Левица: Итна оставка и одговорност од директорот Азизи поради колапсот на Македонски Железници

Левица дава подршка на вработените во Македонски Железници Транспорт кои од денес, со целосен прекин на товарниот и патниот транспорт, ќе го изразат својот протест поради неисплатувањето на и онака ниските плати. 

Раководството на МЖ Транспорт изминатите години ја донесе железница до пропаст и девастација на сѐ што постоеше и функционираше порано.

Македонските Железници поради лошиот и криминален менаџмент не се во состојба редовно да ги исплатуваат платите па вработените, кои често добиваат плата на рати, а исто така и не се исплатуваат другите додатоци и надоместоци од плати. Со нередовната и парцијална исплата на платите вработените наместо 12 плати годишно, добиваат 10 и пол плати. Нередовните плати на вработените влијаат при сервисирањето на обврските од кредитити поради кои често пати паѓаат во задоцнување со исплата на ратите поради нередовноста на платите, па се задолжени и со казни од страна на банките.

Неуспехот на раководството на Македонски Железници се должи на сомнителни зделки за купување на гориво и нафта, купување на несоодветни и неквалитетни делови за локомотвите и нестручен кадар вработен поради партиски активности кој воопшто не оди на работа. До пред неколку години, Македонски Железници располагаше со 30 локомотиви, а денес располага со само 12 локомотиви, што е причина за намалените приходи и опасност од отпуштање на стручниот кадар, кој и онака се помалку го има.

Единствените приходи кои МЖ АД Скопје ги има се од товарниот транспорт, додека патничкиот транспорт е целосно уништен. Приходот од товраниот транспорт не е доволен да ги сервисира сите обврски на целата компанија, па и затоа менаџментот “ја моли” владата за донации како би можеле да се исплатат платите.

Најавениот штрајк во Македонски Железници започна со вработените во работилниците и трае веќе неколку дена а од денес ќе протестираат и машиновозачите со што ќе го прекинат целиот процес на работа. Потребно е да понесат одговорност сите директори на МЖ кои ја доведоа до пропаст оваа компанија и сериозно да пристапат кон подбрување на железничката инфраструктура која е срцето на секоја држава - а тоа да почне со разрешување на актуелниот директор од Беса, Аднан Азизи!

Политиките да се насочат кон градење на нови железнички пруги и да се подобрат условите за работа на вработените и условите на транспорт за патниците и товар за да не ја изгубиме оваа значајна компанија за Македонија.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер