Лекарска комора и проф. д-р Даниловски: Комплетен ресет на системот

Комплетен ресет на системот и поставување на вистински цели и вредности.

Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме делови од еден затворени систем на врзани садови, а вирусот може да се победи некаде, само ако е поразен насекаде. Но пандемијата покажа и дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, истакна епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој беше предавач во онлајн дискусија што секоја недела ја организира Лекарската комора на РМ, со цел размена на најновите сознанија и искуства во лекувањето на Ковид-19 меѓу здравствените професионалци.

„Стана јасно дека никој не може да се преправа дека може да постигне безбедност само во своите граници. Се поставува и прашање зошто одговорните политичари ширум светот не се собраа во меѓународните институции и не се договорија државните и мултилатералните цели меѓусебно да ги усогласат и надополнат“, рече проф. д-р Даниловски.

Пандемијата направи да ја цениме улогата на некои луѓе чија улога во општеството обично е потценета, како што се медицинските сестри, болничарите, касиерите, куририте за брза пошта, без кои системот не може да функционира.

„Пандемијата, исто така, на најдиректен начин покажа дека докторите и другите здравствени работници во ковид центрите се херои кои што покажуваат огромна храброст и посветеност наспроти сите потешкотии низ кои поминуваат. Важна улога играат и лекарите од примарната здравствена заштита кои на сопствените плеќи ја држат пирамидата на здравствениот систем и се грижат да го сочуваат здравјето на граѓаните“, рече проф. д-р Даниловски.

Во вториот дел од своето обраќање истакнатиот епидемиолог осврнувајќи се кон негативните ефекти од вирусот Ковид-19, истакна дека иако има уште многу неизвесности, се побројни се доказите дека причините за појава на болеста, но и мултиопштествените засегања зависат од повеќе системи: системот на животна околина, здравствениот систем, политичкиот систем, економскиот систем, социјалниот систем и системот за снабдување со храна.

„Се мислеше дека потеклото на вирусот е преку трансмисија од лилјаци на луѓе, сепак последната мисија на СЗО не е убедлива дека е тоа така. Значи останува нејасно од кои природни жаришта потекнува вирусот. Но јасно е дека неговото потекло и потеклото на некои слични РНК вируси лежи во човечките интервенции врз системот на животна средина секогаш водејќи се од економски мотиви. Активностите како што се уништување на шуми, населувањето на подрачја кои не се погодни за живот на луѓето, рударство, градење на транспортна инфраструктура, сето тоа доведува до интеракција на човечката популација со одредени патогени организми кои имаат природни жаришта во тие предели. Податоците покажуваат дека 71 отсто од сите заразни болести се пренесени на луѓето од дивиот свет, а се смета и дека таа стапка интензивно ќе се зголеми. Некои активности на човекот кои во некои култури се помодарство, а во некои традиција, како трговијата со диви животни, ги доведуваат луѓето во поблизок контакт со дивиот свет и на тој начин го олеснува преносот на одредени вируси“, објаснува проф. д-р Даниловски.

Во предавањето се истакна и тоа дека здравствениот систем се соочи со големи предизвици во однос на тестирањето, следењето на контактите на заболените, се јавија проблеми со обезбедување на болничка интензивна нега, пристап до медицински човечки ресурси. Здравствените системи се распаѓаат под притисок на голем број заболени. И покрај доказите дека личната зaштитна опрема е ефикасна за заштита, сепак многу здравствени работници настрадаа и починаа. Лок даун на здравствениот систем и сторнирањето на сите елективни здравствени услуги го искомпромитира неговото функционирањето за целата друга патологија, освен за ковид-19.

„Последиците на тоа ќе ги видиме во некое друго време, а веројатно не очекува втора епидемија на хронични заболувања и ментални проблеми“, потенцираше проф. д-р Даниловски.

Тој го апострофираше и нездравиот начин на исхрана кај луѓето кој и пред пандемијата беше втора глобална водечка причина за лошо глобално здравје и за смртност во светот.

„За време на пандемијата се покажа дека оваа лоша подлога на здравјето директно влијае врз тежината на болеста и исходот од лекувањето на Ковид-19. Дебелината, кардиоваскуларните болести, дијабетесот, хипертензијата, значително го зголемуваат ризикот од компликации од вирусот. Тоа ни укажува дека имаме популација со многу здравствени проблеми и треба сериозно да се замислиме како ќе се справиме со тој начин на живот. Загрижува и фактот што живееме во пандемија на физичка неактивност, секој трет граѓанин се соочува со прекумерна телесна тежина, секое второ машко дете во основно образование е прекумерно тешко, а дури 20 отсто од овие деца се дебели. Имаме 400.000 дијабетичари, 100.000 пациенти со бронхијална астма и сите овие бројки се на население од околу 1,6 милиони жители. Многу нешта треба да нè поттикнат да размислиме по кој пат треба општеството и сите ние да тргнеме“, порача проф. д-р Даниловски.

Според него од витално значење е да се овозможат промени кои ќе донесат на функции лидери обучени да носат одлуки познавајќи ја комплексната интеракцијата на сите општествени системи. Неопходно е да се вработат експерти кои ќе умеат да ја одржат комуникацијата меѓу системите и ќе нудат експертски елементи на политичарите кои носат одлуки за да можат да донесат информирана одлука во врска со различни политики.

„Од ситуацијата во која се најдовме поради ковид-19 треба да научиме и дека во новата ера време е да ги мобилизираме добрината и љубовта и да ги ставиме на централно место во нашите животи, а да се редефинираат целите на бизнисот, на економијата и на владеачките институции. Треба да се постават нови цели кои ќе бидат во функција на исполнување на човечките потреби“, вели проф. д-р Даниловски.

Претседателот на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова која ја модерираше онлајн дискусијата рече дека никој не беше спремен за пандемија во 21 век.

„Мислевме дека се можеме без да ни се врати, не беше подготвена ниту Светската здравствена организација, ниту земјите кои беа синоним за организираност и послушност. После оваа година и откако пандемијата ќе заврши ќе треба да кажеме дека ваквото однесување не е одржливо за општествениот живот и дека мора да ставиме крај и да почнеме одново“, заклучи проф.д-р Старделова.

Лекарска комора на РМ

Двајца премиерлигаши уапсени поради силување

Англиските медиуми објавија вознемирувачки вести. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, а информацијата ја потврдија од англиската полиција.

Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува во елитното ниво на англискиот фудбал.

Според британски „Телеграф“, еден од играчите бил сослушан на клупскиот стадион, додека другиот е приведен бидејќи е осомничен дека помагал во извршување на кривично дело.

Сексуалниот напад за кој се обвинети фудбалерите се случил во петокот, а жртвата веднаш се јавила во полиција, а неколку часа подоцна поднела официјална пријава.

Се наведува дека клубот нема дополнително да коментира и дека работата е во рацете на полицијата.

Ова не е прв пат да се случи ваква ситуација во Премиер лигата. Претходно беа покренати обвиненија против Мејсон Гринвуд и Бенџамин Менди, но на крајот ниту еден од двајцата фудбалери не беше осуден. /МИА

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица „Ринхини“ во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица „Кавалска“ во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата „Св.Петар и Павле“ по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица „4031“ во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар „Борис Трајковски“, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците „Исаија Мажовски“ и „Воин Драшкоци“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

притисни ентер