Левков: Нови Детали од аферата „Броило“-Фирмата на Ковачевски и кумот заработила 2 милиони евра

Фирма на кумот на премиерот Димитар Ковачевски, додека тој бил на функција заменик – министер за финансии, склучила договор со ЕВН тежок 2 милиони евра, обвини опозициската ВМРО ДПМНЕ. 

Според партијата, освен фирмата Пиксел која е основана од Ковачевски и неговиот кум Горанчо Паунов, и преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар изминативе години, само од државните институции земале над 2 милиони евра.

-Откако Ковачевски станува заменик министер оваа фирма склучува и договор за изградба на фотоволтаични панели со ЕВН во висина од над 2 милиони евра. Погледнете ова се тие тендери. Власта на СДС обезбедила 4 милиони евра државни тендери и бизнис со ЕВН за фирмата на кумот и бизнис партнер на дезертерот Ковачевски. Повторувам само од ЕВН и државни тендери кој што ги видовте, фирмата на кумот и бизнис партнер на Ковачевски добила неверојатни 4 милиони евра. Како токму фирмата на кумот на Ковачевски била најуспешната за државните тендери? Дали се работи за претплатени тендери и пари на граѓаните за фирмите од соларниот картел? Шемата е јасна. Кумашинот Ковачевски управува со владата, кумот добива.изјави Миле Лефков – ВМРО ДПМНЕ

За премиерот Ковачевски обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ се како што рече, очаен обид да го сврти вниманието од скандалот со тендерот од 136 милиони евра. Тој тврди дека додека бил дел од сопственичката структура на Пиксел Груп се работело законски и транспарентно.

-Тоа е очаен обид на опозицијата да го сврти вниманието од корупцискиот скандал за нивниот претседател, за местење тендер. За неоснованите прес-конференции кои ги држат вчера и денес, јас сум човек кој пријавил се што поседува. Мојата биографија е достапна. Се што сум работел било најтранспарентно, можете вие како медиуми можете да најдете како функционирале копаниите каде сум бил директор, основач. Во таа фирма, Пиксел груп, каде сум бил основач, сум го повлекол влогот. Јас таму немам интереси, обврски во врска со работењето на компанијата. Немам обврски кон таа компанија.изјави – Димитар Ковачевски – Претседател на Влада.

И од Пиксел Груп излегоа со демант. Од фирмата го осудија како што велат обидот групацијата да се доведе во корелација со било каква политичка структура.

-Уште пред назначувањето на Димитар Ковачевски за заменик министер за финансии, објавивме дека Димитар Ковачевски, како косопстевник во ПИКСЕЛ ГРУП истапува одсопстевничкта структура на компанијата бидејќи тоа е неспоиво со неговиот политички ангажман. Затоа, уште еднаш потенцираме дека е за секаква осуда, нашите компании да бидат жртва на нечии потреби за дневен политички рејтинг и бараме да не се користи името и на ПИКСЕЛ ГРУП и на КМГ ЕОЛ КВАЗАР за политички маркетинг.- Пиксел Груп ДООЕЛ Скопје.

Според ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за афера во соларниот бизнис која ја нарече Броило, тешка над 26 милиони евра. Фирмата која ја посочија побара извинување како и Ковачевски кој додаде и дека ќе се консултира со адвокатски тим дали ќе поднесе тужба.

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Русинот Андреј Медведев и Италијанецот Јаник Синер ја сочинуваат првата полуфинална двојка на тенискиот Мастерс во Мајами, САД.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча на кои Медведев го совлада чешкиот тенисер Николас Јари со 2:0, додека Синер беше поуспешен од Томас Махач (Чешка) исто така со 2:0.

Другите двајца полуфиналисти ќе бидат познати по денешните мечеви:

Александар Зверев (Германија) – Фабијан Марожан (Унгарија)

Карлос Алкараз (Шпанија) – Григор Димитров (Бугарија).

Франција ќе тужи ученичка поради лажно обвинение дека била удрена од директорот поради хиџаб

 Францускиот премиер Габриел Атал денеска најави дека државата ќе тужи ученичка поради лажното обвинение дека директорот на училиштето ја удрил за време на расправија откако таа одбила да го тргне хиџабот.

Според францускиот закон, не е дозволено носење хиџаб и никаб во јавните установи, што директорот им го посочил на трите ученички, од кои две потоа ги тргнале шамиите.

Третата не ја тргнала шамијата и имало расправија, но полицијата не нашла докази дека директорот физички ја нападнал ученичката, а Атал сега тврди дека ќе биде изведена на суд.

„Државата секогаш ќе стои покрај овие службеници, оние кои се на линијата на фронтот соочени со овие прекршувања на секуларизмот, овие обиди на исламистите да влезат во нашите образовни институции“, рече тој.

Во деновите што следеле, директорот бил цел на смртни закани на социјалните мрежи, што училиштето го пријавило до Министерството за внатрешни работи, пренесува Би-би-си.

Обвинителите соопштија дека две лица се приведени во врска со смртните закани, а нивниот идентитет не е објавен, но Министерството за образование соопшти дека тие не се поврзани со училиштето.

Поради смртни закани и загрозена безбедност, директорот поднесе оставка по 45-годишна кариера во образованието.

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип

Во знак на признание и благодарност за неговиот значаен придонес и соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески доби благодарница и награда од страна на Универзитетот.

Оваа почесна награда му беше врачена од ректорот проф. д-р Дејан Мираковски по повод 27 март-патронат на УГД за 2024 година. Наградата е знак за благодарност за неговиот важен придонес во областа на економијата и неговата активна соработка со образовната институција, како и напорите на Азески за поврзување на образованието и науката со бизнис секторот.

17 години од основањето Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа со свечена академија како централен настан. Традиционално, внимание на овој настан им беше посветен на студентите со најдобар успех, како и на институциите со кои УГД има одлична соработка и заеднички придонесуваат за развојот на нашето општество.

Во фокусот на годинашното одбележување на патрониот празник на УГД беше прашањето – Што треба да значи еден универзитет за општеството во кое делува?

УГД е универзитет кој во своето 17-годишно постоење се стреми кон воведување и развој на нови технологии, учество во научноистражувачките текови на светско ниво, креирање иновации, пренос на знаење на студентите и грижа за вработените.

Стопанска комора на Македонија

притисни ентер