Љутков до Костадиновска: За реализација на фестивалот во Приштина одвоивте 30.000 евра - Канал 5

Љутков до Костадиновска: За реализација на фестивалот во Приштина одвоивте 30.000 евра

За реализација на фестивалот во Приштина одвоивте 30.000 евра, тоа е многу повеќе од парите за нашите меѓународни фестивали Ристо Шишков и Скомрахи.

Љутков до Костадиновска: За реализација на фестивалот во Приштина одвоивте 30.000 евра

Реакциите на јавноста со објавувањето на Годишната програма за култура не стивнуваат!

Бидејќи не е јавно соопштено, новост е дека вчера, имињата на комисиите се објавени со линк, кој e додаден на веб страната на министерството заедно со резултатите од Годишната програма. Веројатно, за да нема поголема видливост!

Министерке, не дадовте ниту еден аргументиран демант и должите на македонската јавност уште многу неодговорени прашања: дали од овие членови членот на комисијата за музејска дејност е наставник по англиски јазик исто како вас и нема никаква допирна точка со музејската дејност? Дали членот на комисијата за визуелни уметности е се уште студент? Ако во времето на ВМРО-ДПМНЕ како што рековте Вие имало и академици, и во најмала рака универзитетски професори, комисијата за заштита на културно наследство сега е составена од членови кои немаат ниту научно звање, а за потсетување на јавноста, минатата година за член на истата комисија беше наставник по биологија! Дали претседателката на комисијата за интердисциплинарни, освен што е истакнат активист на СДСМ е и член на извршната канцеларија на Здружението на граѓани МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР Битола, за кое во оваа дејност самата си доделила 11.000 евра за проектот „Битола отворен град 2024“, и дали членови на комисијата за фолклор си доделувале средства во здруженијата на граѓани во кои тие самите партипицираат? И колкумина од вашите членови на комисии кои го чинат македонскиот народ со околу 80.000 евра, се активисти на СДСМ и ДУИ, односно повеќе се партиски препознатливи отколку по нивниот професионален бекраунд?!

Вие која никогаш не сте биле дел од културата, да Ви повторам уште еднаш она што културната јавност многу добро го знае, дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ, пресовите на министерот при објавувањето на Годишната програма се одржуваа во присуство на сите членови на комисиите, затоа што, со квалитетни и истакнати професионалци и со буџети со износи од 9.000.000 – 12.000.000 денари, само во националните театри, не сме имале од што да се срамиме! А, хонорарите на членовите на комисиите беа за 70% пониски, иако тогаш во најмала рака како што веќе кажав, претседателите на комисиите беа со научни звања, универзитетски професори, дури и академици.

Бидејќи во овие два изминати денови, најжолчно се обидувавте да го одбраните фестивалот „МОИСИУ“ во Приштина, небаре лажеме, јавноста може да се увери од Годишната програма за меѓународна дејност за Националните установи, каде многу јасно е објавен насловот, цитирам: „РЕАЛИЗАЦИЈА на фестивалот „МОИСИУ“ во Приштина, Косово“. Ако тврдите дека не се работи за организација туку за учество, произлегува и дополнителна дилема, зошто сите останати национални театри кои се финансирани за учество во многу подалечни земји, се поддржани со десет пати помали средства? И доколку станува збор само учество, како тоа за само 100 километри пат, министерството издвоило 30.000 евра?! И конечно, ова наводно учество на фестивал во Косово, зошто чини многу повеќе, отколку организацијата на нашите етаблирани традиционални меѓународни фестивали „Ристо Шишков“ и „Скомрахи“ заедно.

Почитувани уметници и граѓани на Република Македонија кои сте дел од културното битисување,

Денес во моеиме, а и во ваше име ќе и поставам на министерката и на Владата која таа ја застапува, уште неколку дополнителни прашања врзани за капиталните инвестиции во културата, кои сите нас не засегаат и тоа:

Зошто на одобрени 220 милиони денари за доизградба на Театарот во Струмица во 2017 година, Вашата Влада ги пренамени средствата и денес 7 години потоа истиот не е довршен?

Зошто ја стопиравте градбата на Драмскиот театар во Скопје иако беа обезбедени средства во буџетот за 2017 година, а истите ги пренаменивте?

Ви оставивме изградена карабина на Турскиот театар, седум години по ред, требаше само да ја завршите во првата фаза, а остатокот на објектот да се доизгради со средства од Турската Влада.

Ни тоа не го направивте. Зошто од 2020 година, од кога помпезно имаше најава дека со Одлука на Влада се одобриле средства за изградба на нов објект на „Танец“, до денес никој не видел ниту проектна програма?

Зошто од 2017, секоја година изјавувате дека сега работите на Проектна програма за Театарот во Прилеп, во 2019 година дека сега се средуваат градежните дозволи во Општината, па во јуни минатата 2023 година, се обидовте да се ја префрлите топката на градоначалникот дека политички ве опструира, а кога за само еден месец сите услови ви беа обезбедени, повторно се вративте на старата песна и пак на проектната програма.

Во 2022 година, по цели 5 години отпочнавте со реконструкција на кровот на НУБ „Св. Климент Охридски“ и најавивте дека ќе продолжите следната година со блоковите 3 и 5 од објектот, се’ до неговото завршување за повторно да го вратите сјајот на овој значаен архитектонски објект. Од тоа нема ништо!

А, што да кажеме за Театарот во Куманово? Исто така, долго најавената реконструкција, за која одвоивте 15 пати помалку средства, отпочнавте со уривање на ентериерот и денес театарот е неупотреблив за реализација на културни содржини. Нови средства во 2024 за него, секако нема!

И секако, еден од најголемите најавени инвестициски најавени зафати кој е предмет на манипулација е реконструкцијата на Универзална сала, па ќе ви ги поставам истите прашања кои ви ги постави пратеничката Ане Лашкоска. Кога распишавте тендер за реконструкција на Универзална сала? На сајтот за јавни набавки, ваква набавка нема! Која фирма ја избравте за изведувач и како? Кој е и како го избравте надзорот? И колку средства се обезбедени за 2024 година?

Искрено не очекувам одговори, бидејќи одамна е јасно дека оваа неспособна Влада, освен што со години ја манипулира јавноста, нема ниту една инвестиција во Република Македонија и затоа ќе остане уште долго време запаметена како Влада која една шајка нема заковано!

Жалам што државата ја доведовте на апарати, економски, институционално, регионално. Вие и Вашата Влада успеавте и она што со столетија ни е дадено, цивилизациското и културното наследство да го урнисате!

Министерке, да сум на Ваше место најмалку што можам да направам е да ја повлечам оваа срамна и убедливо најлоша Годишна програма!

Но, надежта последна умира. После 8-ми мај, овакви скандалозни програми ќе бидат минато!

Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ханиг

Народната банка презема мерки за  поттикнување на зелените финансии и за зајакнување на отпорноста на финансискиот систем на климатските ризици.

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Ханиг

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во Вашингтон оствари средба со извршниот директор на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), Алфред Ханиг, на којашто се разговараше за залагањата на Народната банка за олеснување на пристапот до финансиските услуги коишто ќе обезбедат премин кон еколошки одржлива економија.

На средбата акцентот беше ставен на идните развојни политики за зелена финансиска вклученост, чијашто цел е да се поттикне приватниот сектор да понуди услуги и да преземе активности коишто се насочени кон градење отпорност на потенцијалните ефекти од промените на климата.

Гувернерката во разговорот истакна дека Народната банка воспостави стратегиски пристап кон зелените финансии преку подготовка на првата Стратегија за поттикнување на зелените финансии, којашто вклучува повеќе активности за намалување на климатските ризици и поддршка на одржливиот развој. Таа посочи дека овој пристап ја потврдува определбата за систематска и долгорочна интеграција на климатските фактори во финансиската стабилност и политиките на централното банкарство.

„Промените коишто ги иницираме имаат за цел не само да ја унапредат отпорноста на банкарскиот систем, туку и да обезбедат поддршка за економијата во процесот на декарбонизација и енергетска ефикасност“, посочи Ангеловска-Бежоска. Таа наведе дека заради транспарентност, Народната банка воведе регулативни барања поврзани со објавувањето податоци за зелените кредити и за изложеноста на банките на климатски ризици, со што се поставува основа за редовно информирање на јавноста за придвижувањето на финансискиот сектор кон зелени практики.

„Како дел од нашите заложби, го објавивме и првиот преглед на зелени финансии – сеопфатен документ што ги опфаќа статистичките податоци и показателите за животната средина, енергетиката, климатските ризици и зелените финансии. Покрај ова, преку активно учество во Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем (НГФС), експерти од Народната банка учествуваа во изработката на Водичот за обелоденување на ризиците и можностите поврзани со климатските промени за централните банки, што претставува важен чекор кон градење светска регулативна рамка во оваа сфера“, истакна Ангеловска-Бежоска.

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Погрешните економски политики на Владата на Мицкоски веќе ги даваат првите горки плодови, Македонија според проекциите на Светска банка ќе биде на дното во регионот по економски раст, со проектирани само 2,7% раст на БДП оваа година.

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Ова значи дека ако се пресмета инфлацијата од над 3%, раст воопшто нема, односно економијата е во стагнација. Ова е она што СДСМ го предупредува уште од првиот ден, Мицкоски и Владата се економски некомпетентни.

Откако успеаја да ги пресечат лентите на сите инвестиции на СДСМ, да се накитат со туѓи перја, сега нема ништо од нивната работа. Инвестициите си заминуваат, бројот на вработени во овие компании се намалува, а Владата единствено се шета на скапи патувања по светот без никаков ефект.

Трагедијата е што во ваква безизлезна ситуација, Владата нема никакво чувство на одговорност ниту кон граѓаните, па е решена да ги држи платите ниско, цените да растат неконтролирано и граѓаните да живеат сѐ потешко. Сумарниот ефект од овие погрешни политики во секој сегмент од економијата е евидентен: економска стагнација, урнисување на стандардот на граѓаните и бесперспективност.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили

Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили, Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, затоа над 60% ќе излезат на гласање ако утре има избори

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили

Економијата, борбата против организираниот криминал и корупција, реформа во правосудството, враќање на достоинството на народот, беа едни од главните заложби на ВМРО-ДПМНЕ, за време на изборната кампања.

Граѓаните видоа сериозност и посветеност во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во огромен број ја дадоа поддршката за да ја преземе одговорноста да ја води државата.

И покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која ја наследи, за само неколку месеци власт, ВМРО-ДПМНЕ покажа конкретни резултати и ги исполнува очекувањата на граѓаните.

По запирањето на слободниот пад на економијата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи и ги вложува сите сили, Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, кој ќе донесе просперитет за сите граѓани.

Сите овие резултати се признаени и од граѓаните. Тие веруваат во искрената заложба ан владата за борбата против криминалот и корупцијата и сметаат дека таа е интензивна и постојана, за што сведочат полициските акции изминатиот период за разбивање на разни форми на организиран криминал и корупција.

Последното истражување на јавното мислење спроведено телефонски од агенцијата Маркет вижн, на примерок од 1.200 испитаници покажа дека повеќе од 60 отсто од анкетираните сметаат дека борбата е интензивна и континуирана. Две третини од испитаниците сметаат дека надлежните институции ефикасно се справија со последиците од трагедијата во Кочани.

Граѓаните, исто така, ги поддржуваат и економските мерки преземени од Владата за намалување на цените и зачувување на животниот стандард. Дури две третини од испитаниците ја поддржуваат владината мерка за замрзнување на маржите на дел од производите.

И сето ова резултира со висок степен на доверба на граѓаните. За разлика од порано, граѓаните сега имаат партнер во владата која ги слуша нивните потреби и работи на решавање на нивните проблеми.

Затоа и довербата на граѓаните во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски е огромна.

Анкетата покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и претседателот и премиер, Христијан Мицкоски имаат убедливо водство и огромна доверба од граѓаните. На претседателот Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, наспроти Венко Филипче на кого му веруваат само 3,8%.

На следните избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале високи 51,7% од испитаниците, што претставува водство 5:1 спрема СДС.

Друг показател дека работењето на Владата и нејзините преземени мерки, активности и политики се во интерес на граѓаните и државата, е високиот процент на граѓани кои би излегле да гласаат на избори. Доколку утре има избори на гласање би излегле високи 64,4% од граѓаните, односно две третини од испитаниците.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер