Лидерската средба кај Пендаровски во понеделник точно напладне

Во понеделник напладне лидерите на партиите ќе седнат на иста маса кај претседателот Пендаровски, потврдија од Вила Водно за Канал 5

Средбата ќе биде во истиот формат, претседателите на парламентарните партии, како и премиерот Оливер Спасовски и собранискиот спикер Талат Џафери.

По неуспешниот обид во вторникот да постигнат договор за датумот за избори, овојпат политичарите ќе бараат решение и врз основа на новопрогласената вонредна состојба. Владејачката СДСМ ќе побара изборниот ден да биде на 21 јуни, 22 дена по завршување на вонредната состојба. Велат дека партијата има три приоритети – заштита на здравјето на граѓаните, брзо закрепнување на економијата и функционални институции.

-Предвремените парламентарни избори, кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи, бидејќи сите параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола. Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба. - СДСМ

И ДУИ се за брзи избори. Оттаму велат дека одлуката за датумот зависи од извештаите на здравствените експерти за состојбата со корона вирусот во земјава.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека нема да лицитираат со датуми и обвинуваат дека СДСМ врши изборен поткуп преку владините уредби во време на вонредната состојба. Потенцираат дека за нив најважно е јавното здравје, а убедени се во изборна победа тогаш кога ќе се случат изборите.

-Со тоа што СДСМ испрати ултиматум, избори или во јуни, или редовни во декември покажа дека не им е грижа за здравјето на граѓаните туку се борат за што потесен пораз. Со ова им падна и во вода тврдењето дека биле за брзи избори сега затоа што на есен ќе имало нов бран на корона, кога тие бараат избори во декември. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ убедено во силна победа, ќе се бори првенствено за заштита на здравјето на граѓаните. – Наум Стоилковски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

На лидерската средба во понеделник, освен за датумот за изборите, најавија дека ќе разговараат и за протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести и одговорот од набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР за текот на изборниот процес.

Гасперини: Победата над Ливерпул е како трофеј за Аталанта

-Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци, изјави Гасперини.

Тренерот на Аталанта, ЏанПјеро Гасперини по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лига Европа, по победата од 3:0 против Ливерпул на „Енфилд“ пред една недела и тесниот пораз од 0-1 синоќа во реваншот, изјави дека елиминирале „одличен тренер и одличен тим“.

- Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци. На полувремето ги прашав дали сакаат малку да се повлечат и да се бранат подлабоко, дали чувствуваат притисок, но тие рекоа апсолутно не! Ова е трофеј за мене, оваа победа е како трофеј за Аталанта, бидејќи тие размислуваат како мене. Кога клуб како нашиот ќе успее да постигне резултати далеку од историјата на Аталанта и Бергамо, морам да го сметам за исклучителен за мојата кариера, за Бергамо и за сите останати, изјави Гасперини.

Во полуфиналето Италијанците ќе ги одмерат силите со тимот на Марсеј, кој по продолженијата и пенали ја совлада португалска Бенфика. Средбите се на 2 и 9 мај. /МИА

За брзо возење вчера казнети 133 возачи низ државата

Во сообраќајна контрола на територијата на државата полицијата вчера казнила 133 возачи поради брзо возење, од нив две возила се  движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, 64 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 69 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

притисни ентер