Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски презентираше план за справување со енергетската криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги нуди сите контакти со кои располага за да се набават енергенси за потребите на стопанството. 

Од каде и по која цена не откри, но посочи дека ќе бидат доволни за да се стават сите домашни капацитети во функција. Според неговите проценки, на овој начин фирмите ќе плаќаат двојно помалку за струја.

Мицкоски предлогот им го соопшти и лично на компаниите.. За првиот човек на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски, добар дел од предлозите на опозицијата се конструктивни и добри. Засега нема сознанија колку фирми запреле со работа поради скапата струја и колкави ќе бидат штетите. Вели, потешкотиите во работата се уште од летово, но не сака уште сега да прогнозира како ќе се истурка зимата.

До крајот на неделава или најдоцна почетокот на следната, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и предлог за измени на Законот за енергетика во Собранието, со кои се предвидува комуналните претпријатија, водостопанството, училиштата, градинките и болниците да се префрлат од отворен на регулиран пазар и на таков начин да плаќаат сметки како домаќинствата, а не како индустрија...

Од Владата истакнаа дека ќе ги разгледаат предлог-мерките на опозоцијата и ќе се произнесат по нив.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер