Луда журка на Градиште - станува ли Охрид нов ковид кластер во Македонија?

Станува ли Охрид нов ковид кластер во Македонија? По долгиот продолжен викенд, на социјалните мрежи се споделуваат видеа од забави на охридските плажи, каде како што може да се забележи, социјалната дистанца не се применува.

Младите од плажата Градиште како да живеат во Виртуелен свет, па исто како и текстот на песната која ја пејат си поигруваат со ѓаволот.

Во време кога од коронавирусот во Македонија дневно умираат во просек по 10 луѓе - во овој летен камп во Охрид стотина млади лудо се забавуваат качени на маси без никаква дистанца и заштита. Видеата кои се појавија на социјалните мрежи предизвикаа револт кај граѓаните, кои стравуваат дека со ваквата неодговорност Охрид, но и цела Македонија, затоа што младите кои се на видеата најмалку се од Скопје, многу лесно може да стане новиот Вухан, а со тоа шансите за огромен број нови случаи и голем број починати лица се зголемува.

На угостителите на втората и третата плажа во Градиште од Државниот пазарен инспекторат веќе им подготвуваат кривични пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Прашање е зошто само за угостителите? Зошто се апстрахираат и крајно неодговорните гости?

Засега нема податок колку од посетителите добиле прекршочна пријава за непочитување на мерките. Од СВР Охрид велат дека полицијата извршила контрола на забавата, каде освен нарушување на протоколите пронашле и дрога.

“ Приведени се и околу десетина лица од Скопје но и од други градови поради пронајдена опојна дрога марихуана, истите се затекнати на плажата Градиште, но и на други плажи на охридксото крајбржје. “

По ова се поставува прашањето како локалните власти на чело со Градоначалникот на Охрид, дозволија вакво однесување и дали и кој ќе ја понесе одговорноста за одржувањето на овие забави, но и непочитувањата на мерките низ целиот град. Ние побаравме одговор и од охридскиот градоначалник Костантин Ѓеоргиески, кој не сакаше да даде изјава, но во телефонскиот разговор рече дека тие вршат инспекциски надзор заедно со институциите и апелираат да се почитуваат мерките.

“ Маса народ кога ќе имаш не можеш да ja контролираш. Разочаран сум од однесувањето на гостите, треба да се повеќе свесни за да го заштитат своето, но и туѓото здравје”, рече Ѓеоргиески во разговорот.

Но дали градоначалникот не е разочаран и од своите домаќини кои речиси во ниту еден објект кој не е угостителски не носат маски? Зошто Охрид како бисер на туризмот е крајно здравствено неподготвен за оваа туристичка сезона, за која се знаеше дека ќе биде прв избор за туристите, поради светската пандемија? Многу наскоро, доколку нагло рипне бројката на заразени, локалната но и дел од централната власт ќе треба да одговорат на сериозни прашања.

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството, го уапсиле со марихуана

Актерот Сергеј Трифуновиќ утре ќе биде сослушан во обвинителството пред да се донесе одлука за ослободување или евентуален притвор.

Трифуновиќ по апсењето доби притвор до 48 часа, а утре ќе биде изведен на распит во обвинителството. По рочиштето ќе се знае дали ќе биде ослободен или приведен, објави Индекс.

За потсетување, Трифуновиќ синоќа е приведен во Белград заедно со негов познаник од кого наводно купил марихуана. Трифуновиќ претходно беше приведен во октомври минатата година, исто така во Србија, поради навреда на полицајци. Пред тоа имаше проблеми и со полицијата во Хрватска, за време на летниот одмор во Сплит, по што му беше забранет влез во ЕУ.

ЦИА: Без помош од Конгресот, Украина може да биде поразена до крајот на годинава

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс ги предупреди членовите на американскиот Конгрес дека Украина може да биде поразена до крајот на оваа година, пишува весникот „Политико“.

Постои многу реален ризик украинците да бидат поразени на бојното поле или барем Путин да биде во позиција суштински да ги диктира условите за политичко решение – рече тој во ленгли на настан во центарот „Џорџ Буш“..

Украинските власти денеска соопштија дека во два руски напада во централниот украински регион Дњепро-Петровск загинале најмалку осум лица, меѓу кои три деца..

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар Иловица-Штука

Еуромакс Рисоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица – Штука“. 

На Владата и дадоа рок до крајот на годината да ја промени својата одлука, во спротивно државниот Буџет ќе претрпи огромна штета. Третманот кон нашиот прокетот од страна на властите во Македонија е скандалозен оценуваат од компанијата. Велат доколку тоа не се промени и се продолжи со занемарување на владеењето на правото тогаш ќе има соодветни последици.

„Нашето трпение е при крај. Не можеме повеќе да одоголовлекуваме, чекајќи политички одлуки за игнорирање на правните околности. Ако политиката спротивно на законот каже не за нов и модерен рудник за бакар ќе има правен епилог кој нема да биде поволен за дражвата, а аза жал и нејзните граѓани.“- Тимоти Морган Вин – главен изврешен директор на Еуромакс Рисоурцес

Реакцијата на компанијата доаѓа откако Владата минатата година реши да ги спои двете концесии Иловица 6 и Иловица 11 со што се отвори патот за реализација на проектот за ископ на злато и бакар во струмичката околина, но неколку дена подоцна, по низата протести на струмичани, ваквата одлука беше повлечена. Што за адвокатскиот тим на компанијата е неприфатливо и спротивно на владеењето на правото.

„Одиме во насока која ќе биде штетна можеби. Претпоставувам дека се работи за семоцифрен износ кој ќе биде досуден против С.Македонија. и морам да ви кажам дека ако до крајот на годината нема реалзиација на владеењето на правото, за жал ќе мора да бараме поддршка и пресуда од институциите кој се одговорни за заштита на инвестициите.“- Габрил Лански – правен застапник на Еуромакс Рисоурцес

Од Владата тогаш беа на ставот дека доколку граѓаните во тој регион не сакаат рудник нема да има, а протестите беа поддржани и од дел од тогашните министри.

Од Еуромакс и денеска останаа на ставот дека целиот процес со рудникот е во согласност со законот, и дека ќе се применуваат најсовремени рударски практики, и дека на ниту еден начин нема да се загрози животната средина.

притисни ентер