Левица: Тупанчески молчи за организираната параполиција на СДС за Илинден

Скандалозен е молкот и немањето реакција на министерот за правда, Никола Тупанчески, за насилничкото и противуставно организирање на затворската полиција, заради штитење на врхушката на СДС. 

Левица денес објавува уште двајца припадници на затворска полиција од КПУ Идризово, кои надвор од законските овластувања, даваа насоки на полицајците при инцидентите на илинденската манифестација.

Се работи за Драган Ѓуриќ и Љупчо Кузмановски, кои се заеднички сликани со директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов, за кого Левица претходно побара одговорност.

Ваквото координирано и заедничко делување на затворската полиција укажува на тоа дека се работи за организирана акција од директорите на казнено-поправните установи, а по директива на окупационата влада на СДС.

До кога министерот Тупанчески ќе го штити незаконското и насилничко делување на директорот на затворот во Шутка - Филип Андонов и директорот на КПУ Идризово - Шпенд Тахири, кои затворската полиција ја претворија во параполициска банда која малтретира обични граѓани?

До кога министерот Тупанчески ќе ги толерира манипулациите на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски - според кого немало организирано делување на затворската полиција, спротивно на фактите изнесени во јавноста?

Правниот сектор на Левица подготви соодветни претставки и тужби против сите лица за кои има сознанија дека биле дел од ваквата насилничка структура и ќе побара нивно санкционирање.

Очигледно е дека и новиот кадар на СДС, како што беше презентиран Тупанчески, нема капацитет да излезе од антидржавното и бандитското делување на оваа партија, која државата и нејзините институции ги уништи и претвори во партиска сопственост.

Политичка партија Левица

Ајатолах Хамнеи: САД и Израел ги испланираат немирите во Иран

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги осуди протестите, што веќе две недели се одржуваат ширум земјата поради убиството на Махсе Амини.

Ајатолахот Хамнеи, во првата реакција, за протестите ги обвини САД и Израел.

Овие немири беа планирани. Јасно кажувам дека овие немири ги смисли Америка и ционистичкиот режим и нивните вработени, посочи ајатолах Хамнеи.

Тој смртта на Амини ја оцени како „тажен инцидент“ што ја остави земјата „со скршено срце“.

Амини почина во болница на 16 септември, три дена откако беше уапсена од моралната полиција поради непочитување на строгиот ирански кодекс на облекување и одведена во „центар за превоспитување“.

Герасимовски: Секое дете треба да има можност да го исполни својот сон

Секое дете и секој млад човек е важен чинител во општество. 

Општина Центар ја прославува Детската недела која започнува денеска со музички изведби, детски претстави, спортски активности во Паркот на Франкофонија, на кои се претставуваат деца од градинките и ученици од сите основни училишта во Општината.

Како што информираат од Општината, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски пред децата ја истакна нивната важност како најдрагоцено богатство и иднина на секое општество.

– Секое дете и секој млад човек е важен чинител во општество. Затоа е важно на секое дете да му се даде можноста да го оствари својот сон и аспирации, да ги каже своите размилувања и делувања со цел да земе активна улога во општеството. Ние возрасните како ваши воспитувачи, наставници, родители имаме обврска да ве поттикнуваме и да ве насочуваме кон негување на вашите интереси и реализација на истите, посочи Герасимовски во Паркот на Франкофонијата.

Градоначалникот на Центар, исто така, зборуваше и за правата на децата според Член 27 од Конвенцијата на Обединетите нации, како правата на образование, здравствена грижа, слобода на изразување на своите ставови, чувства и желби, правото на државјанство, право на игра и љубов и обврските на локалните самоуправи истото да го обезбедат. Тој се осврна и на рано детектирање и спречување на сите форми на насилство, меѓу кои и булингот.

– Вие исто така мора да бидете заштитени од сите форми на насилно вклучувајќи го и булингот кој е застапен од најрана возраст. Вашите воспитувачи, наставници и стручни лица во градинките и училиштата се ваши пријатели, доколку имате проблем разговарајте со нив. Проблемите мора се споделуваат за да може да се решат. Воспитувачи, наставници внимавајте на однесувањето на децата и учениците и бидете првиот детектор дека нешто се случува. Во училиштата и градинките мора да биде спречена секаква форма на насилство и на тоа постојано мора да се работи, изјави Герсимовски.

Тој им порача на децата да уживаат во детството, играат и се дружат, спортуваат и внимаваат на животната средина.

Тупанчески: Ад хок телото за имиња на историски личности наскоро ќе почне со работа

Ад хок телото за имиња на историски личности наскоро ќе почне со работа, како држава мора да бидеме подготвени за идни потенцијални провокации.

Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија ќе почне со работа наскоро, ние како држава мора да бидеме подготвени за идни потенцијални провокации, изјави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на првиот академски час на Правниот факултет.

,, Комисијата е формирана и на последната седница, разговаравме околу некои технички аспекти. Тоа не е комисија во рамки на Министерството за правда, туку тоа е владина комисија. Јас верувам дека за кратко време ќе биде одржана конститутивната седница бидејќи имињата се познати. Таа комисија би требало да почне со работа, односно да биде на ниво на задачата која е поставена пред нив. Доколку сакаме да направиме некакви ретроакции, моето мислење и како професор и како министер за правда е дека тоа треба да го направиме преку други институции. Кога станува збор за оваа хиперсензибилна сфера тогаш постојат и други институции каде што на некој начин би требало да се санкционира евентуалниот говор на омраза, негативните чувства. Сето тоа е содржано во Кривичниот законик”, рече Тупанчески.

Ова ад хок тело, според министерот е формирано со цел да се бајпасира вакумот кој би настанал до донесувањето на новиот закон за здруженија и фондации кој е во фаза на подготовка.

притисни ентер