Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Видео: Две муслиманки избодени под Ајфеловата кула

Нападот се случува во време кога тензиите во Франција се на високо ниво заради бруталното убиство на еден учител.

Две муслиманки се избодени под Ајфеловата кула во Париз. Француската полиција уапсила две осомничени лица, а медиумите јавуваат дека станува збор за расистички напад затоа што напаѓачите наводно извикувале „валкани Арапи“.

Париското обвинителство ги опишало двете осомнилени лица, кои се во притвор под обвинение за обид за убиство, како „белци со европски изглед“.

Нападот се случува во време кога тензиите во Франција се на високо ниво заради брутално убиство на еден учител, кој бил обезглавен од 18 годишен исламист затоа штоп на учениците им држел предавања за слобода на говор покажувајќи им карикатури од Мухамед.

Жртвите на нападот се идентификувани како Французинки со алжирско потекло, 49 годишната Кенза и две години помладата Амел.

Кезна е забодена шест пати па завршила во болница со прободено белодробно крило, а Амел завршила на операција заради повреда на раката, потврдил близок извор од истрагата.

Интересно е дека нападот се случил во недела навечер, два дена по бруталното убиство на професорот, но властите првенствено не објавиле информации за нападот.

Доктор специјалист од Општата болница Куманово починал од корона

 Драган Тасевски, доктор специјалист вработен на хируршкото одделение во Општата болница Куманово, почина од коронавирус.

Докторот добил позитивен тест пред десет дена, а откако состојбата му се влошила бил лекуван на Инфективната клиника во Скопје.

Куманово е жариште на коронавирусот од почетокот на пандемијата. Досега во Центарот за јавно здравје во Куманово, под кои спаѓаат и Липково и Старо Нагоричане, регистрирани се 1.998 заболени од коронавирус, а активни се 233.

„Талир": Јанакиевски и Божиновски од сопственикот на ,Урбан Инвест" барале 15.000 евра

Сопственикот на кавадаречката компанија „Урбан инвест", Јован Грков, во своето денешно сведочење во случајот „Талир" изјави дека лично од обвинетите Миле Јанакиески и Кирил Божиновски пред избори добил наредба да даде 15 илјади евра.

Сведокот Грков при својот исказ пред Судот уште потврди дека добивал тендери за градежни активности од Град Скопје и од други општини.

На прашање на обвинителката Ленче Ристоска дали некој од ВМРО-ДПМНЕ барал пари од него, односно од фирмата, приговараа адвокатите на сите обвинети дека прашањето е наведувачко, па прашањето беше преформулирано.

– Некаде пред изборите добив СМС порака од Марјан, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Центар. Ми пиша дека треба да отидам во Владата. Во посоченото време отидов, ми кажаа пред која канцеларија да отидам. Почекав, ме викнаа Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Состанокот траеше кратко, ми рекоа имам обврска да дадам 15.000 евра. Ми рекоа на лицето Марјан да му ги предадам. Не ми кажаа зошто треба да ги дадам парите. По неколку дена му ги дадов тие 15.000 евра на Марјан. Му ги дадов на рака. Потврда, документ не добив од Марјан за парите што ги дадов, одговараше сведокот на прашања на Ристоска.

Грков по овој одговор беше прашан и дали се спротиставил на ова барање, на што тој одговори со ,,не” и образложи дека знаел оти мора да го исполни барањето.

Потоа настапија адвокатите на обвинетите со вкрстени прашања за потребите на одбраната.

Инаку, денешното судско рочиште за случајот „Талир” за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и перење пет милиони евра, почна со казна за адвокатот Донче Наков од 500 евра од страна на судијата за организиран криминал Осман Шабани. Минатото судење за овој случај беше одложенп затоа што претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот портпарол Наум Стоилковски не дојде, оти, како што го оправда адвокатот Наков, се разболел.

– Адвокатот кажа дека ќе достави медицинска потврда до Судот како доказ за тоа што му го кажал претпоставувам клиентот – претставник на партијата. Наков тоа до денеска не го стори, а јас кажав на минатото рочиште дека давам наредба за негово полициско спроведување ако до Судот не донесете документаија. Поради тоа и претставникот беше приведен. Судот го казнува адвокатот Донче Наков со парична казна од 500 евра во денарска противвредност, соопшти судијата Шабани.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски за „злоупотреба на службената положба и овластување" и за „перење пари и други приноси од казниво дело". Бидејќи Груевски е во бегство во Унгарија, му се суди во отсуство.

За истите две кривични дела, казниви со затвор, се осомничени и Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, кој е во куќен притвор.

Во истиот процес Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за „перење пари и други приноси. За ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која ја призна вина. Партијата ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, исто така е обвинета за „перење пари и други приноси"./МИА.

притисни ентер