Љупчо Палевски останува 40 дена во екстрадициски притвор во Баликесир

Амбасадата на Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој  информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата во Анкара од 06.12.2023 година.

Амбасадата на Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена, соопшти Министерството за правда.

Анализа на „BBC“: Грчката крајбрежна стража предизвикала смрт на најмалку 43 мигранти

Би-Би-Си објави анализа во која, повикувајќи се на сведоци, тврди дека грчката крајбрежна стража е одговорна за смртта на најмалку 43 мигранти во Средоземното море.

Во период од три години, вклучително и девет кои биле намерно фрлени во водата. Како што се наведува во текстот, станува збор за 15 одделни инциденти со мигранти кои биле протерани од грчките води или вратени во морето откако стигнале до грчките острови. Во пет случаи, мигрантите рекле дека биле фрлени во вода од припадници на грчката крајбрежна стража, додека во други случаи рекле дека биле фатени на грчките острови и вратени во гумени чамци, кои потоа се издишувале или изгледале како да се дупнати. Најужасно сведоштво дал сомалиски мигрант кој за Би-би-Си тврдел дека крајбрежната стража му ги врзала рацете зад грб, а потоа го фрлила во море. Грчката крајбрежна стража категорично ги отфрли сите обвинувања за незаконски активности. Европската комисија денеска соопшти дека очекува Грција да ги провери податоците од сторијата на Би-Би-Си.

Комунална хигиена: Ѓубре се фрла на улица наместо во контејнерите

Наместо во контејнерите граѓаните фрлаат ѓубре околу нив, со што настануваат диви депонии кои се сериозна закана за ширење на заразни болести, особено во летниот период, алармираат од ЈП Комунална хигиена-Скопје. 

Оттаму велат дека изминатиот викенд, екипите на претпријатието низ Скопските населби отстраниле околу 40 кубни метри отпад одложен до контенјерите.

Канал 5 направи обиколка во дел од централното подрачје на Скопје, каде иако најголем дел од контејнерите беа испразнети, сепак имаше неколку кои беа преполни, како внатре, така околу нив.

Дека состојбата сметот околу контејнерите е лоша, потврдуваат и граѓаните. Оние кои ги анкетиравме се жалат на постојана непријатна миризба и нередовно празнење на контејнерите, но и од невнимателни сограѓани кои несовесно фрлаат отпад.

- Катастрофа е поготово малите населби кај што живеам во Ѓорче, тоа е ужас со денови не го собираат, катастрофа невидена. Мириса се буниме тие што сме на приземје тука ни се терасите и онака што одиме не сме педантни многу.

- Воопшто не чистат добро. Само позади зградите чистат, па чекај ги плаќаме како може тоа.

- Голема вина имаат граѓаните за тоа, не се одговорни не се на ниво на местото каде што живеат и тоа е за жалење посебно за младите тоа што го прават.

Според претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, Комунална хигиена и Град Скопје не ја вршат соодветно својата работа. Решението го гледа во расформирање на претпријатието, но и воведување на комунална полиција, за што од ЗЕЛС веќе имаат покренато иницијатива за Законски измени.

- Треба да се расформира Комунална хигиена и соодветно, парцијално према бројот на жители да се подели механизацијата, но и одговорностите на градоначалниците. На тој начин секој градоначалник соодветно би можел да си ја менаџира и администрира од овој аспект својата територија. Формирање на комунална полиција, со надлежности кај тие комунални инспектори коишто ќе може и оние малкумина кои работат на штета на самиот колектив во Скопје и на сите граѓани и имаат девијантни појави кај себе да бидат казнувани посоодветно и поекспедитивно.

Од Комунална хигиена апелираат граѓаните да престанат со несовесно исфрлање на отпад на јавни површини и потсетуваат дека секое одлагање на отпад надвор од наменски поставените садови е кршење на Законот за јавна чистота, за што следи соодветна санкција.

По пет години „затишје“, Преспанскиот договор повторно ја бранува јавноста

Во најтензична атмосфера меѓу Македонија и Грција од потпишувањето на Преспанскиот договор, денеска се навршуваат шест години од ставањето параф на спогодбата со која се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји.

Според поранешниот дипломат Ристо Никовски, Договорот е историски пораз на државата, од кој Македонија не добила ништо, освен што стана членка на НАТО. Тоа вели не е доволно бидејќи крајната цел на спогодбата не било само членство во Алијансата, туку и приклучување кон ЕУ.

„После шест години можеме отворено и јасно да констатираме дека со тој Договор ништо не добивме, а се изгубивме бидејќи со него де факто се избришани Македонците како посебен идентитет, избришана е нашата историја, јазик и се останато. Освен промената на нашето име, ништо друго не е постигнато и не е реализирано. Ништо не се спроведува, не само тие три меморандуми кои цело време се споменуваат и Македонија треба под итно да се повика на член 19 во кој јасно се наведува дека додколку има недоразбирања, а ги има, терба да се обдиеме прво да ги решиме на билатерален план, ако не бива се бара помош од генералниот секретар на ООН, а ако и тоа не помине се оди на меѓународниот суд за правда каде веќе еднаш Македонија доби брилијантна пресуда, но не ја искористи“.– Ристо Никовски, поранешен амбасадор

Односите помеѓу двете земји, иако навидум подобрени по потпишувањето на Договорот, повторно се заострија по изборите во земјава и неупотребата на уставното име од страна на претседателката Сиљановска за време на заклетвата, на што Грција речиси секојдневно жестоко реагираше. Силјановска ваквата пракса ја продолжи на сите домашни и меѓународни настапи, последен пат на Самитот за мир во Украина каде претседателката го употреби терминот „мојата земја“.

Граѓаните се поделени мислења за догвоорот од Преспа. Гледајќи од денешна перпектива дел од нив постигнатиот компромис со Грција го сметаат како неопходно решение, за дел пак не донел ништо добро.

Преспанскиот договор беше поршишан на денешен ден во 2018 -та во селото Нивици на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна и со него се стави крај на две и пол деценискиот спор меѓу Македонија и Грција.

притисни ентер