Левица: Агитирањето на функционери од Косово е доказ дека пописот е фингиран

Откако вчера Албин Курти, ги повика Албанците од дијаспората, масовно да се попишуваат на пописот во Македонија, тоа денес го направи и вршителката на должноста претседател на Косово, Вјоса Османи. 

Покрај ова, вчера Првиот вицепремир Артан Груби се пофали дека неговиот сопартиец, Бујар Османи, од позицијата министер за надворешни работи на Македонија, лобира за признавање на Косово од страна на Шпанија. Ова покажува дека албанските функционери работат координирано на остварување на албанските етно-националистички агенди, а Пописот во Македонија, заедно со Предлог законот за државјанства, ќе бидат само уште неколку од низата такви политички алатки, кои ќе се искористат во истата насока.

Повикот од страна на косовските функционери до албанската дијаспора за таа масовно да се попишува, е флагрантен доказ за нивното мешање во внатрешните работи на Македонија. Дополнителен проблем претставува и големиот број лични карти за кои постои сомнеж дека се издадени под сомнителни околности на косовските државјани. Од друга страна, сето ова потврдува дека пописот воопшто не е обична статистичка операција, туку фингирана политичка операција која има намера дополнително да ја зголеми рамнотежата на моќ во полза на албанските партии. Загрижувачки е и тоа што за остварување на таквите цели се ризикува и здравјето на луѓето без разлика од која етничка заедница доаѓаат.

Единствениот начин за пописот да биде откажан е неговото бојкотирање. Откажаниот попис од 2011 е пример, а и преседан, кој покажува дека со масовен бојкот може да биде одложен пописот. Тогаш пописот почна на 1 октомври и со колективна оставка на Пописната комисија (која сега е укината) беше прекинат на 10 октомври. Причината за неговото прекунување беше токму тоа што според тој закон не беше дозволено да се попишуваат лица кои се надвор од државата повеќе од една година. Покрај ова, исто така не беше дозволена можноста трети лица да даваат податоци и да попишуваат други лица (што тогаш беше барањето на албанските партии). Токму овие барања сега се легализирани со нивно имплементирање во законот за сегашниот попис, што целосно го подрива неговиот легитимитет и легалност.

Со оглед на тоа што преседан веќе постои, а актуелниот Закон за попис не прави разлика меѓу вкупно попишано население и резидентното население, попишувањето би било погубно и затоа мора да биде стопирано.

Поразителен е фактот што политичките чинители надвор од албанскиот блок на политички партии немаат црвст заеднички став во однос на државните и национални интереси, со што, надминуваќи ги своите партикуларни интереси, одлучно ќе се спротивстават на долгогодишната малцинска тиранија врз мнозинството, спроведувана преку етно-трибалистичките политики на албанските партии. Впрочем, токму ваквата состојба беше гнасно искористена од надворешните фактори при што резултираше со илегална промена на името на државата. Сега уште еднаш истата ваква состојба се користи и од страна на Бугарија за конечно укинување и на виталните елементи од национална посебност и државотворност на македонскиот народ. Ваквата агресивна офанзива од страна на албанскиот национализам мора да биде пресретната и превенирана со координирана акција, преку бојкотирање и поништување на пописот. Дури откако ќе биде донесен нов Закон за попис, кој ќе ја елиминира можноста за негово фингирање, тој може и треба да биде спроведен. А понатаму, потребно е и отстранување на сите елементи од политичкиот систем кои прават етнодиференцијација во владеењето како и во креирањето и спроведувањето на политиките на државно ниво.

Политичка партија Левица

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер

 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека се уште не знае кој ќе му биде тренер. Пред тоа ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ. Србинот истакна дека Хрватот е негова драга личност и нивното пријателство нема да заврши.

-Се уште не знам точно кој ќе биде новиот тренер и дали воопшто ќе има таков. Имам тренери уште од детството, сега се обидувам да се потпрам на моите чувства и самостојно да одлучувам што ми треба, што е позгодно за мене. Ако некој се приклучи на тимот, тоа ќе биде објавено, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ почнаа да соработуваат од 2018 година. Покрај Ѓоковиќ, Иванишевиќ беше тренер на Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.

Од 2018 година, Ѓоковиќ четири пати ги освои Австралија Опен и Вимблдон, како и Ролан Гарос и УС Опен по два пати. /МИА

притисни ентер