врската со Пино, Салма развива добри односи со неговите деца. Таа неколку пати објавуваше заеднички фотографии.

Димитриеска Кочоска: Платформа 1198 значи повисок стандард, раст на БДП од 5% на среден рок

Состојбата е катастрофална во секоја сфера. Главниот проблем е тоа што државата не е функционална и тоа што граѓаните воопшто не можат да имаат никакво влијание и немаат влијание врз одлучувачките процеси.

Ако немаме економија, тогаш не можеме да очекуваме развој во ниту еден сегмент.

Не смееме да дозволиме и понатаму, државата да биде киднапирана од стотина луѓе од власта кој што носат одлуки само за нивни лични интереси и за нивно богатење.

И токму поради тоа, народот треба да стави стоп на ваквото однесување. Да излезе масовно и да гласа, затоа што се потребни промени, промени кои што ќе ја направат Македонија твоја.

Денес сум во Македонски Брод, кој што можам комплетно да кажам дека е целосно заборавен од централната власт и токму тоа треба да се промени.

Имав средби со граѓани, имав средби со стопанственици. Едногласно е секаде размислувањето и одлуките на луѓето дека промени мора да да има. При тоа, го искористивме периодот од денот да ги презентираме мерките и решенијата кој што ВМРО-ДПМНЕ ги има во својата Платформа 1198, кој што и всушност значат многу подобар живот за граѓаните, повисок животен стандард, раст на БДП од 5% на среден рок, повеќе пари за малите и средби бизниси, повисоки пензии.

Затоа, масовно треба да излеземе и да гласаме на 24 април и на 8 мај, со цел да има промени и за повторно Македонија да биде твоја, односно да биде наша, рече Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за пратеник во изборна единица 1.

притисни ентер