Лорд Робертсон до Ахмети: Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на членството во НАТО

Лорд Џорџ Робертсон, од името на Охридската група упати писмо со честитки до лидерот на ДУИ Али Ахмети по повод членството на Македонија во НАТО и одлуката за почнување преговори со ЕУ.

-Ви пишувам на овој историски ден кога знамето на Македонија гордо се вее пред седиштетео на НАТО во Брисел, да ви честитам Вам и на вашата партија за вашите напори за постигнување на овој ден за паметење. Сите во Македонија кои имаа улога во доготрајниот процес кој доведе до овој ден треба да се пофалат за нивната издржливост и трпеливост во постигнувањето на огромниот чекор напред за вашата земја и Западот Балкан. Ние од Охридската група, пријатели на Македонија сме горди што имавме мала улога во водството до денес. Затоа славиме со вас што вашата земја се приклучи на Алијансата, пишува Лорд Робертсон.

Секако, додава, ова не е единствената причина за честитките. – Одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за идното членство на земјата во ЕУ е исто така огромен чекор во вистинската насока за вашата земја. Македонија, извонредна мултиетничка држава во срцето на местото што беше едно од светските проблеми во светот, сега заслужува – со свои напори, да биде дел од европскиот мејнстрим. Вашето лидерство низ годините беше од суштествено значење за постигнувањето на она што се случува денес и од име на Охридската група ви благодарам за тоа. Денеска ФИРОМ конечно умре. Македонија сојузничка на НАТО живее, стои во писмото потпишано од Лорд Робертсон од Порт Елен, поранешен генерален секретар на НАТО.

„Групата Охрид" е неформална група формирана од македонската Влада за поддршка на нашата земја на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ. Ја сочинуваат истакнати државници со исклучителни политички кариери и дипломатско искуство. Во неа членуваат покрај Робертсон и Хавиер Солана, порнашениот бугарски претседател Плевнелиев, поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билт и амбасадорите Ален Ле Роа и Волфганг Ишингер. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер