Левица ја поднесе инцијативата за Референдум до ДИК

До петок да се соберат сто потписи, а собраниската процедура да помине без опструкции- ова се очекувањата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој формално ја достави иницијативата за референдум во ДИК.

Првичната процедура ќе се спроведува во 30 општини, а првопотпишан ќе биде тој. Целта на опозициската партија е со граѓанско изјаснување да се укине преговарачката рамка и да се отфрлат бугарските барања преку референдумско прашање “Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година”.

Народот треба да го каже последниот збор за ова прашање од национален интерес, вели Апасиев, кој смета дека иницијативата е по примерот на Преспанскиот договор, па затоа не очекува оваа да заврши како претходната на ВМРО-ДПМНЕ. Тој најави дека следната недела ќе ја достави во Собрание, а доколку Џафери ја прогласи за неуставна, следува целосна блокада на законодавниот дом.

-Доколку во некое сценарио тоа се случи ние најавивме дека целосно ќе го блокираме собранието и мислам дека тој нема да се дрзне тоа да го направи. Ќе видиме затоа што не можеме да претпоставиме, тој силеџиски го толкува и Уставот и деловникот. Тој не е надлежен за тоа што го прави, тој е надлежен само да ја прими, да види титулари, адресари. Референдумот не е анти ЕУ, туку бојкотот на референдумот или недавањето да се случи референдум е чин на анти ЕУ бидејќи демократското изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ. – Димитар Апасиев – претседател на Левица.

Планот на Левица е до крајот на оваа година да се соберат и неопходните 150 илјади граѓански потписи, а поддршка очекуваат од сите опозициски партии. Досега немале разговарано на оваа тема со другите опозиционери, за што потврди и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Дали неговата партија ќе ја поддржи рече дека ќе одговори тогаш кога официјално ќе пристигне во Собранието, но според досегашните информации од пратениците, ќе се приклучат на секоја иницијатива која е во насока на поништување на Договорот за добрососедство.

Обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку референдум да се поништи Договорот од 2017та пред две недели заврши неуспешно со образложение од собранискиот спикер Џафери дека ратификуваните меѓународни договори се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон.

Лојд Остин тврди дека Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал

Русија го проширува и модернизира својот нуклеарен арсенал, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Тој ја коментираше темата за нуклеарниот арсенал на Русија на церемонијата на инаугурација на командантот на Стратешката команда на САД, која го надгледува американското нуклеарно оружје.

– Кремљ ја продолжува својата брутална и неиспровоцирана војна против Украина, а целиот свет го виде Путин како се впушта во крајно неодговорно ѕвецкање со нуклеарно оружје, рече Остин.

Алармантно предупредување на Столтенберг: Војната во Украина може да излезе од контрола

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека војната во Украина „може да излезе од контрола, да се прелее во Европа и на тој начин да се претвори во војна меѓу Русија и НАТО“, пренесува АП.

- Ако работите тргнат наопаку, може да тргнат навистина, навистина погрешно, изјави тој за норвешката државна телевизија НРК.

- Во Украина се води страшна војна. Исто така, тоа е војна која може да се претвори во голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме да го избегнеме тоа, рече тој.

Поранешниот норвешки премиер додаде дека нема сомнеж дека постои можност за „голема војна“, велејќи дека е важно да се избегне конфликт во кој учествуваат неколку земји во Европа.

Кремљ постојано ги обвинуваше земјите-членки на НАТО дека всушност избираат страни во конфликтот затоа што испраќаат оружје во Украина, обучуваат украински војници и споделуваат воено разузнавање со Киев.

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин денеска во главниот град на Киргистан, Бишкек, рече дека секоја земја што ќе се осмели да ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде збришана од лицето на земјата.

Путин, кој присуствува на самитот на Евроазиската економска унија (ЕЕУ) во Киргистан, рече дека Русија нема мандат да изврши превентивен нуклеарен удар, за разлика од Соединетите држави, но дека руското напредно хиперсонично оружје ќе обезбеди Русија да може силно да одговори ако некогаш биде нападната.

Хрватска оди во полуфинале на СП, откако го елиминира Бразил

Хрватска го елиминира Бразил на пенали по драматичното изведување пенали и вторпат по ред победи за полуфинале на Светското првенство.

Избраниците на Златко Далиќ во вторник на 13 декември ќе играат во полуфиналето против подобриот од мечот меѓу Холандија и Аргентина. Вечерва од 20 часот играат Холанѓаните и Аргентинците.

Во преостанатите четвртфинални натпревари во сабота се среќаваат Португалија и Мароко и Англија и Франција.

притисни ентер