Липковската општина ќе гради споменик на ОНА

Липковската локална самоуправа пристапи кон изградба на споменик на ОНА. 

Спомен кула во чест на ОНА ќе гради Општина Липково во селото Слупчане. За неа од општинскиот буџет ќе бидат одвоени над 12 милиони денари или скоро 200 илјади евра. Договорот за градба е склучен минатиот месец на 17, а кулата ќе ја гради кумановската Хоџа инженеринг. Треба да биде завршен во рок од 6 месеци, односно до 25 ноември.

На 20 годишнината од воениот конфликт на местото каде што треба да се изгради спомен обележјето, лидерот на ДУИ Ахмети и локалната власт, положија цвеќе и ветија дека кулата набрзо ќе биде изградена. Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, тогаш рече дека изградбата на споменикот доцни а до тогаш биле поминати разни процедури додека урбанистичкиот план на општината започнал во 2015.

Арифи денеска не беше достапен за Канал 5 да одговори дали се завршени сите постапки околу издавањето на дозволата за градба и дали изградбата е започната, а од Општината не информираа дека поради состаноци е отсутен.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека тие не ја издаваат дозволата за градба туку само известувањето околу усогласеноста а општината е одговорна за урбанистичкиот план.

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер