Љупчо Ристовски, Стојанче Ангелов и Петар Богојески во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ ќе бидат Љупчо Ристовски, Стојанче Ангелов и Петар Богојески.

Почитувани сограѓани, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Љупчо Ристовски, Стојанче Ангелов и Петар Богојески.

На власта и се брза за уставните измени, опозицијата тврди дека нема ги поддржи, кој ќе попушти? Можна ли е „Преспа 2“? Ако процесот заврши во ќор-сокак, имаме ли алтернатива?

Фиктивни трошоци и сомнежи за корупција или законита зделка за историскиот инфраструктурен проект, има ли контрола како се трошат народните пари?

Зошто е ниска довербата во институциите, имаме ли капацитет да се реформираме или мора некој друг тоа за нас да го стори?

Вечерва во Само Вистина, Јана Јосифоска со Љупчо Ристовски, Стојанче Ангелов и Петар Богојески, по вестите во 18.

Вознемирувачко видео: Девојка убиена во Индија. Таткото: Луѓето снимаа наместо да и помогнат

Девојка (16) во неделата беше брутално избодена и претепана до смрт на прометна улица во главниот град на Индија, Њу Делхи, што предизвика нов бес поради безбедноста на жените во земјата и насилството извршено од мажи.

На снимката од инцидентот, кој трае повеќе од една минута и е снимен со безбедносна камера, се гледаат повеќе луѓе како одат во близина додека напаѓачот постојано ја удира жртвата. Прикажан е само еден маж кој се обидува да го тргне напаѓачот од жртвата пред брзо да се повлече.

Видеото може да биде вознемирувачко за некои читатели!

Телото на жртвата е пронајдено во неделата вечерта во областа Шахбад Даири во северниот дел на населбата Рохини, каде што се случил инцидентот, пишува Си-Ен-Ен. Вчера попладне индиската полиција соопшти дека уапсила маж осомничен за убиство.

Станува збор за механичар кој бил приведен во Буландшахр, во соседната држава Утар Прадеш, изјави за новинарите Рави Кумар Синг, заменик началник на полицијата.

"Ја видов ќерка ми како лежи на земја со лицето на земја. Нејзините органи излегоа, а главата и беше смачкана. Лежеше безживотно. Немаше смисла да ја однесам во болница", рекол таткото на девојчето во интервјуто за Си-Ен-Ен.

"Лут сум што никој не и помогна на ќерка ми. Да и помогнаа, денес ќе беше жива. Слушнав и дека случајните минувачи биле зафатени со снимањето на инцидентот. Дури и да врескаа, тоа ќе и помогнеше на ќерка ми", заклучил таткото.

Како изгледа најмоќниот „Brabus“ во историјата?

Чини како Ферари или Ламборџини.

Најновиот „Brabus“ е базиран на „Mercedes-AMG GT 63 S E Performance“, најмоќниот модел во гамата на германскиот производител.

Во „Brabus“, пак, тој модел ја добива ознаката „930“, што јасно навестува дека се работи за автомобил кој навлегува на територијата на хипер спортските автомобили.

„Стандардниот“ „4.0 V8“ сега добива две нови турбини, а „Brabus“ го додаде својот „PowerXtra“ модул со нова контролна електроника.

Епилогот е зголемување на максималната моќност од 842 на дури 930 КС! Уште поимпресивен е фактот што на возачот му се нуди максимален вртежен момент од 1550 Nm.

Официјалните податоци велат дека „Brabus 930“ до 100 км/ч достигнува за 2,8 секунди, додека максималната брзина е 316 км/ч.

Купувачот ќе добие и дополнителна аеродинамична галантерија, како и титаниумски издувен систем „Brabus“, со режим на работа „coming home“ за да не се разбуди соседството на пат кон дома.

Поставен на тркала од 21 инчи напред и 22 инчи назад, со гуми „Continental SportContact 7“, „Brabus 930“ има и надградена внатрешност во споредба со стандардниот модел на „Mercedes-AMG“.

Секако, постојат бројни опции за персонализација, но имајте на ум дека во „Brabus“ нема евтини додатоци. Доволно е да се каже дека почетната цена на овој модел е 323.435,45 евра.

Еди Рама: Приштина треба да ги слуша сојузниците

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека Приштина треба внимателно да ги слуша сојузниците и да не оди по пат по кој Косово трпи штета.

-Тоа не е апел, туку потреба“, напиша Рама на Твитер и додаде дека за повредените војници на КФОР директно одговорни ги смета, како што ги нарекува, „слепите агресори“. „Тоа, за жал, на Косово му штети во очите на неговите незаменливи сојузници и пријатели. Колку подолго трае овој опасен и непотребен судир, толку повеќе му штети на Косово“, наведе албанскиот премиер.

Денеска е мирно на северот на Косово, но и понатаму е тензично. Десетици војници на КФОР, меѓу кои и од американскиот контигент, и ја обезбедуваат општинската зграда во косовскиот град Звечан по вчерашните немири, а НАТО веќе најави и испраќање на дополнителни трупи на Косово.

Како услов за зачувување на мирот, Србите бараат итно повлекување на градоначалниците од албанска националност и на косовската полиција.

притисни ентер