Лидерот на екстремистите осуден на 18 години затвор за нападот врз Капитол

 Основачот на екстремно десничарската „Чувари на заклетвата“, Стјуарт Роудс, денеска беше осуден на 18 години затвор за неговото учество во нападот на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021.

Во ноември, поротата во Вашингтон ги осуди Роудс (57) и Кели Магс (53), лидер на Чуварите на заклетвата на Флорида врз основа на обвинение за бунтовнички заговор.

Роудс потоа беше прогласен за виновен за организирање повеќенеделен заговор што кулминираше со упадот на неговите следбеници во Капитол, обидувајќи се да го спречат прогласувањето на победата на Џозеф Бајден на претседателските избори во 2020 година.

Роудс, поранешен војник и дипломец од Правниот факултет на Јеил, е првото лице обвинето и последователно осудено за бунтовнички заговор во врска со настаните од 6 јануари 2021 година.

Казната на Роудс е најдолга досега во стотиците случаи што беа процесуирани поради упадот во Капитол.

Повеќе од 1.000 поддржувачи на Трамп се уапсени поради нивната улога во нападот врз Конгресот. /МИА

Орбан разговараше со Мелони и Моравјецки во пресрет на состанокот на лидерите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони, со која разговараше за резултатите од изборите за Европскиот парламент, соопшти портпаролот на Орбан, Берталан Хаваши.

Хаваши рече дека Орбан и Мелони разговарале и за прашањата кои се однесуваат на европската десница и за задачите кои се пред Европскиот совет, кој ги собира лидерите на ЕУ, како и за претстојното претседавање на Унгарија со Советот на ЕУ, пренесува МТИ.

„Орбан во Брисел разговараше и со поранешниот премиер на Полска, Матеуш Моравјецки за обединување на европската десница“, додаде Хаваши.

Заев: Со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц

Заедно со Алексис му ја предадовме првата Награда за мир Преспа, на амбасадорот Метју Нимиц кој имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да им посвети на барање решение за спорот за името, објави на својот профил на фејсбук Зоран Заев. 

Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот.

Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови.

Нимиц ни порача да го чуваме и негуваме Преспанскиот договор и целосно да го имплементираме, стои во објавата на екс премиерто Зоран заев на фејсбук.

Роналдо е амбициозен да игра на Светското првенство во 2026 година

 Кристијано Роналдо има намера да игра и на Светското првенство во 2026 година, објави во понеделникот „Релево“.

39-годишниот напаѓач на Португалија планира да продолжи да настапува на највисоко можно ниво и дава најава за следното Светско првенство. Турнирот во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Кристијано Роналдо во моментов се подготвува со селекцијата на Португалија за ЕП 2024. Иберијците во првиот натпревар од групната фаза на турнирот во Германија ќе се соочат со Чешка.

Напаѓачот оваа сезона постигна 35 гола и даде 11 асистенции на 31 натпревар за Ал-Наср во лигата на Саудиска Арабија.

Роналдо со португалскиот тим стана европски шампион во 2016 година. До денес, стрелецот учествувал и се пријавил на пет последователни Светски првенства, а своето деби на Светското првенство го имаше во 2006 година.

притисни ентер