Левица го „стокми“ референдумското прашање, како ќе постапи Џафери?

Левица следната недела ќе ја достави иницијативата за референдум до ДИК со што ќе почне постапката за собирање на сто потписи за таа да биде доставена до Собранието, брифираат од партијата за Канал 5.

Во моментов се подготвуваат обрасците во партиските ограноци, а целта е како што велат да се остави повеќе време за да се соберат и повеќе од потребните сто потписи.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во вчерашното „Само интервју“ објави дека нивното референдумско прашање ќе гласи: „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци“. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, Левица нема директно да го „напаѓа“ Договорот со Бугарија, туку заклучоците кои ги усвои Собранието а се однесуваат на преговарачката рамка и францускиот предлог, објасни Апасиев.

Според него со вака дефинирано прашање е невозможно формално-правно собранискиот спикер Џафери да ја одбие нивната иницијатива за референдумско изјаснување.

Од СДСМ засега нема реакција за иницијативата на Левица, од ВМРО-ДПМНЕ пак велат велат дека е добро што се говори за референдум за да се слушне мислењето на граѓаните, но очекуваат во следниот период иницијаторите суштински да го објаснат прашањето, па ќе излезат со став.

Коментар од Џефери може да се очекува дури откако таа ќе стигне во Собранието..

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски неизвесно е како ќе постапи Џафери за оваа иницијатива иако не исклучува дека освен правна, одлуката може да биде и политичка. За Арсовски вака формулирано референдумско прашање создава нејаснотии околу тоа кои заклучоци би се поништиле доколку референдумот биде успешен и дали Собранието би имало надлежност за тоа.

-Колку што успеав да се запознаам со иницијативата, таа се повикува на член 24 од законот за референдум, каде е дозволено референдум да се распише и по одлука на Собранието меѓународен договор. Во таа смисла, ќе видиме дали Џафери ќе го толкува како и за претходната иницијатива или бидејќи се распишува по тој член сепак ќе го дозволи референдумот, тука може да влијае и политиката. Прашањето на ВМРО-ДПМНЕ беше подобро конципирано бидејќи ги задолжуваше пратениците да донесат закон со кој се поништува законот за ратификација на Договорот со Бугарија. Вака формулираното прашање, дали сте против на продолжат преговорите на овој начин, не се знае што од таа рамка треба да се поништи. Односно дали пратениците треба да ја укинат преговарачката рамка, дали да го укинат Договорот со Бугарија, што конкретно ќе биде акцијата, изјави Арсовски за Канал 5.

Во заклучоците кои пратениците од власта ги изгласаа во јули, стои дека Собранието ја задолжува Владата да ги продолжи разговорите со ЕУ и да се усвои Преговарачката рамка, што беше понудена од француското претседателство... Апасиев очекува граѓаните на референдумот да гласаат Против, и на тој начин да се продолжи наративот од протестите кои се водеа под слоганот „НЕ“...

Билдерката Наталија има поголеми бицепси од сопругот, тој тврди дека не му пречи (ФОТО)

Наталија Кузњецова е руска бодибилдерка и шампион во кревање тегови, од клупа и мртво кревање, а соборила и бројни рекорди во тие категории.

Со бодибилдинг се занимава од 14-годишна возраст, кога имала помалку од 40 килограми и сакала да се здебели, но набрзо се заљубила во кревањето тегови.

Последниве денови Наталија повторно се најде во центарот на вниманието кога сподели дека учествува на „Монтенегро Опен“ во бодибилдинг.

Денеска тежи 102 килограми и е висока 170 сантиметри. Затоа не е ни чудо што нејзиниот изглед воопшто не е привлечен за повеќето мажи, но таа „научи да ги игнорира“ негативните коментари за нејзиниот изглед.

Нејзин најголем поддржувач е нејзиниот сопруг Владислав, во кој се заљубила пред повеќе од десет години.

„Не ми пречи што има поголеми бицепси од мене“, изјавил Владислав.

Наталија на Инстаграм ја следат повеќе од милион корисници, а таа речиси секојдневно објавува фотографии на кои го покажува своето извајано тело.

Лидерите на ЕУ подготвуваат голем самит во Прага: Ќе разговараме за саботажата на Северен тек

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за „саботажа“ на гасоводот „Северен тек“ на претстојниот самит во Прага, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Инцидентите се „закана за ЕУ“, напиша Мишел на Твитер по средбата со данската премиерка Мете Фредериксен во Брисел. „Решени сме да ја обезбедиме нашата критична инфраструктура“, напиша тој.

„Оштетувањето на гасоводите не е случајно и мора целосно да се истражи“, напиша Фредериксен на Твитер. Пукнатините се „сериозна ситуација за Европа“, додаде таа.

Европските лидери од повеќе од 40 земји се поканети на собирот во Прага во четврток, пред лидерите на 27-те членки на Европската унија да се состанат на самитот во петок.

Денеска портпаролот на операторот објави дека гасот престанал да тече од гасоводот Северен тек 2, по истекувањето оваа недела што исфрли тони метан во Балтичкото Море.

„Тоа може да значи две работи“, рече портпаролот Улрих Лисек. „Или гасоводот е целосно празен или притисокот на гасот во цевководот и водата надвор достигнаа рамнотежа.

Русија го обвини Западот за истекувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, додека земјите-членки на ЕУ веруваат дека тоа е саботажа.

Трикратната светска шампионка продава 18+ снимки за да заработи за настап на ЗОИ (ФОТО)

Елиз Кристи е британска лизгачка во брзо лизгање, која отворила OnlyFans профил каде што ги продава своите 18+ фотографии и видеа за претплата од 11 долари месечно, за да собере пари потребни за патување на Зимски олимписки игри во 2026 година.

Трикратната светска шампионка ги пропушти Олимписките игри во Пекинг во 2022 година поради повреда на лигаментите, по што најави повлекување. Таа го објави ова во интервју за Би-Би-Си, за неколку месеци подоцна да објави дека ќе се обиде да се натпреварува на следните Олимписки игри.

Таа истакна дека патувањето до Милано и Кортина д’Ампецо ќе мора сама да го финансира, па направила план како да ги добие потребните пари. Таа веќе почнала да ги промовира своите OnlyFans снимки, а дала и неколку интервјуа во британските медиуми за да објасни зошто го отворила. Сепак, сите причини се сведуваат на една работа - пари.

Да потсетиме, Кристи пред точно една година ја шокира Британија објавувајќи ја својата автобиографија во која призна дека била силувана и точно опишала како тоа се случило.

Тогаш имала само 19 години, а денес 31-годишната девојка од Шкотска тренира за својата четврта Зимска Олимпијада. Во нејзината автобиографија наречена Resilience, таа посветила цело поглавје на силувањето што се случило во 2010 година, кога излегла со соиграч по враќањето од ЗОИ во Ванкувер во 2010 година.

„Се сеќавам дека бев со соиграч. Купивме пијалок и по само неколку голтки еден дечко ми пријде и почна да разговара со мене. Не размислував премногу и го прифатив разговорот. Потоа тој ми понуди пијачка. Му кажав дека веќе имам една, но тој се врати со друг и рече: „Пробај го ова“. Испив неколку голтки, бев наивна. Дури не го испив целиот пијалок и веќе почнав да се чувствувам чудно. Беше околу 22 часот и не сакав да останам надвор чувствувајќи се така“, пишува Кристи, која нарачал такси, но мажот тргнал по неа и ја турнал во автомобилот.

„Се чувствував чудно и моето тело не работеше како што треба. Се обидов да се оттргнам од него, но едноставно не можев колку и да се трудев. Секогаш кога ќе паднев на подот, тој трчаше по мене и ме влечеше. Тој заврши и ме стави во таксито. Нејасно се сеќавам дека го замолив таксистот да не нѐ носи до куќата на овој човек и да ме вози на мојата адреса. Во еден момент всушност бевме блиску до местото каде што живеев, а потоа врескав: Таму, мора да одиме таму, сврти.' Сепак, предаторот го убеди таксистот дека сум му девојка и дека сум само пијана, а тој нѐ одвезе до неговата куќа“.

Кристи долго време молчела за тоа што се случило, но сега конечно решила да проговори преку книгата што ја објави. Таа навлегла во многу детали за да им го пренесе на читателите размерите на ужасот низ кој поминала.

„Тогаш ми беше јасно дека ќе ме злоставува сексуално и цело време му викав: „Не!“, рацете ми лебдеа, не можев да станам. На крајот попуштив и се предадов“, пишува Кристи и заклучува:

"Потоа се разбудив среде ноќ и заминав најбрзо што можев. Не го пријавив силувањето во полиција. Не знаев што да правам. Дефинитивно не сакав да ѝ кажам на мајка ми бидејќи знаев дека тоа ќе ја вознемири. На крајот, не бев силувана како што гледате во филмовите, не бев физички повредена, туку бев принудена да имам секс против моја волја“.

притисни ентер