Левица бара одговорност од Заев и министрите за справувањето со пандемијата

Истиот овој Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче, пропуштија да набават вакцини на време, затоа што поважно им беше да наплатат провизија или да се покажат како доследни вазали на НАТО. 

Во ситуација кога болните се загрижени за својата здравствена состојба, одвоени од фамилијата, работната организација, додека преживуваат психички трауми со тоа што стравуваат за својата егзистенција, додека секојдневно броиме десетици мртви затоа што граѓаните плаќаат данок со живот поради недоволното инвестирање во државното здравство од претходната власт и неспособноста на актуелната власт, премиерот Заев дрско и арогантно, одбива да прифати каква било одговорност, лична, или во име на некој од неговите соработници.

Истиот овој Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче, пропуштија да набават вакцини на време, затоа што поважно им беше да наплатат провизија или да се покажат како доследни вазали на НАТО. Истиот овој Заев, кој воведе нови рестриктивни мерки, до пред само неколку дена ги убедуваше граѓаните дека е сосема безбедно и безопасно да се изврши попис на населението во државава, кој требаше да се одвива токму овој период.

Истите тие дозволија да се разнебитат екипите на инфективните одделенија со цел да се екипираат такви одделенија во приватните клиники, кои воено-профитерски влегоа во целата работа наплаќајќи вртоглави суми од граѓаните. Вчера во јавноста беше објавено дека на секој доктор и медицинска сестра им следи по ЕДНА заштитна маска, чекор што е крајно деградирачки за здравствените работници кои се на фронтот во борбата со пандемијата.

Дел од модуларните болници, како случајот со кумановската, се оставени без централен довод на кислород, поради што персоналот секојдневно мора да транспортира 100 килограми тешки боци со кислород. Ваквиот сериозен пропуст се должи на тоа што централната власт не обезбедила доволно буџетски средства за функционирање на болниците. Од друга страна, Владата на СДСМ во март минатата година ѝ трансферира 142.000 евра на приватната болница Систина, која пак деновиве одби да ги намали цените.

Додека целокупниот врв на власта крева раце дека не може да интервенира во работењето на приватните болници, ја потсетуваме Владата дека минатата година Шпанија ги национализира сите приватни болници. Но, за да се преземе ваков чекор, потребни се политичари со чувство за интересите на народот и државата, а не лукративни криминалци кои во време на пандемија се борат за плус провизија.

Затоа пак, надвор од здрав ум, поим како човечност веќе ниту не донесуваме во контекст со нивниот начин на практикување на власт. Заев и неговите министри инвестираа 210 милиони евра за купување оружје. Било кој што има барем малку почит и чувство за страдањето на народот сам ќе побараше оставка од министерот, без оглед дали му е другарче со кое во слободно време се развозува на мотор следен од државно обезбедување, или се разлетува со хеликоптер по градовите – ако веќе нема доблест самиот тој да си поднесе неотповиклива оставка.

Ауди го претстави А6 во е-трон изведба (ВИДЕО)

„Ауди“ го претстави „Ауди А6 е-трон“ во концептно издание на автосалонот во Шангај, најавувајќи пристигнување на нови електрични модели.

Единствено заедничко со името на моделот, што многумина го перцепираат како најдобро во сегментот, се димензиите. Концептот е со должина од 4,96 м, широк е 1,96 м и висок 1,44 м. Важно е дека ја користи платформата PPE (Premium Platform Electric), која во иднина, покрај овој модел, ќе ја користат и новите Q5 и Q6, секако во електрични е-трон верзии. Платформата е развиена со Porsche, така што ќе ја користи новиот Macan, а првиот производствен модел ќе биде претставен на пазарот за една година.

Првите впечатоци се дека Ауди нема многу да ги промени производните перформанси. Имено, многумина веќе велат дека новиот A6 може да се види, макар и со мали измени, бидејќи овој има Sportback архитектура со пет врати, па затоа е поблиску до новиот A7.

Најголемите новини во изразот на дизајнот на Ауди се натамошно подобрување на аеродинамиката (cW = 0,22), со поизразен дифузер, затворената предна решетка и поставување нови отвори за ладење на погонот. Нијансата на бојата на Heliosilver со 3Д ефект и поизразената рефлексија и новата генерација на LED светла со дигитална матрица се погрижија за другата страна на концептната приказна. Нивната резолуција е толку добра што фаровите на ѕидот можат, доколку е потребно, да проектираат филм или видео игра.

На задната страна е поставена следната генерација на OLED светла со безброј опции за персонализација на графиката.

Во средината на возилото е батерија со капацитет од 100 kWh, и носи технологија од 800 волти. 10 минути полнење значи и опсег од 300 км, додека полнењето од 5 до 80% трае точно 25 минути. Опсегот е 700 км.

Двата електромотори даваат максимум 350 kW и 800 Nm, што во комбинација со quattro погон значи врвни перформанси. Почетниот модел со еден мотор ќе може да достигне 100 км / ч за помалку од 7 секунди.

И додека моделот на Porsche на платформата PPE (Macan) нема да се произведува во Кина, оние од Audi исто така ќе доаѓаат од Кина, поточно фабриката FAW. Да потсетиме, платформата PPE ќе се користи за модели од големи серии, додека ексклузивците како Audi e-tron GT и Porsche Taycan ќе ја користат платформата J1.

„Кралска тага“- Кралицата Елизабета снимена прв пат по погребот на принцот Филип

Два дена по погребот на принцот Филип, кралицата Елизабета е снимена како вози сама низ градините на Фрогмор, нејзиното омилено место што редовно го посетува кога е во замокот Виндзор.

Кралицата често го поминува своето слободно време кога е во Виндзор и ги носи таму своите кучиња на прошетка. Патем, од куќата Фрогмор каде што моментално се наоѓа, е оддалечено само неколку минути.

Извори од палатата за „Сан“ велат дека кралицата наоѓа мир во градините Фрогмор по смртта на нејзиниот сопруг.

Фотографиите на кралицата во автомобилот трогнаа многу Британци, а „Сан“ ги објави под наслов „кралска тага“.

Инаку, кралицата е во капелата Св. Џорџ седеше сама за време на погребот, поради епидемиолошките мерки. Британскиот водител Пирс Морган објави фотографија од кралицата на клупата и напиша: „Има ли потажна фотографија од оваа?“

Играчите на Лидс со специјални маици го дочекаа Ливерпул, откако премина во Суперлигата

Пред натпреварот помеѓу Лидс Јунајтед и Ливерпул во рамките на 32. коло од Премиершипот, играчите на домашниот тим истрчаа во специјални маици.

Фудбалерите на Лидс ги искажаа своите ставови за новоформираната Европска Супер лига во која вечерва ќе учествува нивниот ривал на Еланд Роуд.

"Лига на шампиони: Заработете пари. Фудбалот е за навивачите".

Да потсетиме, Реал, Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем објавија дека постигнале договор за создавање на ново натпреварување.

притисни ентер