Литургија во храмот „Св.Кирил и Методиј“ во Тетово

Една година од формирањето на тетовско-гостиварската епархија и интронизацијата на нејзиниот митрополит господин Јосиф беа одбележани со света архиерејска и божествен литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ и архиепископот охридски и македонски господин господин Стефан во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово.

Во едноцрквието учествуваа и митрополитите на дебарско кичевската епархија господин Тимотеј, на брегалничката господин Иларион како и на кумановско осоговската епархија господин Јосиф со повеќе други свештенослужители.
Во својата беседа господин господин Стефан искажа задоволство од едногодишното служење на господин Јосиф и на црквата и на народот во тетовско гостиварската епархија.

-Вие свештенослужители од оваа епархија заедно со верниот православен народ, помагајте му на вашиот владика. Секој од нас без исклучок и епархијата и народот повикани сме заедно за учествуваме во мисијата на Светата црква. Се разбира кој повеќе примил повеќе ќе одговара но никој не е ослободен од обврската да помага во духовниот раст на народот и чувањето на достоинството на црквата на овие простори.

Како свои цели и постигнувања во изминатата година господин Јосиф ги посочи возобновување на духовниот и црковниот живот во тетовско-гостиварскиот крај. На духовен план господин Јосиф најави возобоновување на монаштвото во лешочкиот манастир со цел тој повторно да ја добие својата намена за активен монашки и богослужбен живот.

-Забележувам дека во црквите има се повеќе млади. Тоа е знак дека оваа црква живее и ќе живее и понатаму бидејќи иднината сепак е тука во младите. Мудроста е на старите но енергијата нека биде на младите.

Во изминатата година целосно беше реновиран соборниот храм„Св. Кирил и Методиј“ во Тетово а за следната година господин Јосиф најави оти се планира реновирање на конакот на Лешочкиот манастир со поддршка од Министерството за култура.

За европските избори во Хрватска пријавени 25 листи

Хрватската Државна изборна комисија (ДИК) доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година, јави Хина.

На 9 јуни во Хрватска ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а на нив треба да се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.

Со предавањето на списокот се означува и официјалниот почеток на изборната кампања, што ќе трае до 7 јуни, кога почнува изборниот молк.

Листата на ХДЗ ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, Божо Петров ќе биде на чело на листата на Мост, Иван Пенава на Татковинското движење ( Домовински покрет), додека листата на коалицијата собрана околу СДП ќе ја предводи Билјана Борзан.

Јунските избори за Европскиот парламент ќе бидат четврти по ред од влезот на Хрватска во Европската унија, при што првата постава на хрватски европратеници избрана во 2013 година имаше мандат од само една година, бидејќи веќе следната година се одржаа редовни европски избори.

Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава во земјата, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори. /МИА

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза .

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој.

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вклучени во нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Неколку вработени беа отпуштени поради обвинувањата. Во деновите и неделите што следеа, 16 земји донатори - вклучувајќи ги и двата најголеми донатори, Соединетите Американски Држави и Германија - го суспендираа или паузираа финансирањето, оставајќи го со финансиска празнина од околу 450 милиони американски долари.

Откако се појавија наводите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатен преглед.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во светлината на наводите дека вработени на ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври денеска препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари. /MИА

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

притисни ентер