Лицата со попреченост и старите лица во 27 општини ќе добијат асистенција за полесно справување со кризата

„ Активностите за асистенција на ранливите категории ќе се реализираат во 27 општини со вклучување на околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1.500 лица крајни корисници.“

Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), реализира услуги за поддршка на лица со попреченост и други ранливи категории во услови на Ковид-19.

– Активностите за асистенција на ранливите категории ќе се реализираат во 27 општини со вклучување на околу 200 невработени лица како испорачувачи на услугите за над 1.500 лица крајни корисници. Локалните општински тимови обучени за справување со овој тип на теренски околности и опремени со заштитна опрема, секојдневно ќе работат на терен и ќе обезбедуваат поддршка во секојдневното функционирање​, информираат од Министерството за труд и социјална политика..

МТСП, велат оттаму, ги следи и одговара на потребите на ранливите групи на граѓани. Заедно со УНДП креирана е услуга која ќе излезе во пресрет на лицата со попреченост и старите лица. Ќе се започне со подршка на овие лица во 27 општини за олеснување на нивното секојдневно функционирање што вклучува асистенција за реализација на итни администривни процедури, набавки и друг тип на поддршка согласно потребите на лицето".

– Почетно, оваа услуга ќе ја користат 1.540 лица, а доколку има потреба, бројот на корисници ќе расте. Лицата со попреченост и старите лица, доколку имаат потреба, може да добијат и поддршка во домот. МТСП постојано ги следи потребите на крајните корисници и ги креира мерките согласно нивните потреби, велат од МТСП.

Постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан потенцира дека во услови на ваква глобална пандемија, грижата за луѓето на кои им е најмногу потребна поддршка е од врвен приоритет.

– Ова е време кога треба да се покаже солидарност, поддршка, посветеност и грижа за сите, а посебно за оние граѓани кои не можат самостојно да се справат во овие деликатни услови на КОВИД 19. Затоа новата адаптирана услуга на локално ниво е најдобар доказ дека инклузивните заедници во пракса подразбираат зајакнување на лицата како даватели на услуги и крајните корисници. Оваа услуга е дел од пошироката поддршка која УНДП ја нуди во земјата, но и на глобално ниво, за справување со КОВИД 19, вели таа.

Амбасадорката на Швајцарија во државата, Сибил Зутер Техада вели дека оваа земја е долгогодишен партнер на државата во сите околности, и во добри времиња, но и во времиња полни со предизвици.

– Драго ни е што во овие посебни околности со коишто се соочуваме, проектите кои ги поддржуваме се флексибилни и се адаптираат соодветно да одговорат на кризата и на луѓето од ризичните категории, истакна Зутер.

Активноста се спроведува како продолжување на Програмата за општинско – корисна работа, како дел од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот, и реактивирање на претходно ангажираните невработени лица како даватели на услуги. /МИА

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

притисни ентер