Левица со кривична пријава до ОЈО Битола за Љубчо Георгиевски

Партијата Левица до Обвинителството во Битола поднела кривична пријава за претседателот на Центарот за култура „Иван Михајов“ во Битола, Љубчо Георгиевски, објавија од партијата на Фејсбук.

Во соопштението на политичката партија се вели дека Георгиевски се терети за сет на кривични дела како „Излагање на подбив на македонскиот народ“ и „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, бидејќи „во својство на овастено лице – претседател на здружението, умислено во просториите кои ги користи здружението во јасно воочлив голем формат дозволил да биде истакнат цитат од Ванчо (Иван) Михајлов, со навредлив јазик кој директно, намерно и недозволиво, а со цел провокација се врши негирање и излагање на подбив на македонскиот народ;

- преку дискриминаторската содржина на објавен фејсбук статус, пријавениот предизвикал разгорување чувство на омраза и нетрпеливост, директно навредувајќи го и омаловажувајќи го македонскиот народ и држава, преку задавање континуитетски граници на постоење на македонскиот народ од 1945 година, па навака, а занемарувајќи го неговото вековно постоење пред тоа.“

Партијата со двајца претеници во македонскоото Собрание, по отворањето на зградата на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола најави протести, пренесе „24chasa-bg“.

Вонреден коалициски совет вечерва во Софија, тема е Македонија

Четири коалициски партнери, две непотполно усогласени позиции.

Ќе го утврди ли Кабинетот на Петков финалниот став во однос на Македонија пред јунскиот самит, ќе се знае вечерва по вонредениот Коалициски совет свикан по барање на бугарскиот премиер. Засега со став се огласи само лидерот на умерената „Демократска Бугарија“, Христо Иванов, кој повикува на прагматичност. Смета дека крајот на јуни како тајминг за кревање на ветото е тешко дофатлив, но не и невозможен, а клучното очекување на Софија е заштитата на човековите права во Македонија.

-Рокот е исклучително краток и од тој аспект не сум оптимист дека тоа може да се случи, но да видиме што француското претседателство може да предложи. Ние очекуваме гаранции дека Македонија ќе го промени Уставот и дека тие гаранции ќе станат дел од преговарачката рамка меѓу ЕК, ЕУ и Македонија. Треба внимателно и без многу хистерија да разговараме за можностите., вели Христо Иванов, претседател на Демократска Бугарија.

Дека во Кабинетот на Петков нема единствена позиција во однос на Македонија смета и бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров, според кого, бугарските социјалисти на Нинова и „Има таков народ“ на Трифонов веќе се изјасниле дека во моментов не се за промена на актуелната владина позиција.

-Премиерот Петков и неговата партија се за започнување на преговори на Македонија, а другите два коалициски партнери, партијата на Слави Трифонов и БСП се повеќе против. Така што, тоа биде основната тема на разговор оваа вечер. , вели за Канал 5, Владимир Владимиров, политички аналитичар.

Петков пред неколку дена посочи дека за кревање на ветото евентуалното решение треба да мине низ три фази и да биде потврдено во бугарското собрание. Дел од бугарската опозиција тврди дека владата попуштила пред меѓународниот притисок, пред се од страна на Вашингтон.

-Имаме информација дека бугарската влада подготвила решение со кое ќе ја пушти Македонија да го почне преговарачкиот процес. Нашата информација вели дека тоа ќе биде објавено многу брзо, со оглед дека како што знаеме минатата недела во посета ни беше висок американски дипломат, чија цел очигледно беше тоа. , изјави Костадин Костадинов, лидер на партијата „Преродба“.

Петков минатата недела го повика Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност за состојбата со Македонија, но бугарскиот претседател му врати дека прво би сакал да ги чуе неговите позиции за прашањето.

Во Кавадарци јавно извлечени добитниците на субвенции за купување велосипеди

Во Кавадарци денеска јавно беа извлечени добитниците на субвенции за купување на велосипеди, откако претходно локалната самоуправа распиша јавен повик за надоместување на дел од трошоците на кавадарчани.

– Ова е со цел да се стимулираат жителите на кавадаречката општина за користење на велосипеди. Средствата што ги обезбедува локалната самоуправа, се во износ од 50 проценти од цената на велосипедот, но не повеќе од три илјади денари со вклучен персонален данок на доход по лице, појасни Наталија Славева-Тодорова, претседател на комисијата која се грижеше за регуларноста на извлекувањето.

Членот на комисијата, Радица Гркова појасни дека вкупно 120 кавадарчани имаа поднесено барања за субвенционирање на набавката на велосипеди. Меѓу другото, тие мораа да имаат доставено и доказ за купен велосипед.

За оваа намена, од општинскиот буџет обезбедени се финансиски средства, во износ од 300.000 денари.

Ковачевски: Инвестирани над една милијарда евра во изградба на патната инфраструктура

Инвестирани над една милијарда евра во изградба и модернизација на патната инфраструктура во земјава.

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа, Благој Бочварски и Горан Милевски, како и со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови-Жировница. На увидот присуствуваа граѓани на овој крај, изведувачите, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуште, Медат Куртовски, како и Самир Ајдини, Директор на Националниот парк „Маврово".

Делницата Маврови Анови-Жировница е во должина од 18,5 км, инвестиција вредна 6,18 милиони евра, а реализацијата во моментот е 60%.

„Станува збор за највредниот инфраструктурен зафат во општината Маврово Ростуше. Трасата на оваа делница всушност е продолжение на веќе рехабилитираната делница Бунец–Маврови Анови. Овој патен правец ги поврзува населените места Ново Село-Бунец-Маврови Анови-Жировница-Ростуше-Бошков Мост-Дебар-Блато па се до границата со Република Албанија. Вкупната должина на патот изнесува околу 61 km. Неговата улога во сообраќајната мрежа е патно поврзување на западниот регион од нашата земја, поточно Гостивар и Дебар, како стопански седишта во овој дел на државата. На оваа релација овој пат со својот најголем дел поминува низ националниот парк „Маврово" кој заедно со реканскиот дел е многу значаен регион, за развој на туризмот, како и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Нашиот примарен фокус е да обезбедиме подобри услови во патната инфраструктура, сѐ со цел да го подигнеме нивото на услуги што ги нуди регионот. Изминативе години во западниот регион од кој е дел и општината Маврово и Ростуше работевме на изградба на квалитетна патна мрежа и во таа насока завршивме неколку значајни инфраструктурни проекти во регионот како што е целосна рехабилитација на патот од Гостивар до Стража и Кичево, извршивме рехабилитација на патните правци Маврово-Никифорово, Бунец-Маврови Анови, а моментално се работи и тука на патот до Жировница.",изјави Ковачевски и ја потенцираше важноста од довршување на патните Коридори 8 и 10 кои се крвотокот на поврзување на нашата земја со земјите од регионот и пошироко.

Премиерот Ковачевски подвлече дека изградбата на патиштата е приоритет.

„Развиена инфраструктура, значи развој на економијата во земјава. Затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во инфраструктурни проекти. Градиме по план, од 2017 година досега изградени и обновени преку 1.000 километри патишта и инвестирано е над една милијарда евра во изградба и модернизација на патната мрежа во земјава. Остануваме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на инфраструктурата. Со овие инвестиции граѓаните патуваат полесно и побезбедно, а компаниите побрзо и поефикасно ги транспортираат своите производи и придонесуваат во економскиот развој на земјата", рече Ковачевски.

Министерот Бочварски додаде дека градежната офанзива продолжува со силна динамика и насекаде низ државата и дека Владата покажа решителност и со преземање на навремени мерки обезбеден е континуитет на сите проекти.

„Важно е капиталните инвестиции да продолжат да се реализираат бидејќи градежништвото претставува мотор на економијата, а тоа е повеќе од значајно во овие времиња на светска економска криза, чии последици ги чувствуваме и во нашата држава. Економскиот бенефит кој го носи модерната инфраструктура, регионалното поврзување со соседите, безбедното патување, зголемената размена на стоки и услуги, веќе ја чувствуваме. Градежништвото мора да го одржиме на патот на закрепнување, остануваме партнери со сите градежни компании и продолжуваме да работиме на зацврстување на домашната економија и подобри услови за граѓаните", рече Бочварски.

Директорот Рустеми, истакна дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а овој пат е од суштинско значење за граѓаните како во регионот, така и во целата земја.

„Со проектот за рехабилитација на Маврови Анови-Жировница предвидено е да се изведат повеќе градежни зафати како што е нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови, изведба на нови потпорни ѕидови бидејќи сите сме сведоци на честите одрони на оваа делница и други работи со кои ќе се подобри безбедноста на делницата. Во моментов интензивно се работи на повеќе точки на патната делница, а се извршуваат и асфалтерски работи. Безбедноста на државните патишта е наш приоритет и затоа очекуваме Изведувачот на работите JV "ISA 2000 – PELAGONIJA", од Гостивар квалитетно и навремено да ја заврши доверената работа. Надзорен орган над работите е ГИМ заедно со ЕВРО Консалтинг и ИРД Енгинееринг", рече Рустеми.

притисни ентер