МВР: Едно лице приведено, случаи на агитирање, графити на избирачки места...

Лицето е лишево од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

По отворањето на гласачките места досега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир во Скопје на избирачкото место во ОУ „Петар Поп Арсов", кога лицето В.Ш. (47) го нарушил јавниот ред и мир со тоа што започнал расправија со претставници од избирачкиот одбор, а во еден момент ја потегнал за чантата претставничката во ИО, а потоа со мобилен телефон ја фотографирал просторијата, информираше денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Лицето е лишено од слобода, известен е јавен обвинител за добивање понатамошни насоки.

Ангеловски истакна дека гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање, а од неправилности што се пријавени во МВР, има неколку случаи на агитирање, носење гласачи на гласање, испишани графити на избирачки места, како и неколку пријави за наводно нудење пари за глас.

– Ова се добиени пријави по кои постапува МВР и откако ќе се утврдат фактите, соодветно ќе ја информираме јавноста, нагласи портпаролот на МВР.

Ангеловски информира дека во 7.30 минути во ПС Бит пазар било пријавено дека пред избирачки места во ОУ „Цветан Димов" и „Даме Груев" биле испишани графити со содржина поврзана со изборите, а графити биле испишани на ОУ на улиците „Коста Абрашевиќ", „Браќа Реџепагиќ" и „Петре Георгиев" на подрачјето на ПС во Чаир.

Во СВР Велес, посочи портпаролот на МВР, било пријавено дека во близина на избирачко место во кавадаречкото село Сирково биле испишани графити поврзани со изборите.

– Во ПС Крива Паланка пријавени се два случаја на организиран превоз на гласачи до гласачките места, како и четири пријави за агитирање кон гласачи и тоа на ул. „8 Октомври", ул. „Јоаким Осоговски„, и селата Узен и Нерор, рече на прес-конференцијата Ангеловски.

Агитирање е пријавено и во СВР Струмица во село Пиперово и Нов Дојран, додека во село Самоилово едно лице упатувало закани кон друго за да гласа за одредена политичка партија.

Во Полициското одделение Ново Село, подвлече портпаролот на МВР, граѓанин пријавил дека едно лице одзело лична карта на друго лице и гласало во негово име.

Во ПС во Радовиш, информира тој, Ф.В. од Радовиш пријавил дека П.И, исто од Радовиш му нудел пари за глас, додека во СВР Битола Е.Е. пријавила дека непознати лица и нуделе пари за глас.

– Во СВР Битола било пријавено и дека полициски службеник кој обезбедувал избирачко место во училиштето во село Дебрешта им кажувал на граѓаните кој број да го заокружат на гласачкото ливче. Веднаш е известен одделот за внатрешна контрола и се постапува за да се расчисти овој случај, рече Ангеловски.

Во СВР Тетово било пријавено дека во ОУ „Коста Рацин" во село Брвеница имало неколку непознати лица кои ги запишувале граѓаните.

За сите овие настани, нагласи портпаролот на МВР, се преземаат соодветни мерки за расчистување и отакако ќе бидат расчистени соодветно јавноста ќе биде информирана.

Герасимовски: Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица

Не е целта да се конфискуваат тераси, или доградби за социјално загрозени лица, туку оние кои оставруваат профит.

Со законско решение за конфискација на дивоградбите, ќе се одземат нелегалните објекти кои оставруваат профит и ке се пренаменат во непророфитни објекти или во места каде ќе се одржуваат културни манифестации, ова утринава го соопшти градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод новото законско решение за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти.

Според градоначалникот со законот ќе се реши урбанистичкиот хаос

Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во „Дуел за Македонија“

Дами и господа, во Среда на 3 април, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Дами и господа, во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви го претстави долгоочекуваниот и одлучувачки ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер - Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Каков претседател и на треба на државата? На каква платформа ќе не’ качува ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?

Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?

Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?

Кој се „бори“ за Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска... Што се црвените линии на Ковачевски, а од што на Мицкоски, дилемите се задача на Гоце Михајлоски, а под жешките рефлектори во студиото на Канал 5 ќе бидат Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски во ДУЕЛОТ ЗА МАКЕДОНИЈА, во Само Вистина, Среда 03 Април 18.30 часот!!

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа

Ципрас: Потребни се дополнителни дејствија од Косово за приемот во Советот на Европа да придонесе за мир.

Потребата Косово да преземе дополнителни дејствија за неговото членство во Советот на Европа да придонесе за мир, но и потребата за дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат околу статусот под кој би бил приемот, ги истакнал поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој воедно е и претседател на поткомитетот за Западен Балкан на Советот на Европа за време на расправата во Париз на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на СЕ, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата и гласањето на извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани за приемот на Косово во Советот на Европа, Ципрас ги поздравил извештајот, перспективата за членство на Косово и фактот што земјата ја призна правната сопственост на манастирот Високи Дечани.

Сепак, истакнал дека тоа не е доволно како единствен услов и дека се потребни дополнителни активности од Приштина особено во однос на формирањето на Заедницата на српските општини и законот за експропријација на малцинските имоти за интеграција на Косово во организацијата.

Паралелно потенцирал дека тензијата е многу зголемена во регионот со заемна одговорност на страните и потребни се повеќе авансни гаранции за приемот на Косово во Советот на Европа вистински да се придонесе за мирот на Балканот.

Додал дека е потребна дополнителна дискусија со земјите кои не го признаваат Косово за статусот под кој ќе се приклучи на организацијата.

Извештајот за Косово вчера беше усвоен од Комисијата за политички прашања, а следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Белград, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека за одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

притисни ентер