Лего вложува 340 милиони евра во трансформација по желба на децата

Популарниот производител на играчки „Лего“ ќе вложи дури 340 милиони евра во изработка на своите препознатливи шарени коцки од одржливи материјали, наместо од традиционалните пластики на база на масло.

Данската компанија донесе таква одлука по притисокот од своите клиенти. Компанијата соопшти дека добила многу писма од деца кои биле загрижени за влијанието на нивните омилени играчки врз животната средина. Имено, се проценува дека Лего троши дури 90.000 тони пластика на своите производи секоја година.

Лего, исто така, ќе ги отфрли пластичните кеси од своите кутии, во корист на хартиените, а новите кеси ќе можат да се рециклираат.

Инвестицијата ќе и помогне на компанијата да ја постигне својата долгорочна цел да стане јаглеродно неутрална до 2022 година.

Од 2015 година, тим од повеќе од 150 инженери и научници тестирале голем број растителни и рециклирачки материјали, за да видат од кои најдобро може да се направат нивните коцки.

- Истражувавме алтернативи веќе некое време, а страста и идеите на децата не инспирираа да започнеме со промена - изјави извршниот директор Нилс Кристијансен.

Компанијата сега тестира како да користи био-полиетилен за своите лего коцкички.

Со концерт на Владимир Четкар, во Битола завршува фестивалот „Музика од светот"

Со целовечерен концерт кој во пациото на битолскиот Музеј ќе го изведе македонскиот џез гитарист Владимир Четкар, вечер во Битола завршува 12. издание на фестивалот „Музика од светот".

Во пресрет на вечерашниот концерт Четкар, охриѓанецот кого од поодамна го препознава светот, изјави дека за него настап пред македонската публика е како враќање дома.

Концерот на џез гитаристот Четкар почнува во 19:30 часот и тоа е последна фестивалска содржина од тридневниот фестивалски викенд во Битола на кој настапија камерниот оркестар со познати солисти, група актери го изведоа перформансот „Патеки", а во офф-програмата учствуваа ConTruDj.

-Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет. Ние ги поддржуваме нашите уметници затоа што само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ја споивме со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, а сепак создаден дома, истакна Маја Андоновска-Илијевски директорка на НУ Центар за култура-Битола.

Фестивалотот „Музика ос светот" се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и компанијата „Кромберг & Шуберт" во овој град.

ВМРО-ДПМНЕ:Заев пак ги излажа лозарите, грозјето се откупува по мизерни цени или завршува на буниште

Зоран Заев пак ги излажа лозарите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој пред неколку дена ги убедуваше и нив и јавноста дека проблемот со откупот е решен, а реалноста вели дека лозарите своето грозје го продаваат по мизерни цени, а дел веќе се фрла и на буништата.

Овде не се работи само за нови лаги на Заев, тоа е веќе вообичаено. Овде се работи за целосно неспособна мафијашка власт, која наместо за проблемите на граѓаните се грижи само за своето лично богатење и криминал.

Грозјето се откупува по цена од 6 до 7 денари по килограм, што нема никаква економска исплатливост, бидејќи таа цена не ги покрива ниту основните трошоци за производство. Земјоделците се оставени без заштита од државата и се доведени до работ на егзистенција.

Ова е само уште една потврда дека криминалната и неодговорна власт на Заев нема никаква стратегија ниту план. За три месеци го зголемија долгот на државата за една милијарда евра, остана без работа над 40 илјади работници поради погрешните политики, а сега гледаме дека и без пари за својот труд ќе останат илјадници семејства во Тиквешијата.

Затоа народот осиромашува, додека мафијата на власт се богати.

Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Владата им помага на граѓаните и стопанството со 550 милиони евра, следува четвртиот пакет мерки

Владата предводена од СДСМ, по избувнувањето на пандемијата, реагираше веднаш со три сета, навремени и сеопфатни антикризни мерки, кои на стопанството и на граѓаните им обезбедуваат поддршка при справување со кризата.

При креирањето на трите пакети мерки, за чија реализација се резервирани околу 550 милиони евра или 5,5% од БДП, владата се водеше по начелото на социјална правда и солидарност, а така ќе продолжи и четвртиот сет на мерки за уште поголема поддршка на граѓаните и компаниите.

Како дел од третиот пакет мерки 87 компании, кои планираат да реализираат проекти во вкупна вредност од околу 3 милиони евра, се избрани во финалната селекција од повикот за ко-финансирани грантови за брзо прилагодување од КОВИД-19.

Со оваа мерка се обезбедува финансисика подршка за технолошки развој на претпријатијата и приватните здравствени установи за надминување на последиците од КОВИД–19 , со цел претпријатијата, да воведат нови методи и технологии во своето работење, како и мерки за заштита на здравјето на вработените и клиентите, за да можат да одржат задоволително ниво на продуктивност, генерирање на приходи преку нови канали на продажба, воведување на нови производи или услуги.

Во рамките на мерките за помош за стопанството, со бескаматната кредитна линија КОВИД-1, преку Развојната банка, во стопанството се вбризгани свежи финансиски средства од 5 милиони евра на 737 компании, кои вработуваат 6.509 лица, од најпогодените сектори: туризмот, угостителството и транспортот на патници.

Развојната банка пласираше и кредитна линија КОВИД-2 во износ од 8 милиони евра, која беше наменета за сите дејности. Преку оваа кредитна линија, вкупно се одобрени 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат 11.325 лица.

Компаниите од овие сектори, но и сите други кои бележеа загуби ја искористија поддршката за исплата на минималната плата од 14.500 денари по вработен, при што просечно во трите најкритични месеци, април/мај/јуни беа поддржани околу 20.000 компании со околу 120.000 вработени.

Како дел од третиот сет на мерки беа и платежните картички за невработени лица, лица со ниски приходи и учениците и студентите, како и ваучерите за туризам, кои директно влијаеа на зголемување на приватната потрошувачка и помош и заживување на најпогодените сектори – угостителството и туризмот.

Вкупно беа подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра. Дополнително, 117.000 граѓани добија ваучери за туризам во вкупна вредност од околу 12 милиони евра со цел да се поддржи домашниот туризам.

Мерките од третиот пакет сеуште се спроведуваат и нивната цел е да се зачуваат работните места на граѓаните, да обезбедат дополнителен развој, да им помогнат на компаниите да се вратат на патеките на раст и проширување на нивните капацитети.

Граѓаните и стопанството се и остануваат во фокусот на поддршката на Владата предводена од СДСМ.

Центар за комуникации, СДСМ

притисни ентер