Левица: Шилегов троши милионски средства за изнајмување опрема за чистење снег

Шилегов троши милионски средства за изнајмување опрема за чистење снег наместо Градот да инвестира во сопствена опрема.

Град Скопје за чистење на снегот во зима, има склучено договор со приватна фирма која на тендерот се јавила како единствен понудувач. Чистење на снегот е од суштинска важност за непречено функционирање на граѓаните во зимски услови и тоа е обврска на Градот. Она што е симптоматично е што за чистење на снегот во Скопје, изминативе 8 години се склучува повеќекратен двегодишен договор со една иста фирма, а тоа е Аполо Инженеринг Скопје.

Со овој скандалозен договор е предвидено оваа фирма, да му ја стави на располагање на Градот, опремата за чистење на снег два пати во четири месеци или вкупно ефективни 40 работни часа месечно, како и да гарантира оператори за опремата, а за тоа Градот ќе треба да плати над милион евра. Она што е уште поскандалозно е што со овој договор предвидено е дека доколку се надминат овие работни часови, Град Скопје ќе треба да плати дополнително, а не содржи никакви одредби, што доколку во годината воопшто не падне снег и опремата воопшто не се користи.

Минатата година снег воопшто немаше во Скопје, а цената од страна на Град Скопје е платена во целост, што значи дека Градот платил за услуга која што воопшто не ја користел. Оттука, не можеме, а да не се запрашаме како е можно да се склучуваат вакви штетни договори кои Градот го чинат милионски суми и дали за тоа некој ќе сноси одговорност?

Во својата програма за Град Скопје, Левица предвидува создавање на специјализирани општински јавни претпријатија за извршување на сервисни услуги од јавен карактер, со што ќе се замени тендер системот, а средствата ќе се искористат за задоволување на потребите на граѓаните, а не за лични интереси.

Папазов: Ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одводнување на Пониква

Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси, вели Папазов.

Почитувани,

Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води. Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси.

Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква.

Ќе изградиме нов ски-лифт и нова ски-патека.

Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите.

Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани

Колумбиец уапсен на Јамајка под сомнение дека го убил претседателот на Хаити

Уапсен е осомничениот за атентатот врз претседателот на Хаити, Жовнел Моиз.

Жованел Моиз беше убиен на 7 јули годинава во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Властите на Хаити објавија дека во истрагата за убиствиото, на Јамајка бил упасен колумбиски државјанин, кој се смета за осомничен за убиството на претседателот на Хаити.

Успешно завршен проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“

Имаме реализација на највисоко ниво на се што беше потребно за да се добие соодветна законска рамка за работењето на задругите, вели Хоџа.

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, присуствуваше на завршен настан по повод затворање на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“. Завршниот настан се реализираше во присуство на претставници од релевантни национални и меѓународни организации, институции, ѓраѓански организации, задруги, земјоделци и групи на земјоделци.

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ е од исклучителна важност за развој на задругарството во Република Македонија. Финансиски е поддржан од Европската Унија, имплементиран од страна на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија. Краен корисник е МЗШВ и сите земјоделци.

На настанот поздравни обраќања имаа министерот Арјанит Хоџа, г -дин Константинос Супилас – Програмски менаџер Делегација на ЕУ, г -ѓа Сумка Бучан – Регионална директорка на CARE, г -дин Лазар Неданоски – Извршен директор на МРФП и г-ѓа Сузана Димитриевска – Претседателка на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

„Во изминатиот период Министерството направи сериозен исчекор во развојот и поддршката на задругарството. Земјоделците ја препознаа поддршката од државата и реалниот бенефит кој го имаат од членството во задруги. Тие имаат можност да купуваат државно земјоделско земјиште, поволности при бодувањето за финансиска поддршка и можности за субвенционирана набавка на опрема и механизација која ќе им го олесни производството и ќе придонесе за поголеми резулати во нивното работење. Исто така, достапни се европските фондови, наскоро ќе стартува и ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат нови можности и нови средства на располагање“ изјави Хоџа. Тој се заблагодари на поддршката која континуирано ја добиваме од Делегацијата на Европската Унија, како и на сите учесници во проектот.

Г -дин Константинос Супилас – Програмски менаџер Делегација на ЕУ, изјави дека е многу задоволен што денеска одбележуваме завршување на уште еден проект, реализиран со поддршка од Европската Унија. Тој се заблагодари на сите учесници кои беа директно вклучени во процесот и кои заеднички ги постигнаа проектираните цели на проектот.

Претставниците на CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија, ги претставија конечните достигнувања на проектот. Меѓу друго резултатите вклучуваат: подобрување на правната рамка која го регулира формирањето и функционирањето на земјоделските задруги; зајакнување на улогата на чадор –организацијата на земјоделските задруги; подобрување на улогата на МЗШВ за следење на перформансите на земјоделските задруги преку креирање на посебен софтвер; подготовка на Стратегија за МЗШВ за развој на земјоделските задруги (2022-2028) и последно, но не и најмалку важно, презентирање на инвестициите од проектот во рамките на грантовата шема за 18 земјоделски задруги низ целата земја.

Вкупниот износ на проектот е 1,98 милиони евра и има за цел да се зголеми конкурентноста на пазарот и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање нови земјоделски задруги.

притисни ентер